Претприемништво – мали и средни претпријатија во РМ и соработка со бизнис партнери од ЕУ

Многу се зборува за малите и средни претпријатија, односно претпријатијата. Во последно време актуелно е прашањето за претприемништво. За што всушност станува збор?

Факт е дека најголемиот број претпријатија во нашата национална економија се од мала или средна големина. Малата фирма треба да биде дефинирана и да функционира во согласност со основите на националната економија, а законската регулатива да соодвествува на меѓузависните економски и социјални можности. Најчеста форма на развојот е кога претприемништвото создава мали бизниси, кои се развиваат во средни претпријатија.

Поимот за преприемништво, мали и средни претпријатија, значи – бизнис. Откако на пазарот ќе се појави мала фирма со свој бизнис, таа треба да навлезе длабоко со својот почетен или нулти дел на учество во пазарот, а потоа бизнисот треба да продолжи со својот развој и повремени промени – транзиции во зависност од тековните промени на самиот пазар.

Во економиите во транзиција повеќето мали бизниси функционираат на ниво на постоење и опстанување. Слободно може да се каже дека оваа фаза Република Македонија ја има надминато. Се повеќе се појавуваат бизниси во Република Македонија кои се во фаза на успевање или веќе имаат земено економски залет. Можам слободно да оценам дека треба и во иднина да се очекува овој тренд на пораст на бројот на нови мали и средни претпријатија во македонската економија, како и успеси на веќе постоечките, кои сите заедно ја носат и ќе ја носат економијата во сé подобро утре.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Со влезот на Република Македонија во ЕУ, треба да се очекува започнување на многу претприемнички потфати, а за тоа ќе биде потребно да се продолжи со појавата на нови идеи и да се продолжи со креирањето на инспиративен и поддржувачки амбиент. Со влезот на Република Македонија во претприемништвото на ЕУ ќе доживее уште поголем економски развој и напредок.

Многу луѓе имаат исклучителна способност за претприемништво. Многумина почнуваат да сфаќаат дека се способни да создаваат бизниси и прават пари. Познато е дека успешни луѓе постојат насекаде. Не е важно дали си во Америка, Централна Африка, Италија или Република Македонија, најважни се стилот и ставот. Постојат повеќе од пет илјади различни видови на мали бизниси, а секако финансиски успех може да се постигне избирајќи кој било од нив. Но потребно е да се избере бизнис кој ќе се сака кога ќе се работи. Фокусот треба да падне на мотивот да се има сопствен бизнис, тој да се шири во Република Македонија и развива по можност и во земјите на ЕУ, преку изборот на законска форма на бизнис (во Република Македонија веќе постојат одлични услови за тоа), одлично формирани бизнис план, менаџмент, финансиска околина, маркетинг околина и информации. Со ова се обезбедуваат основните практични инструменти, со цел да се отвори вратата на малата или средната фирма надвор од границите на Република Македонија и да се даде соодветно предзнаење за подетално изучување и проучување на бизнис климата во ЕУ.

Откако идејата е формирана, истата е претворена и функционира во мал или среден бизнис, следен предизвик е обезбедување одредена поддршка по можност од страна на други луѓе, организации и претпријатија од семејството на ЕУ на определениот бизнис. Според тоа нареден важен чекор на новата ризичност при влез во семејството на ЕУ би бил да се одреди најдобриот пат за објаснување на шансата на потенцијалните поддржувачи и да им се демонстрира зошто нивното учество односно поддршка ќе биде и во нивна корист. Во тој контекст се презентираат сите поволности кои ги нуди Република Македонија, а се овозможени од страна на Владата на РМ во текот на изминатите неколку години, потпомагајќи го развојот на малите и средни бизниси со низата економски поволности и мерки, на евентуалните странски партнери, партнери на нашите претпријатија. Притоа секако важни се примамливиот бизнис план на фирмата и презентирањето на елементи од него кои би биле суштински во процесот на обезбедување на добра и сигурна инвестиција и поддршка од финансиерите и партнерите, вклопувајќи се секако во веќе создадената поволна економска клима.

Денес луѓето зборуваат за финансиски супермаркети кои нудат разновидност на производи, цени и услуги. Според тоа претприемачот потребно е да биде мудар или барем итар потрошувач во купувањето на финансики ресурси од своите партнери стекнати во некои од земјите на ЕУ. Значи еден од клучните потези за успешно започнување бизнис и негово ширење е можноста и способноста да се добие и обезбеди соодветно финансирање на истиот од некоја компанија која има развиен бизнис на територијата на ЕУ. Познато е дека собирањето капитал е основа на сите бизнис активности. Но секако потребно е да се разбере дека собирањето на капитал не е лесна работа, всушност тоа може да биде комплексен процес. На пример во Република Македонија и во земјите од ЕУ најчести извори на финансирање и потикнување на развојот на малите и средни претпријатија се всушност банките и организациите за кредити низ ЕУ, а истите би можеле да одобрат заем или кредит доколку фирмата барател може да покаже и докаже дека нејзиниот предлог бизнис план е сигурен. Исто така во земјите на ЕУ постојат и претпријатија и сопственици на капитал за различни активности и бизниси кои им помагаат на претпријатијате кои започнуваат или се во развој, со цел и понатаму да се развиваат, а додека пак во замена добиваат праведна или партнерска сопственост или дел од заработената добивка од реализираниот бизнис.

Можноста за соработка и партнерство со претпријатија надвор од Република Македонија, претпријатија од земји - членки на ЕУ

Во земјите во ЕУ постојат и многу случаи кога сопственикот на некој бизнис знае дека со цел да го продаде својот бизнис, мора да учествува и во финансирањето на истиот и во неговиот развој. Оваа ситуација се нарекува победа – победа, затоа што купувачот на бизнисот прво единствено е заинтересиран да плати помалку, второ не мора да оди по банки, и трето може отплатата да ја структуира така што парите од продажбата на стоките да го одржуваат во бизнисот. Продавачот е заинтересиран само да го продаде бизнисот. Од друга страна пак и понудата кон инвеститорот може да биде и дел од приходите, а истата да биде интересна за него. Распределбата на приходите не значи дека сопственикот на бизнисот или на малата/средна фирма не е сопственик на продажбата. На некој можен инвеститор од ЕУ можеби ќе му се допадне идејата за започнување на одреден бизнис во одредена област и тој инвеститор ќе одлучи дали ќе вложи сретства, дали ќе позајми, секако доколку соодветно му се компензира вложеното или позајменото со некој процент од продажбата. Ова е подобро отколку некој инвеститор од ЕУ да биде вклучен во профитот, затоа што на таков начин инвеститорот би имал директно учество во продажбата. Во такви односи инвеститорот нема да добие никаква сопственост, туку само готови средства за заемот и интерес за кој бил договорен.

Во бизнисот карактеристичен е и изразот Заеднички ризик (Joint venture), каде што заеднички ризичен потфат е специфична законска форма, со цел да се реализира одреден проект. Како финансиска алатка, два, три или четири мали бизниси можат да формираат заеднички ризик, со цел да реализираат одреден договор, а кој секој посебно сам за себе не би можел да го оствари. Ваквиот потфат би бил корисен за малите и средни претпријатија од Република Македонија, за македонската економија, при соработка на истите со претпријатија од земјите- членки на ЕУ. Одредени производи и услуги заеднички во соработка со други претпријатија надвор од Република Македонија, би можеле да бидат пласирани насекаде во ЕУ, на пазарот на кој се нудат истите.

Во тој контекст постојат повеќе видови на партнерски претпријатија, претпријатија кои што можат да соработуваат помеѓу себе, соединети преку заедничка друга фирма, а настапувајќи на одредени европски пазари, претпријатија од Република Македонија и претпријатија од земји членки на ЕУ. Се разбира ваквата стратегија и соработка преку партнерска фирма во однос на индивидуалната има свои предности и недостатоци. Разликите се во насока на: вложените средства, распределбата на ризикот, распределбата на добивките, политиката за развој и одлучувањето.

Бизнисот секогаш претставува спојување на две страни. На пример: продавачи – купувачи, баратели на заем – капиталисти кои пласираат различни заеми. Претприемачот кој бара заем со цел да ја реализира својата бизнис идеја, го гледа капиталистот на различни пласмани како ресурс. Додека капиталистот, претприемачот го гледа како профитабилна инвестиција. Значи ресурс и инвестиција се два поими кои се спротивставени. Два поима зад кои стојат способни луѓе. Во ваков случај, претприемачот треба да го освои капиталистот.

Со сигурност може да се каже дека од 2006 година до денес, Владата на РМ активно зема учество во рзвојот на малите и средни претпријатија. Тоа го покажуваат сите економски показатели и параметри со што државата активно врши поттикнување, едукација, а и самата со свои низа проекти се вклучува во растот на економските параметрите во сегментот на развој на малите и средни претпријатија и претприемништвото. Преку низа проекти кои се реализираат од страна на Агенцијата за поддршка и развој на преприемништвото во РМ Владата зема активно учество во развојот на малите и средни прептирјатија. Таа многу добро знае дека успешноста и добрата кондиција односно функционирање на малите и средни претпријатија се всушност двигателот и носителот на цела економија во една држава. Од тие причини и потребно е и мора државата да врши поттикнување и помагање на развојот и опстојувањето на малите и средни прептијатија и овозможување на добра бизнис клима за нивно функционирање и развој. Поддршката за самовработување и давање средства за самовработување дава огроми резултати и е од големо значање за намалување на невработеноста. Секоја година почнувајки од 2006 година Владата на РМ одделува средства од буџетот за развој на малите и средни претпријатија и средства за самовработување, како и поволности на малите и средни претпријатија при вработување на невработени лица, со ослободувања од одредени даноци и слично. Микро бизнисите се во голем раст, исто така благодарение на создавање на добра бизнис клима од страна на државата. Нивниот развој е од големо значење за развојот на еконоијата во нашата држава. Ваквите констатации и заклучоци се врз основа на реалните бројки кои редовно ги истакнуваат државните институции, како на пример Агенцијата за вработување, Агенцјата за поддршка и развој на претприемништвото, Фондот за иновации, Државниот завод за статистика итн. Впрочем и самиот податок за годишните зголемувања на БДП во нашата држава, годишните зголемувања на просечна плата и годишните намалување на вработувањето, како основни параметри за нагорниот пораст на економијата во една држава, во нашата држава.

Заложбите на Владата од година во година се сé поголеми и посериозни во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку отворање на нови работни места во  приватниот сектор, натамошно унапредување на условите за водење бизнис, поддршка  на  малите и средни претпријатија преку  натамошно  намалување  на  административните  процедури  и олеснување на пристапот до кредити, продолжување на поддршката за развој на туризмот, спроведување  на  активни политики  за  вработување   со  посебен  акцент  на  младите, зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, високи субвенции за земјоделците, поддршка за создавање сопствен дом при купување на стан или изградба на куќа,  подобрување  на  патната  и  комуналната  инфраструктура,  подобри  здравствени  и образовни услуги преку инвестирање во болниците и училиштата и обука на здравствениот и образовен  кадар,  поттикнување  на иновациите  и примена  на новите технологии, подобар квалитет на културните и спортските содржини, како и заштита на животната средина.

Обезбедување нови финансиски средства за поддршка на микро, мали и средни претпријатија, привлекување нови инвеститори, размена на практично знаење (know-how) со странски компании. Се чуствува зголемена конкурентност на македонските компании, обезбедување средства за раст, зголемена вработеност, подобрување на економијата. Меѓу другото, ваквите активности се во насока на зацврстување и на степенот на напредок на Република Македонија во 10-те области според кои ЕУ го оценува напредокот на земјата во доменот на малите претпријатија. Од нивото на постигнатиот напредок (или заостанување во спроведувањето на реформите) во секое од десетте оценувани подрачја ќе се согледаат насоките за понатамошно делување (креирање на политика), со цел постигнување на одредниците дефинирани од ЕУ, за унапредување на областите кои го допираат и засегнуваат претприемништвото и работењето на малите и средни претпријатија во нашата држава. Сите досегашни понудени предлог - програми за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија од страна на Владата на РМ се реализираат мошне успешно, почнувајќи од 2006 година па сé до денес. Во нив секогаш се дефинираат мерките и инструментите за институционална поддршка и нефинансиски форми на поддршка на малите и средни претпријатија. Исто така, се посветува внимание и на јакнењето на институциите за поддршка и развој на малите и средни претпријатија и унапредување на конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија, што една од најважните активности во развојот и јакнењето на една економија во една држава. Од друга страна се тежнее и кон обезбедување на нови финансиски средства за поддршка на микро, мали и средни претпријатија, привлекување на нови инвеститори, размена на практично знаење со странски компании, компании кои се од државите членки на ЕУ.

Дуинг бизнис – Република Македонија

Особено значајно за функционирањето на економијата и бизнисот во нашата држава е проектот Дуинг Бизнис, каде се презентираат податоци за одредени сфери во бизнисот, податоци со кои домашните и странските инвеститори подобро би се запознале и информирале за бизнис климата во Република Македонија. Според Дуинг бизнис, Македонија е втора земја во која е најлесно отворањето фирма, седма според висината на даноците и десетта според брзината на вадење градежни дозволи. Од друга страна, земјава е водечка во регионот според привлекување странски инвестиции, економијата во просек расте по 3% годишно, а додека индустриското производство цела деценија оди во нагорна линија, а и реалната плата денес вреди многу повеќе од пред пет години и е зголемена за неколку проценти. Македонија напредува на листата Дуинг бизнис на Светската банка. Според леснотијата за водење бизнис Македонија е на 12. место во светот, подобро рангирана од сите балкански и од повеќето од европските земји, меѓу кои и од Германија.

Сопствениците на мали и средни претпријатија во Македонија веруваат во реформите кои ги спроведува Владата во Македонија, кај кои ги применува светските најдобри практики, кои ги анализира и приспособува на нашите услови. Високиот ранг е само резултат на сработеното.

Македонија значително ги намали царинските стапки, воведе едношалтерски систем за увозно-извозни дозволи, има 24-часовно царинење на граничните премини, фирма се отвора за само два часа, има ниски даноци, електронско и брзо издавање градежни дозволи, како и други олеснувања за водење бизнис.

Во суштина треба да му се верува на проектот Дуинг бизнис, Дуинг бизнис ја кажува вистината, од аспект на инвеститорите и самите граѓани. Атрактивно е да се влегува во Македонија, да се инвестира на секаков начин. Краен ефект на која било макроекономска мерка во државата е да се постигне зголемување на стандардот на обичните граѓани, што всушност би претставувало успешна економска мерка. Затоа Владата постои, заради граѓаните, и е должна да изнаоѓа економски мерки за доброто на граѓаните и подобрување на сите економски параметри во државата. Тоа го прави континуирано со години наназад, односно од 2006 година наваму.

Малите бизниси се нашиот приоритет - Европа е добра за малите и средни претпријатија, а и малите и средни претпријатија се добри за Европа

Во денешно време постои Закон за мали бизниси за Европа кој е чекор понатаму кон идеата за Европа на претприемачи, со помалку мачни бирократски процедури, а повеќе и почести за Европските 23 милиони мали и средни претпријатија да можат што полесно да го менаџираат својот бизнис. Законот има за цел да им помогне на МСП да се развиваат, а најдобрите да ги воздигне во класата на светски играчи. Законот за мал бизнис е всушност пресуданата пресвртница во вистинското спроведување на Лисабонската стратегија за економски раст и работни места.

Малите бизниси стануваат сé поважни во нашето општестество како место каде се создаваат нови можности за вработувања и се клучни чинители на добросостојбата на локалните и регионалните заедници. Затоа за прв пат се предлага создадавање на опсежна политичка рамка на Европската Унија и нејзините земји членки. Грижата за малите и средни претпријатија треба да стане носечка политика во една економска стратегија. Да се постигне ова, односно принципот „најпрво да се мисли на малото“, треба безусловно да биде вкоренет при креирањто на политиките во економијата. Голема е придобивката кога при отворањето нов бизнис и во текот на неговиот растеж, се острануваат непотребни препреки. Збирка на десет основни принципи треба да ја водат политиката подеднакво, во ЕУ и на ниво на националните економии. Сите земји членки се поканети да ја почуствуваат благосостојбата од добрите практики кои постојат во рамки на Евопската унија. Ваквиот пристап е повеќе од добредојден за продолжување и забрзан раст на економијата во Република Македонија и развојот на малите и средни претпријатија во неа. Придобивките се од огромно значење. Она што може Македонија и нејзините мали и средни претпријатија да го понудат на европскиот пазар, се истакнува со квалитет и добра конкурентска цена.

Малите и средни претпријатија може да се поделат на три категории, согласно нивната големина:

·  микро претпријатијата со помалку од 10 вработени,

·  малите претпријатија - помеѓу 10 и 49 вработени и

·  средните претпријатија со број на вработени помеѓу 50 – 249.

Може слободно да се констатира дека Микро-претпријатијата се вистинските гиганти на Европската економија и се застапени со:

·  Микро претпријатија = 91,5%

·  Средни претпријатија = 1,1%

·  Мали претпријатија = 7,3%

·  Големи претпријатија = 0,2%

67% од работните места во Европскиот приватен сектор припаѓаат на малите и средни претпријатија.[1]. Секторот во кој спаѓаат малите и средни претпријатија ги опфаќа сите видови на компании, почнувајки од трговците-поединци, па сé до задругите. Некои мали и средни претпријатија даваат крајно традиционални услуги, додека други се брзо растечки кои користат високи технологии. Како и да е, и покрај сите разлики меѓи нив, европските мали и средни претпријатија ги врзуваат мноштвото предизвици со кои се соочуваат. За најголемиот број на мали и средни бизниси, административниот товар е проблем број еден. Цената на административните процедури за малите компании можат да бидат и до десет пати повискоки отколку за големите, правејки го овој товар непропорционално тежок за малите бизниси. Токму заради ова Европската комисија си постави две цели: да го намали административниот товар за малите бизниси до 25% уште пред 2012 година и да обезбеди сите нови законски мерки кои се однесуваат на бизнисот да не бидат ограничувачки или на каков било начин неповолни за малите и средни претпријатија. Ваквите мерки континуирано ги следни и македонската економија, со што активно се менуваат законските акти во насока на намалување на административниот товар и во работењето на нашите мали и средни претпријатија. За оваа цел, Комисијата континуирано работи и го поедноставува и подобрува европското законодавство и на таков начин ги охрабрува национлните и регионалните власти да го сторат истото во доменот на своето ниво на делување. Акциската програма на Европската комисија уште во 2007 година го намали административното оптоварување за 25% и наметна приоритетни простори за делување кои се фокусираат на обврските за информирање во областа на: Законот за претпријатија, вработувањето, данокот на додадена вредност и статистиките. Релизација на некои од овие обврски веќе е започната. Неопходно е да се даде сигурност дека новите измени нема дополнително да ги оптоварат малите бизниси, туку напротив, ќе ги има во вид нивните потреби.

Најголем број на потешкоитии со кои се соочуваат малите и средни претпријатија се последица на делувањето законите, правилата и практиките кои се применуваат на национално или локално рамниште. Поради тоа Комисијата ги поттикнува властите насекаде во Унијата да идентификуваат и имплементираат ефективни иницијативи за подобрување на законските рамките во кои функционираат претпријатијате. Тоа вклучува теми како: смалување на бирократски процедури при регистрација на компанија, подобрен пристап до извори за финасирање и поголема влкученост на претпријатијате при распаравите кога се формулираат политиките кои го регулираат нивното функционирање. [2]

Со оглед дека финасиските пазари не успеваат да ja обезбедат потребната финансиска поддршка за малите и средни претпријатија, Европската Комисија создаде и финасира финансиски инструменти - гарантни шеми кои ќе им помогнат на малите и средни претпријатија полесно да добијат финсиска поддршка која им е неопходна. Исто така таа го помага инвестирањето во почетни бизниси, а средствата се дистрибуираат преку финансиските институции како што се најчесто банките. Ваквите предности би можела да ги користи и Република Македонија со нејзиното членство во ЕУ, или како земја - кандидатка, со посебни можности за користење.

Сите овие финансиски инструменти се менаџирани од страна на Групацијата на Европската инвестициска банка (EIB), посебно Европскиот инвестициски фонд (EIF), кои за сметка на Европската комисија ги ставаат на располагање на малите и средни претпријатија преку финасиските посредници во земјите - членки. На овој начин се обезбедува средствата да се дистрибуираат локално, односно колку што е можно поблиску до секое мало и средно претпријатие. [3]

Прекуграничниот бизнис се одвива на само нeколку киломентри далеку од портите на огромен број многу мали претпријатија. Најголемиот успех на Европската унија е да ја направи прекуграничната соработка едноставна преку создавање на широк единствен европски пазар со над 500 милиони потрошувачи. Тој им овозможува на малите и средни бизниси да го продаваат својот производ насекаде во Европската унија без да има потреба да ги адаптираат на своите национални правила. Единствениот европски пазар им остава можност на претпријатијата за раст, а претходните проширувања на ЕУ всушност ги мултиплицираа деловните можности на малите и средни претпријатија.

Меѓутоа, фактите зборуваат дека дури 63% од Европските мали и средни претпријатија се активни единствено во нивните матични земји. Само 8% од нив извезуваат, а 12% од увозот кај просечно претпријатијате е купено во странство. Делумно проблемот лежи во недостатокот на информации – познавањето на можностите кои се на располагање и кои се правилата на прекуграничниот бизнис. Многу мали и средни претпријатија исто така чувствуваат капитал за настап на странските пазари, па од тие причини потребна им е поддршка и советување за да можат да извлечат најмногу од придобивките на единствениот европски пазар.

Рамковната програма за Истражување и развој за 2007-2013 година (FP7), обезбедува финасиска поткрепа за истражувачки проекти во сферата на заштита на животната средина. Не е задолжително за малите и средни претпријатија да имаат сопствен истражувачки капацитет за да учествуваат во оваа програма. Активностите во полето на еко-иновациите имаат поткрепа во буџетот од 430 милиони евра во рамки на Програмата за конкуретнтност и иновативност (CIP) за 2007-2013 година. Половина од овие средства се достапни во форма на финасиски инструменти, управувани од страна на Европскиот инвестициски фонд, додека втората половина ќе биде употребена за проекти во полето на енергетската ефикасност и обновливите енергии. Овие средства се управувани од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновации (ЕАCI).

Европската комисија бара од државите членки да резервираат дел од расходите на нивните Структурни фондови (2007-2013) за помош на малите и средни претпријатија во промоција на еколошки производи и производни процеси, како што се ефективните системи за управување со животната средина, технологии за спречување на загадувањето и интергрирање на чистите технологии во производните процеси.

Владата на РМ, преку Министерството за економија, како национален партнер - институција за КОСМЕ, ја фаворизира токму Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија на Европската унија, бидејќи таа нуди можности за: зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачка култура и развојот на малите и средни претпријатија. Поттикнувањето на конкурентноста на компаниите се врши преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизнисите. Програмата има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи 4 компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на Договорот за учество на РМ во оваа програма на ЕУ, се исполнети условите за нејзино користење. Вредно е да се истакне дека Република Македонија веќе има добиено проект од КОСМЕ програмата, и тоа Европската мрежа на претпријатија (Enterprise Europe Network), кој ќе се спроведува од страна на Конзорциумот: Универзитет Св. Кирил и Методиј како  координатор, со партнерите: Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Стопанска комора на Македонија за поттикнување на малите и средни претпријатија, претприемачите, бизнис организациите за поддршка, регионалните и националните администрации да земат активно учество во неа и во што поголем обем да се искористат овие средства.

Основни податоци за македонските мали и средни претпријатија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2014 година изнесува 70 659. Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 24 674 субјекти или 34.9% и Преработувачка индустрија со 7 675 субјекти или 10.9%. Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 180 субјекти или 0.3% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 151 субјект или 0.2%. Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85.2% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 5.6%, па субјектите со 10-19 вработени со 4.4%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.6%, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.[4]

Изработил:

Д-р Борис Арсов

Комисија за Европски интеграции

[1] Извор: Еуростат СБС преглед на лица вработени во претпријатија, нефинасиски сектор

[2] http://ec. europa. eu/enterprise/sme/index_en. htm

[3] http://accestofinance. eu/

[4] Извор: Државен завод за статистика, Број на деловни субјекти за 2014г, број 6.1.15.14