Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто

  • 30% recurring commission
  • Выплаты в USDT
  • Вывод каждую неделю
  • Комиссия до 5 лет за каждого referral

ЗБИРКА ПРАШАЊА СО ОДГОВОРИ ЗА ПРОВЕРКА НА ПРИМЕНА НА СТРУЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА

ДИРЕКТОРИ НА УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА

Скопје,

I Модул

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

1.Во какви установи се врши згрижување и воспитание на децата?

Згрижување и воспитание на децата се организира и обезбедува во јавни и приватни установи за деца.

2. Кога се запишуваат и примаат децата во детската градинка?

Детската градинка запишува и прима деца врз основа на пријави преку целата година. Ако во детската градинка има пријавено поголем број на деца отколку што има слободни места, за приемот решава комисија за прием на деца.

3. Дали детската градинка на родителите да им ги претставува програмите кои ги изведува, нивните цели, содржини и методи на работа?

Детската градинка е должна на родителите да им ги претстави програмите кои ги изведува, нивните цели, содржини и методи на работа.

4. Какви програми според времетраењето се остваруваат во детската градинка?

Детската градинка според времетраењето остварува програми за:

-  целодневен престој;

-  полудневен престој;

-  скратени програми;

-  пилот програми и

-  вонинституционални форми за активности со деца.

5. Какви групи според возраста на децата и должината на нивниот престој се организираат во детските градинки?

Детските градинки во зависност од возраста на децата и должината на престојот својата работа ја организираат во групи. Работата во детската градинка се организира во зависност од возраста на децата во хомогени групи и тоа:

1) до 12 месеци.....................................................од 6 до 8 деца

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

2)над 12 месеци до 18 месеци.....................од 8 до 10 деца

3)над 18 месеци до 2 години...................... од 10 до 12 деца

4)над 2 години до 3 години..........................од 12 до 15 деца

5)над 3 години до 4 години..........................од 15 до 18 деца

6)над 4 години до 5 години.........................од 18 до 20 деца

7)над 5 години до 6 години......................... од 20 до 25 деца

По исклучок, а во зависност од возраста на децата, може да се организира:

- Хетерогена група

до две години................................................................................ од 10 до 12 деца

од две години до поаѓање во основно училиште … од 18 до 20 деца и

- Комбинирана група

од 12 месеци до поаѓање во основно училиште ……….од 15 до 20 деца.

6. Дали Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст може да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца и тоа чување и нега на деца од предучилишна возраст?

Одредени работи од дејноста  згрижување и воспитание на деца и тоа чување и нега на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно училиште на повик може да врши правно лице запишано во соодветниот регистар при Централниот регистар на Република Македонија, како Агенција  за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

7. Дали Физичко лице во сопствениот дом може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, како професионална дејност?

Физичко лице во сопствениот дом може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, како професионална дејност за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и исхрана на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно училиште и деца на возраст до 10 години живот, најмногу до пет деца и не помалку од два часа дневно.

8. Кој е орган на управување во установа за деца?

Орган на управување во јавна установа за деца е управен одбор.

Управниот одбор на јавна установа за деца основана од Владата го сочинуваат претставници на основачот на јавната установа за деца, на родителите и на општината и општината во градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата односно градот Скопје за детското одморалиште.

9. Кои услови треба да ги исполни кандидатот за директор на на јавна детска градинка/центар за ран детски развој?

За директор на јавна детска градинка/центар за ран детски развој може да биде именувано, односно избрано лице кое покрај општите услови утврдени со закон и условите утврдени во членот 142 од овој закон е со високо образование (со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен) и ги исполнува условите утврдени во членот 136 од овој закон за воспитувач, за стручен работник, за стручен соработник, лице со завршен филолошки факултет - наставна студиска програма и специјалистички студии за предучилишни педагози, правник, социолог и економист со високо образование (со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1) и минимум две години работно искуство по дипломирањето, поседува еден од меѓународно признати сертификати или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку A2 (A2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво A2 (A2), има положено психолошки тест и тест за интегритет и поседува важечка лиценца за директор за установа за деца.

10. Кој раководи со работата на стручниот совет во установата за деца?

Стручен орган во јавна установа за деца е стручен совет.

Стручниот совет го сочинуваат вработени кои вршат стручна работа и ја остваруваат дејноста во установата и директорот.

Со стручниот совет раководи директорот.

Стручниот совет:

- утврдува стручни основи за остварување на програмата за работа;

- дава мислење и предлози до директорот во поглед на организацијата за работа и условите за работа;

- именува и разрешува претставник на јавната установа за деца во управниот одбор на јавната установа за деца од редот на вработените кои вршат стручни работи и

- врши и други работи утврдени со статутот.

Во јавната установа за деца може да се формираат и други стручни тела утврдени со статутот на установата.

11. Наброи кој може да ги исполнува работните задачи на стручен работник?

Стручни работници можат да бидат: дипломиран педагог, дипломиран психолог, дипломиран социјален работник, дипломиран дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор, дипломиран логопед, доктор на медицина и доктор на стоматологија  - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и важечка лиценца за стручен работник.

12. Наброи кој може да ги исполнува работните задачи на воспитувач?

Воспитувачи може да бидат: дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувачи и важечка лиценца за воспитувач.

13. Кој степен на стручна подготовка е потребен за извршување на работните задачи на неговател?

Неговател може да биде лице со завршено средно четиригодишно образование и важечка лиценца за неговател.

14. Наброи кој може да ги исполнува работните задачи на стручен работник?

Стручни соработници може да бидат: музички педагог, дипломиран ликовен педагог, дипломиран педагог по физичко воспитание, дипломиран професор по странски јазик и книжевност - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и важечка лиценца за стручен соработник; виша медицинака сестра, дипломирана општа медицинска сестра/медицински техничар, дипломирана медицинска сестра/ медицински техничар - со стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VI/1 степен и важечка лиценца за стручен соработник; социјален работник и логопед- со стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VI/1 степен и важечка лиценца за стручен соработник.

15.Наброј ги општите услови кои треба да ги исполни вработен во установа за деца.

Вработен во установа за деца, може да биде лице кое покрај посебните условите треба да ги исполнува и следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија;

- да е физички и психички здрав ;

- да го познава македонскиот јазик и кирилското писмо;

- да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување; и

- да исполнува и други услови утврдени во актот за внатрешна организација и систематизација на работните места.

16. За пополнување на слободно работно место за вршење на работи од јавен интерес во јавните установи за деца, директорот на установата донесува одлука за потреба од вработување на јавен службеник.

17. Наброи кој виови лиценци ги издава министерот?

Министерот ги издава следните видови на лиценци за работа:

- лиценца за стручен работник;

- лиценца за стручен соработник;

- лиценца за воспитувач;

- лиценца за неговател;

- лиценца за директор.

18. Колку време пред истекот на важноста на лиценцата за работа се поднесува барање пред Комисијата за лиценцирање?

Стручното лице најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата за работа поднесува барање пред Комисијата за лиценцирање за обновување односно продолжување на лиценцата за работа.

19. Кој располага и управува со средствата за финансирање на заштитата на децата?

Со средствата за финансирање на заштитата на децата управува и располага Министерството.

20. Од кои други извори се обезбедуваат средства во установите за деца?

Јавните установи за деца може да обезбедуваат средства и од:

- корисниците;

- продажба на сопствени производи и услуги и

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13