ПРЕДЛАГАЧ:

Владата на Република Македонија

ПРЕТСТАВНИК:

м-р Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата и министер за финансии

ПОВЕРЕНИЦИ:

Игор Димитров, државен секретар во Министерството за финансии,

Виолета Стојановска Петровска, државен советник
во Министерството за финансии и

Ленче Тагасовска, раководител на сектор
во Министерството за финансии

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН

за изменување и дополнување на Законот

за вршење на сметководствени работи

Скопје, декември 2015 година

В О В Е Д

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15 и 192/15) утврдени се условите, начинот и постапката на издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и на друштво за вршење на сметководствени работи. Издавањето на лиценците за вршење на сметководствени работи го врши Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. За добивање лиценца за работа се поднесува писмено барање на пропишан образец и кон барањето задолжително се приложуваат сите докази за исполнетост на условите за добивање на лиценцата. Подносителот на барањето има обврска да ги прибави сите докази.

Исто така, во Законот за вршење на сметководствени работи утврдени се условите, начинот и постапката за упис во регистрите за сметководител, овластен сметководител, трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и на друштво за вршење на сметководствени работи. Во постапката за упис во соодветниот регистар подносителот на барањето има обврска да ги прибави сите докази заради исполнување на условите за упис.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” бр.124/15) со кој се уредува постапката за остварување на заштита на правата на правните лица, како и заштита на јавниот интерес по која се должни да постапуваат и правните лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања кога во вршењето на своите законски надлежности, постапуваат, решаваат и преземаат други управни дејствија во управни работи, ќе започне да се применува од 31.07.2016 година, со исклучок на дел од одредбите чија примена започнува на 31.01.2016 година.

Заради усогласување на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи со кои се уредени управни постапки со новиот Закон за општата управна постапка се наметна потреба од измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Основна цел поради која се предлагаат измените и дополнувањата на Законот за вршење на сметководствени работи е усогласување со новиот Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” бр.124/15), во делот на постапката за издавање на лиценците за вршење на сметководствени работи на трговци поединци и трговски друштва и постапката за упис во регистрите кои се водат кај Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Основните решенија на Предлогот на закон се:

- утврдување на надлежноста за Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија за прибавување на дел од документите по службена должност од други јавни органи, како и за прибавување на документи од сопствената евиденција во постапката за издавање на лиценци за работа и постапката за упис во регистрите кои ги води Институтот,

- утврдување на рок во кој треба да се прибават, односно достават документите по службена должност за исполнување на условите за упис во регистрите на Институтот или за издавање на лиценца за работа,

- утврдување на рок во кој може да се поднесе тужба против решение донесено во постапката за издавање лиценци и бришење од Регистарот на сметководителите, Регистарот на овластените сметководители, Регистарот на трговците поединци-сметководители, Регистарот на трговците поединци овластени сметководители и Регистарот на друштвата за вршење сметководствени и

- утврдување на прекршочни одредби за службените лица доколку во рок од три дена не го побараат, односно достават документот по службена должност во постапките за упис во регистрите на Институтот и за издавање на лиценца за работа.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи не предизвикува дополнителни финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија.

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИН НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН

Со членот 1 се врши дополнување на членот 18, заради утврдување кои документи во постапката за упис во регистрите за сметководител и овластен сметководител Институтот ќе ги прибавува по службена должност односно од сопствената евиденција, а кои ќе има обврска да ги прибави подносителот на барањето за упис во соодветниот регистар. Исто така, се утврдува рок од три дена во кој документите треба да се побараат односно достават од страна на службените лица.

Со членот 2 се уредува кои документи во постапката за добивање лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец-поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи, овластеното службено лице од Институтот ќе треба по службена должност да ги побара од Централниот регистар, како и рокот во кој документите треба да се побараат, односно достават по службена должност. Исто така, согласно Законот за општата управна постапка се утврдуваат рокот и надлежниот суд за поведување на постапка против решението за одбивање на барањето за издавање лиценца.

Со членот 3 се брише обврската за подносителот на барањето да приложи копија од лиценцата за работа при упис во регистрите за трговец поединец - сметководител, трговец-поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи на Институтот, поради тоа што службената евиденција за лиценците ја води Институтот.

Со членовите 4, 6 и 7 се уредува поднесување на тужба против решение донесено од Институтот, како правен лек во управната постапка за одземање на лиценца за работа и бришење од соодветниот регистар на Институтот и се дефинира рокот во кој тужбата треба да се поднесе до управниот суд.

Со членот 9 се воведуваат прекршочни санкции (глоби) за службените лица во Институтот и Централниот регистар доколку во рокот од три дена не го побараат, односно не го достават бараниот доказ по службена должност.

Со членот 10 се утврдува надлежност на судот да води прекршочна постапка и да изрекува глоби и за службените лица во Институтот и Централниот регистар за прекршоците предложени со членот 9.

Со членот 12 се уредува начинот на завршување на започнатите управни постапки кои започнале пред стапување на сила на Предлог на законот.

Со членот 13 се утврдува рокот во кој подзаконски акти ќе треба да се усогласат со одредбите од Предлогот на закон.

Со членот 14 се примената на одредбите со кои се доуредуваат управните постапки во согласност со Законот за општата управна постпка.

Со членот 15 се уредува влегувањето во сила на Предлогот на закон.

II. МЕЃУСЕБНАТА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Предложените одредби се меѓусебно поврзани и постои нивна поврзаност со одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи и како такви прават правна целина и се применливи.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРOИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи ќе се овозможи усогласување со Законот за општата управна постапка.

ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
КОИ С
Е МЕНУВААТ И ДОПОЛНУВААТ

Член 18

(1)Лицето кое добило уверение за сметководител односно овластен сметководител стекнува право за вршење сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители односно Регистарот на овластени сметководители.

(2) Уписот во регистрите од став (1) на овој член врши Институтот врз основа на писмено барање поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следните документи:

1) уверение за сметководител односно овластен сметководител во копија,

2) потврда од Централен Регистар на Република Македонија дека не му е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена на нотар и

3) доказ за уплата на членарина.

(3) Документот од став (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата на Институтот.

(4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во регистрите од став (1) на овој член е должно документот од став (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од став (3) на овој член.

(6) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од став (1) на овој член во рок од два дена од денот на поднесување на комплетното барањето.

(7) Формата и содржината на барањето од став (2) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

(8) Лицето од став (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнување на уверението за сметководител односно овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.

Член 21

(1) Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и запишување во соодветниот регистар.

(2) За добивање лиценца за работа субјектите од став (1) на овој член до Институтот поднесуваат писмено барање на пропишан образец. Кон барањето задолжително се приложуваат следните документи приложува:

1) решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија,

2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот,

3) потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност,

4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија,

5) доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа:

- за трговец поединец-сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,

- за трговец поединец-овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

- за друштво за вршење сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

6) доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа.

(3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од став (2) точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од став (3) на овој член.

(5) Документите од став (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(6) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 15 дена од денот на поднесување на комплетното барањето.

(7) Институтот со решение го одбива барањето за издавање лиценца доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од став (2) на овој член и член 20 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено.

(8) Против решението од став (7) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението имаат право на жалба до министерот за финансии.

(9) Формата и содржината на лиценцата за работа од став 1 на овој член и на барањето од став (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Член 22

(1) Упис во регистарот на трговци поединци-сметководители, регистарот на трговци поединци-овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи врши Институтот врз основа на писмено барање на пропишан образец. кон кое задолжително се приложува копија од лиценцата за работа.

(2) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар од став (1) на овој член во рок од два дена од денот на поднесување на барањето.

(3) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

Член 24

(1) Институтот со решение ја одзема лиценцата на трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ако:

1) лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци,

2) повеќе не се исполнети условите врз основа на кои е издадена лиценцата,

3) е покрената стечајна постапка или се спроведува ликвидација на друштвото и

4) трајно се избрише од соодветниот регистар.

(2) Против решението од став (1) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението имаат право на жалба до министерот за финансии.

Член 29

(1) Институтот води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци - сметководители, Регистар на трговци - поединци овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи согласно Законот за општата управна постапка.

(2) Регистарот на сметководители и Регистарот на овластени сметководители, особено ги содржи следниве податоци:

1) име и презиме и регистарски број на сметководителот односно овластениот сметководител,

2) датум на упис во регистарот,

3) назив, седиштето и контакт податоци на правниот субјект каде е вработен сметководителот односно овластениот сметководител и

4) изречени дисциплински мерки.

(3) Регистарот на трговци поединци - сметководители, Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи, особено ги содржи следниве податоци:

1) назив, седиште, контакт податоци и регистарски број на трговецот поединец -сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи,

2) датум на упис во регистарот и

3) изречени дисциплински мерки.

(4) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

(5) Институтот податоците од регистрите од став (1) на овој член ги објавува на својата веб страница, и истите континуирано ги ажурира.

Член 30

(1) Сметководителот односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар:

1) на сопствено барање,

2) доколку при уписот во регистарот дал невистините податоци,

3) доколку професионално не се усовршува,

4) доколку не ја плати годишната членарина,

5) Одредбата е укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија бр. 141/12 „Службен весник на Република Македонија“ бр.102/13,

6) доколку му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност,

7) ако му е одземена деловната способност и

8) во случај на смрт на сметководителот односно овластениот сметководител.

(2) Со бришење од регистарот сметководителот односно овластениот сметководител го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа:

1) трајно во случаите од став (1) точки 1), 2) и 7) на овој член,

2) за период од три години во случаите од став (1) точки 3) и 4) на овој член и

3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае забраната во случајот од став (1) точки 5) и 6).

(3) Одредбите од став (1) точки 3) и 4) и став (2) точка 2) од овој член нема да се применуваат доколку сметководителот или овластениот сметководител биде избран или именуван на јавна функција за периодот додека му трае мандатот.

(4) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор на Институтот донесува решение, кое треба да биде образложено.

(5) Против решението од став (4) на овој член сметководителот односно овластениот сметководител може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. има право на жалба до министерот за финансии.

Член 31

(1) Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се брише од соодветниот регистар:

1) на сопствено барање,

2) со одземање на лиценцата за работа и

3) доколку е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност.

(2) Со бришење од регистарот трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа:

1) трајно во случаите од став (1) точки 1) и 2) на овој член и

2)за периодот додека трае забраната во случајот од став (1) точка 3) на овој член.

(3)За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор донесува решение, кое треба да биде образложено.

(4)Против решението од став (3) на овој член трговецот поединец сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. имаат право на жалба до министерот за финансии.

(5) За бришење на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи од соодветниот регистар Управниот одбор по службена должност го известува Централниот регистар на Република Македонија.

Член 46

(1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Институтот, ако:

1) не побара согласност од Министерството за финансии во согласност со член 7 став (3) од овој закон,

2) не ги објавува актите на Собранието на начин пропишан со член 7 став (5) од овој закон,

3) не го изврши уписот во регистарот согласно член 18 став (6),

4) не издаде лиценца согласно член 21 став (6),

5) не го изврши уписот во регистарот согласно член 22 став (2) и

6) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости согласно со член 43 став (3).

(2) За прекршоците од став (1) на овој член глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на Претседателот на Институтот.

Член 46-ѓ

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице ако во рокот утврден во членовите 18 став (4) и 21 став (3) на овој закон не ги побара потребните документи.

(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече на овластеното службено лице во Централниот регистар на Република Македонија ако во рокот утврден во членовите 18 став (5) и 21 став (4) на овој закон не ги достави бараните документи

Член 47

За прекршоците утврдени во членовите 44, 45, 46, 46-а, 46-б, 46-в, 46-г, 46-д и 46-ѓ од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Закон за изманување и дополнување
на Законот за вршење на сметководствени работи

Член 11

Мандатот на првиот Надзорен одбор на Институтот избран на основачкото собрание на Институтот е шест години.

Член 12

Започнатите постапки до денот на отпочнувањето со примена на овој закон ќе завршат согласно законот по кој започнале.

Член 13

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 14

Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 ќе отпочнат да се применуваат со денот на отпочнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно член 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15).

Член 15

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ
НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Член 1

Во Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15 и 192/15), во членот 18 во ставот (2) зборот „писмено” се брише.

По ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5) кои гласат:

„(3) Документот од став (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата на Институтот.

(4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во регистрите од став (1) на овој член е должно документот од став (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од став (3) на овој член.“

Во ставот (3) кој станува став (6) зборовите „комплетното барање” се заменуваат со зборот „барањето“.

Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (7) и (8).

Член 2

Во член 21 во ставот (2) зборот „писмено” се брише, а зборот „приложува” се заменува со зборовите „приложуваат следните документи”.

По ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4) кои гласат:

„(3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од став (2) точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од став (3) на овој член.

Ставот (3) станува став (5).

Во ставот (4) кој станува став (6) зборовите „комплетното барање” се заменуваат со зборовите „барањето”.

Ставот (5) станува став (7).

Во ставот (6) кој станува став (8) бројот „5” се заменува со бројот „7”, а зборовите „имаат право на жалба до министерот за финансии” се заменуваат со зборовите „може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.”

Ставот (7) станува став (9).

Член 3

Во член 22 во ставот (1) зборовите „писмено“ и „кон кое задолжително се приложува копија од лиценцата за работа“ се бришат.

Член 4

Во член 24 во ставот (2) зборовите „ имаат право на жалба до министерот за финансии” се заменуваат со зборовите „може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.”

Член 5

Во член 29 во ставот (1) точката се брише и се додаваат зборовите „согласно Законот за општата управна постапка”.

Член 6

Во член 30 во ставот (5) во заградата бројот „3“ се заменува со бројот „4“, а зборовите „ има право на жалба до министерот за финансии” се заменуваат со зборовите „може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.”

Член 7

Во член 31 во ставот (4) зборовите „ имаат право на жалба до министерот за финансии” се заменуваат со зборовите „ може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.”

Член 8

Во член 46 став (1) во точката 3) во заградата бројот „3“ се заменува со бројот „6“.

Во точката 4) во заградата бројот „4“ се заменува со бројот „6“.

Член 9

По членот 46-д се додава нов член 46-ѓ кој гласи:

„Член 46-ѓ

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице ако во рокот утврден во членовите 18 став (4) и 21 став (3) на овој закон не ги побара потребните документи.

(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече на овластеното службено лице во Централниот регистар на Република Македонија ако во рокот утврден во членовите 18 став (5) и 21 став (4) на овој закон не ги достави бараните документи”.

Член 10

Во член 47 сврзникот „и” се брише, а по зборовите „46-д” се додаваат зборовите „и 46-ѓ”.

Член 11

Мандатот на првиот Надзорен одбор на Институтот избран на основачкото собрание на Институтот е шест години.

Член 12

Започнатите постапки до денот на отпочнувањето со примена на овој закон ќе завршат согласно законот по кој започнале.

Член 13

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 14

Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 ќе отпочнат да се применуваат со денот на отпочнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно член 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15).

Член 15

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.