РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНИ ЗВАЊА

НА БИЗНИС АКАДЕМИЈАТА СМИЛЕВСКИ

ЗА НАСТАВНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВИРТУЕЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ И СИМУЛАЦИОНИ БИЗНИС ИГРИ

Со одлуката за формирање на Рецензиската комисија за избор на наставник во насловно звање на Висока стручна школа за наставните предмети Виртуелни организации и Симулациони бизнис игри од 08.04.2016 година определени сме за членови на Рецензиската комисија за избор на наставник во насловно звање на Висока стручна школа за наставните предмети Виртуелни организации и Симулациони бизнис игри.

Со одлуката од Наставничкиот совет ги добивме документите кои беа наведени во конкурсот и по нивното проучување, Рецензиската комисија, во состав:

1.  Проф. д-р Маја Кочоска, професор на висока стручна школа на Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје;

2.  Виш пред. м-р Јосиф Петровски, виш предавач на Бизнис академија Смилевски – БАС, одделение за дисперзирани студии на БАС во Битола;

3.  Пред. м-р Андријана Мигуловска, предавач на Бизнис академија Смилевски – БАС, одделение за дисперзирани студии на БАС во Битола;

има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов

ИЗВЕШТАЈ

I. Преглед на пријавените кандидати

На конкурсот за избор на наставници на БАС, објавен во Нова Македонија на 16 март 2016 година со рок за пријавување 8 дена од денот на негово објавување за наставните предмети Виртуелни организации и Симулациони бизнис игри, пријавена е 1 кандидатка:

1.  М-р Јасмина Мишоска

Во продолжение се дава приказ и оценка на остварувањата на кандидатот.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

II. Приказ на образовниот и кариерниот развој и на другите остварувања и компетенции на кандидатот

М-р Јасмина Мишоска

А) Образовен развој

Кандидатката Јасмина Мишоска родена на 10.03.1990 година основно образование завршува во Скопје во генерацијата 1996/2004 година, каде што постигнува одличен успех со просек 5.00, а средно образование – гимназија, завршува во Скопје во генерацијата 2004/2008 година исто така со просек 5.00 и добива диплома за првенец на генерација. Додипломските студии ги завршува на Европскиот Университет во Скопје, на насоката финансиско-банкарски и даночен менаџмент, каде со просек од 10.00 се издвојува како најдобар студент во генерацијата со покажани одлични резултати и највисок успех и се здобива со звање Дипломиран економист. Како награда за најдобар студент ја добива стипендијата „Борис Трајковски.

Во 2011 година се запишува на постдипломски студии на Европскиот Универзитет во Скопје, и во 2013 година се стекнува со титулата Магистер по економски науки од областа на финансиско-банкарскиот менаџмент со просек 10.00. Моментално е докторант на трет циклус студии на студиската програма организациски науки и управување на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Б) Кариерен развој

Од 2013 година наваму ангажирана е како соработник на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје во дополнителен работен.

В) Авторски остварувања

1.  „Улогата и значењето на средствата за пренос на пропагандните пораки“, Меѓународна научна конференција „Улогата на медиумите во промоција на производите и услугите“, јуни 2012, ISBN 978-608-4691-01-3

2.  „Глобалната економска (финансиска) криза и Македонската економија, Меѓународна научна конференција „Лицата и кризата“, март 2012, ISBN 978-608-4574-47-7

3.  „Влијанието на виралниот маркетинг врз глобалните промени“, Меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, јуни 2013, ISBN 978-608-4574-58-3

4.  „Интернет маркетинг„, Прва меѓународна науќна конференција „Влијанието на научно-технолошкиот развој во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во РМ“, декември 2013, ISBN 978-608-4714-05-7

5.  „Електронска трговија – основна алатка на е-бизнисот“,Прва меѓународна науќна конференција „Влијанието на научно-технолошкиот развој во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во РМ“, декември 2013, ISBN 978-608-4714-05-7

6.  „Охрабрување на претприемачкиот дух за кариерен развој“, Меѓународна научна конференција „Науката и општествениот развој“, мај 2014, ISBN 978-608-4574-62-0

7.  „Платежни картички како инструмент за плаќање во електронското банкарство“, Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно-технолошкиот развој во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во РМ, октомври 2014, ISBN 978-608-4714-11-8

8.  „ Entrepreneurship – the challenge of modern society“, International conference: Challenges of contemporary society, November 2015

9.  Economic – financial performance of Alkaloid Skopje based on key financial indicators (case study), International Journal of Research in Art and Science, 2015 ISSN: 1857-8128

III. Заклучок и предлог на рецензиската комисија

Врз основа на приказот на образовниот и кариерниот развој комисијата констатира дека се работи за исклучително амбициона и посветена кандидатка со желба за понатамошна надоградба и усовршување. Покажува особен интерес кон научната и истражувачката дејност и скромно профисионално искуство кое дополнително влијае на зголемување на целокупниот квалитет.

Резултатите од спроведената евалвација покажуваат дека кандидатката има потенцијал да биде ангажирана како предавач на Академијата со надеж дека континуирано ќе се надградува и подобрува преку присуство на сите обуки кои ги спроведува Академијата.

Затоа Рецензенската комисија му предлага на Наставничкиот совет на БАС кандидатката м-р Јасмина Мишоска да ја избере како наставник во насловно звање предавач на висока стручна школа за наставните предмети Виртуелни организации и Симулациони бизнис игри.

РЕЦЕНЗИСКА КОМИСИЈА

1.  Проф. д-р Маја Кочоска

2. Виш пред. м-р Јосиф Петровски

3. Пред. м-р Андријана Мигуловска