Од кога потекнуваат првите траги од животот на луѓето во Македонија? Од неолитот

Кој се смета за прв крал на Античка Македонија? Пердика Први (707 – 659 г п. н.е.)

Пела станала престолнина во времето на кралот: Архелај

Кога се случила битката кај Херонеја? Во 338 год. п. н.е.

Од колку редови се состоела македонската фаланга? Од 16 реда војници.

Кога владеел кралот Александар III Македонски? Од 336 – 323 год. п. н.е

Кој бил врховен бог на Античките Македонци? Богот на небото Диос.

Која година Македонија станала Римска провинција? Во 168 год. п.н. е.

Кога почнале да се доселуваат Словените во Македонија? Од крајот на 6. до средината на 7. век.

Македонските териториите населени со Словени биле наречени: склавинии

Во кој век потпаднале под византиска власт македонските склавинии? Во текот на 9. и почетокот на 10. век.

Браќата Кирил и Методиј биле родени во: Солун.

Глаголицата имала 38 букви

Која година бил испратен Климент на мисионерска работа во областа

Кутмичевица од страна на кнезот Борис? Во 886 година.

Во кој град Климент формирал книжевна школа? Охрид

Каде настанало богомилското движење? Во Велешко – прилепската област.

Каде била првата престолнина на царот Самоил? Во Преспа.

Царот Самоил владеел од: 997 - 1014

Која година било кренато востанието на чело со Петар Делјан против

византиската власт? Во 1040.

Битката на реката Марица се одиграла на:216 сaweeептември 1371 година.

Која година се случила Мариовско-прилепската буна против османлиската

власт? 1564 - 1565

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Колку години траел отпорот на Скендер-бег против османлиската власт? Отпорот траел 35 години од 1443 до 1478 година.

Австро-унгарскиот цар Леополд кога слушнал за востанието го прогласил

Карпош за:крал на Куманово

Кога била укината Охридската архиепископија? На 16 јануари 1767 година.

Како го нарекувале водачот на ајдутите? Војвода или арамбаша.

Кога се собирале ајдутските дружини? На Ѓурѓовден

Како се нарекувал владетелот на османлиската држава? Султан

Одземените христијански деца кои станувале дел од османлиската армија

биле нарекувани:јаничари

Кој ја отворил првата македонска печатница во Солун во 1838 година? Теодосиј Синаидски

Кога започнало Разловечкото востание? На 8 мај 1876 година.

Кога започнало македонското Кресненско востание? Во 1878 година

Кој бил избран за началник на Штабот на Кресненското востание? Димитар Поп Георгиев Беровски

Кој го предводел движењето за обнова на Охридската архиепоскопија на

крајот на XIX век? Јанаки Стрезов и Димитар Миладинов од Струга.

Каде била создадена Македонската револуционерна организација? Во Солун

Кој бил главен иницијатор за формирање на Македонската

револуционерна организација? Даме Груев

Кога се одржал Првиот конгрес на Македонската револуционерна

организација? На 23 октомври 1893 година.

Кој станал најпозната личност на Македонската револуционерна

организација? Гоце Делчев

Каков документ бил изготвен за Македонската револуционерна организација

набрзо по нејзиното основање? Устав на организацијата.

Која држава најмногу се мешала во македонската револуционерна борба

преку Врховниот македонски комитет? Бугарија

Кој бил „претседател“ на Крушевската република? Никола Карев

Каде започнала Младотурската револуција? Во Битола.

Кој револуционер загинал на Мечкин Камен бранејќи ја Крушевската

република? Питу Гули

Каде се одржал конгресот на кој организацијата го добила името ВМОРО

(Внатрешна македоно одринска револуционерна организација)? Во Рилскиот манастир

Кој македонски револуционер со својата чета организирале грабнување на

американската мисионерка „Мис Елен Стоун“? Јане Сандански

Кога започнала Првата балканска војна? 9 октомври 1912 година

Во кој град имало мировна конференција по Првата балканска војна? Во Лондон

Кога бил склучен Букурешкиот мировен договор по Втората балканска

војна? 10 август 1913 година

Во чии војски биле мобилизирани Македонците во текот на Првата

светска војна? Во српските, бугарските и грчките

Во рамките на која земја влегол вардарскиот дел на Македонија по Првата

светска војна? Во Кралството на Србите Хрватите и Словенците

Кој ја предводел македонската колонија во Петроград која се залагала за

независна и обединета Македонија во една Балканска Федеративна

Демократска Република? Димитрија Чуповски

Кога ја отпечатил збирката на македонски јазик „Бели мугри“ поетот Кочо

Рацин? Во 1939 година во Самобор, Хрватска.

Кога бил објавен Мајскиот манифест за обединување на „левите“ и

„десните“ сили на ВМРО? Во 1924 година.

Кога бил убиен Тодор Александров? Во 1924 година.

Кога бил создаден Македонскиот литературен кружок во Софија? Во 1938 година.

Која година во Грција бил отпечатен македонскиот буквар „АБЕЦЕДАР“? Во 1925 година.

Кога започнало вооруженото востание во Македонија во Втората светска

војна? 11 Октомври 1941 година.

Кога бил формиран првиот баталјон Мирче Ацев како поголема воена

единица во Вардарска Македонија? На 18 август 1943 година.

Кој го отворил Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор

Пчински? Панко Брашнаров.

Кој бил избран за прв претседател на Президиумот на Првото заседание

на АСНОМ? Методија Андонов Ченто

Кога се одржал референдумот за осамостојување на Република Македонија

од Социјалистичка Федеративна Република Југославија? 8 септември 1991 година.

Златна маска со која биле погребувани мртвите од кралските семејства е

најдена во Микена и во: Требениште - Охрид

На кој начин Филип II успеал да загосподари со целиот хеленски свет? Со создавање на македонската фаланга.

Какви биле односите помеѓу Филип II и Хелените по битката кај Хајронеја во

338 г. ? Хеленските држави стапиле во федерација со Македонија.

Како се однесувал Александар III кон потчинетите народи? Со почит им дозволувал да ги задржат своите обичаи, религии и култура.

Како била поделена Македонија по римските освојувања? На четири области.

Што се случило со поголем дел од староседелското население во Македонија

со доаѓањето на Словените? Се помешало со Словените.

Зошто Македонија се смета за татковина на словенската писменост и

култура? Затоа што браќата Кирил и методиј ја создале првата словенска азбука глаголицата.

Кој манастир станал средиште на Охридската книжевна школа? Св. Пантелејмон.

Што е основа на богомилското учење? Дуализмот – борба меѓу доброто и злото.

На кој начин била организирана македонската држава во времето на

царот Самоил? Во централизирана држава - монархија

Зошто легендарниот крал Марко прифатил вазален однос кон

османлиската држава? За да го зачува своето кралство

Како доаѓале до имоти спахиите во османлиската држава? Имотите ги добивале како подрок од султанот, а во замена за тоа учествувале во војните како коњаници.

Кои две познати жени војвотки учествувале во вооружениот отпор против османлиската власт во Македонија? Сирма војвода и Донка Ушлинова - војвода

Зошто бил значаен отпорот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег? Затоа што извојувал слободна територија и се спротивставил на вазалсккиот однос кон султанот.

Зошто била укината Охридската архиепископија во 1767 година? Затоа што била изложена на напади од Цариградската патријаршија која била управувана од грчки патријарси.

Зошто доаѓа до развој на занаетчиството и трговијата во

македонските градови на крајот на XVIII век? Заради се поголемата преселба на македонското население од селата во градовите.

Зошто за време на преродбата се печателе учебници и се отворале училишта

на народен македонски јазик? Со зголемување на градското население се повеже се јавувала потреба од образование на свој мајчин јазик. Заради тоа се појавиле и првите училишта и учебници на народен јазик.

Зошто Македонците учествувале во востанијата на соседните народи

против османлиската власт? Затоа што се надевале дека еден ден и тие ќе им помогнат во борбата за ослободување од Османлиското владеење.

Што било предвидено со Берлинскиот договор по руско-турската

војна 1877-1878 година? Со Берлинскиот договор македонија и натаму останала во состав на Османската империја и не добила автономија.

Зошто Разловечкото востание не успеало? Бидејќи било предвреме кренато.

По успешниот тек на Кресненското востание востаниците

организирале:востаничка власт на ослободената територија.

За наметнување на своето политичко, духовно и културно влијание

во Македонија во XIX век делувале пропагандите на: србија, бугарија и грција

Кој можел да членува во македонската револуционерна

организација? Сите жители на Македонија без оглед на национална и верска припадност

Што сакала да постигне со испраќањето на меморандум македонската колонија во Петроград до Лондонската мировна конференција? Самостојност на Македонија.

Што се случувало со Македонија по Првата светска војна? Била поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција.

Каква била положбата на Македонците во Кралството СХС, Грција и

Бугарија помеѓу двете светски војни? Се водела политика на асимилација на македонскиот народ.

Каква била положбата на Македонците во Бугарија меѓу двете

светски војни? Се водела политика на асимилација.

Што направила Грција за менување на етничкиот состав на населението во

егејскиот дел на Македонија меѓу двете светски војни? Го протерала македонското население.

Кои цели биле изнесени во Манифестот објавен од ГШ на НОВ и

Партизанските одреди на Македонија во октомври 1943 година? Национално ослободување на замјата и создавање македонска држава

На кој начин било прогласено создавањето на македонска држава по

Втората светска војна? Со прогласувањето на Првото заседание на АСНОМ за највисоко законодавни и извршно претставничко тело и највисок орган на државната власт во македонија.

Која замисла започнал да ја остварува Александар III при освојувањето на земји и територии? Замислата на неговиот татко за воен поход против Персија.

Зошто се распаднала државата на Александар III Македонски по неговата смрт? Затоа што настанале династички борби околу престолот.

Зошто се појавило богомилското движење? Богомилското движење се појавило како отпор на народот против феудалната експлоатација.

До кој град најсеверно во Далмација стигнал при освојувањата

Самоил? До Задар.

Каква била положбата на Охридската архиепископија во Османската

Империја во однос на плаќањето на даноците? Охридската архиепископија морала да плаќа на султаните огромни даноци.

Зошто биле организирани вооружените и невооружените отпори во

Македонија? За ослободување од Османлиската власт.

Како била организирана власта во Крушевската република? Востаничка власт на чело со Никола Карев.

Што се случило со ВМРО по Рилскиот конгрес одржан во октомври

1905 година? Десното крило на ВМРО целосно се ставило во служба на великобугарските интереси.

Кои основни човекови права со декларацијата усвоена на Првото

заседание на АСНОМ на граѓаните на Македонија им биле

гарантирани? Правото да се изразуваат на свој мајчин јазик, правото на вероисповед и сл.

Какви политички промени се случиле во Македонија од нејзиното

осамостојување? Македонија од еднопартиски добива повеќепартиски систем

Кога владеел кралот Пердика I? 707 – 659 год. п. н.е.

Македонскиот крал Аминта I извесно време морал да ја признава власта на:Персија

Во битката кај Хајронеја Филип ги победил:Хелените

Мајката на Александар Македонски се викала:Олимпија

Западно од Солун се населило словенското племе:Драговити

Во кое место бил царскиот двор на Самоил во Преспа? Градот Преспа

Јован Владислав бил син на:Арон, братот на Самуил

Која година започнало востанието на Ѓорѓи Војтех? 1072 година

Која година започнало Карпошевото востание? 1689

Која година граѓаните на Охрид испратиле колективна молба до

Цариградската патријаршија да биде сменет грчкиот митрополит Мелетиј? 1860

Која година била формирана Македонската револуционерна организација? 1893

На основачкиот состанок на чело на Централниот комитет на Македонската

револуционерна организација бил избран:д-р Христо Татарчев

Гоце Делчев се родил во:Кукуш

Јане Сандански бил убиен на:22 април 1915

Стихозбирката „Бели мугри“ Кочо Рацин ја отпечатил во:Самобор Хрватска

Која година грчката држава со закон ги променила топонимите во егејскиот

дел на Македонија? 1926

На Првото заседание на АСНОМ учествувале:116 делегати

Првиот Устав на Народна Република Македонија бил донесен во:1946 година

На кој начин Филип II постигнал успеси во зацврстувањето на државата? Спровел реформи во внатрешното уредување на државата.

Зошто е важно постоењето на Охридската книжевна школа? Заради ширење на писменоста и замена на грчката богослужба со словенска

На кој начин се засилил отпорот на населението во Македонија против

византиското власт во XI век? Преку организирање на ослободителни востанија

Кое население покрај албанското учествувало во востанието на Скендер-бег

од 1443 година? Македонското

Зошто било големо значењето на првите црковно-училишни оштини? Затоа што преку нив се чувал македонскиот дух, културата и традицијата.

Зошто Гоце Делчев не се согласувал со одлука за кревање на востание? Сметал дека не постојат поволни услови за кревање на општо востание

Што се случило со Македонците во Грција по Првата светска војна? Биле протерани

На почетокот на октомври 1941 година биле формирани партизански одреди

во:Прилеп и Куманово.

Која била основната економска реформа во Република Македонија по

осамостојувањето? Приватна сопственост и пазарна економија

Зошто дошло до влошување на односите меѓу Македонија и Рим во времето

на Филип V? Затоа што Филип Петти склучил сојуз со Картагина

Каква била улогата на околиските револуционерни чети формирани од

ТМОРО? Да го подготвуваат населението за востание

Каква била положбата на Македонците во егејскиот дел на Македонија во

периодот на дикатурата на Јоанис Метаксас? Еден од најтешките историски периоди. Несмееле да го употебуваат македонскиот јазик и биле принудени да го учат грчкиот јазик

Преродбата во Македонија започнала со дејноста на:Крсте Петков Мисирков

Во периодот од 1941 до 1944 год. во градот Скопје биле стационирани

војските на:Бугарите

Пролетта 1916 год. бил отворен Македонскиот фронт откако на страната на

Централните сили се приклучила:Бугарија

Која година се одиграла битка на Беласица?1014

Најголем противник на царот Самуил бил византискиот владетел:Василиј

Кога се одржани првите парламентарни избори во Република Македонија? 11 ноември 1990

За претседател на Привремената влада на Крушевската Република бил

назначен:Никола Карев

Што се случило по смртта на Кирил и Методиј со нивните ученици кои биле

во Велика Моравија? Тие биле прогонети од Моравија и се вратиле на Балканот

Брзиот пораз на Карпошевото востание настанал поради:повлекувањето на австриската војска

Организатор и идеен водач на Разловечкото востание бил: Димитар поп Георгиев Беровски

По битката кај Херонеја Филип II свикал конгрес во:Коринт

Првиот устав на самостојна и независна Република Македонија го донело

Собранието на Република Македонија на:17 ноември 1991

Незадоволството од решенијата на Берлинскиот конгрес било една од

причините во Македонија да се организира востание познато како:Разловечко

Во времето на кралот Архелај престолнина на државата станал градот:Пела

Првиот Конгрес на МРО бил одржан во:Солун

Кнезот Борис го испратил Климент во Кутмичевица:886

Што значи поимот склавинии? Племенски територии на одделни словенски племиња

Главното светилиште на aнтичките Македонци се наоѓало во:Дион

Најголем противник на македонскиот крал Филип II бил водачот на

демократите во Атина:Демостен

Група македонски интелектуалци кои ги организирале солунските атентати

познати се под името:Солунски атентатори

Мировниот договор потпишан со Римјаните по поразот кај Киноскефале му

овозможил на македонскиот крал Филип V:да владее само со териториите во границите на Македонија

Првата победа во борбата со персиската војска Александар III ја извојувал

кај:реката Граник

Која од хеленските држави не учествувала на Општохеленскиот конгрес во

Коринт свикан од страна на Филип II? Спарта

Последниот македонски крал кој бил поразен од Римјаните во битката кај

Пидна бил:Персеј

По доселувањето во Македонија словенските племиња неуспешно се

обидувале да го освојат градот: Солун

Распаѓањето на Македонската држава по смртта на Александар III било

предизвикано поради:династички борби за прстолот

Првата балканска војна завршила со мирот потпишан во:Лондон

Дејноста на Кирил и Методиј има општословенско значење затоа што:ја вовела писменоста кај словенските народи

Филип II ја вовел монетата:статер

Кога владеел македонскиот крал Архелај I? 413 – 399 год. п. н.е.

Во востанието организирано од Ѓорѓи Војтех за цар бил прогласен: Константин Бодин

Што му предале египетските свештеници на Александар III при влезот во

Мемфис? Двојната круна и го прогласиле за син на богот Амон

По барање на кнезот Ростислав, браќата Кирил и Методиј заминале на мисија

во:Моравија

Која била целта на востанието на Ѓорѓи Војтех? Ослободување од византиска власт

Филип II ја покорил Атина по битката кај:Херонеја

По наредба на генералот Пиколомини австриската војска го запалила градот:Скопје

Кој биле причините за Првата римско-македонска војна? Македонскиот сојуз со Картагина

Поради што била организирана Прилепско-мариовската буна? Поради големите даноци и самоволието на Османлиските власти

По освојувањето на Египет, Александар III Македонски изградил:градови од кои најпознат е Александрија

Еден од главните постулати на богомилското дуалистичко учење бил:борбата на доброто и злото

Првиот устав на Македонската револуционерна организација го изработил:Петар Поп Арсов

Против што биле богомилите во своето делување? Против феудалците

Приврзаниците на младотурското движење се залагале за промени во

османлиската држава од кои најзначајна е:аграрната реформа

Со решенијата на Париската мировна конференција во 1919 год. за

Македонија биле потврдени одредбите на договорот потпишан во:Букурешт 1913

Главниот штаб на НОВ и ПОМ го организирал февруарскиот поход со цел:да се разгорат борбените дејствија во источна и централна Македонија

Една од причините за неуспех на Кресненското и Илинденското востание

била:предвременото кревање на востанијата

Заедничка карактеристика на Првата и Втората балканска војна е тоа што:се воделе на територијата на Македонија

Првата словенска азбука создадена од браќата Кирил и Методиј е позната

како:глаголица

Првата мисија на Кирил и Методиј е позната под името:моравска мисија

По смртта на Самуил македонски цар станал неговиот син:Гаврило Радомир

Со терминот тимар се означува:имот даден на управување

Првата поголема буна организирана во Македонија против османлиската

власт е позната под името:Мариовско-прилепска

Што се случило со хеленските градови-држави по поразот кај Херонеја во

338 година пр. н.е.? Станале дел од македонското царство

Која била целта на грабнувањето на мисионерката Мис Стон? Да се чуе за борбата што ја води македонскиот народ

По неуспехот на Илинденското востание за надминување на проблемите во

ТМОРО бил одржан конгрес во:Рилскиот манастир

Младотурската револуција започнала со одметнувањето на Нијази-бег од

гарнизонот во градот:Битола

Привременото обединување на,,левите‘‘ и,,десните‘‘ македонски револуционерни сили било постигнато 1924 год. со потпишувањето на т. н.

Мајски манифест во:Виена

Подготовките за свикување на АСНОМ биле реализирани од:ЦК КПМ

Првиот роман на македонски јазик,,Село зад седумте јасени ‘‘ го напишал

писателот:Славко Јаневски

Теодосиј Синаитски дејствувал во Солун и е значаен затоа што во 1838

год.:ја отворил првата печатница на македонски јазик

Најзначаен орган на цивилната власт на Крушевската Република бил:Совет на Крушевската република

За Македонија со решенијата донесени во Букурешт 1913 година било

предвидено:да биде поделена помеѓу Србија, Бугарија И Грција

Со потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена 1924 година

македонските револуционерни сили:привремено се обединиле

По осамостојувањето Р. Македонија го напуштила општествениот систем

познат како:социјализам

Санстефанскиот договор бил ревидиран по барање на Големите сили затоа

што со неговите решенија:не биле задоволни големите сили

Седиштето на самостојниот феудалец Добромир Хрс било во:Просек

На Првото заседание на АСНОМ била донесена одлука во врска со

македонскиот јазик, која гласи:македонскиот јазик е службен јазик во Македонија

За прв македонски архиепископ и поглавар на Македонската православна црква бил избран:Доситеј

Највисок орган на ТМОРО бил:Централен комитет

За време на кој настан бил убиен кралот Филип II Македонски? За време на свадбата на неговата ќерка Клеопатра