Се забележува намалување на бројот на децата во основното образование, при истовремено зголемување на бројот на наставниците. За разлика од основното образование, бројот на учениците во средното образование благо се зголемува, а расте и бројот на наставниците.
Табела 30: Број на ученици и наставници во средното образование во Општината Богданци
ученици | наставници | |
2000/2001 | 306 | 25 |
2001/2002 | 306 | 26 |
2002/2003 | 283 | 27 |
2003/2004 | 247 | 25 |
2004/2005 | 248 | 20 |
2005/2006 | 262 | 27 |
2006/2007 | 288 | 30 |
2007/2008 | 303 | 27 |
2008/2009 | 270 | 24 |
2009/2010 | 299 | 24 |
2010/2011 | 312 | 31 |
2011/2012 | 311 | 36 |
2012/2013 | 329 | 31 |
2013/2014 | 328 | 35 |
Извор: Државен завод за статистика
Состојбата и движењето на бројот на децата згрижени во установи за згрижување и воспитување (детски градинки) и бројот на вработените во нив е прикажан во следнава табела:
Табела 31: Број на деца згрижени во установи за згрижување и воспитување (детски градинки) и број на вработени
Деца | Вработени | |
2005 | 102 | 18 |
2006 | 119 | 19 |
2007 | 160 | 22 |
2008 | 158 | 23 |
2009 | 145 | 23 |
2010 | 149 | 24 |
2011 | 157 | 23 |
2012 | 161 | 24 |
2013 | 195 | 27 |
Извор: Државен завод за статистика
Здравство
Здравствената заштита на населението во Богданци се извршува во преку повеќе ПЗУ во рамки на ЈЗУ Здравствен дом. Во населените места Стојаково, Селемли и Ѓавото (постојано или повремено), здравствената заштита се извршува во здравствени амбуланти.
Во Богданци населението добива здравствени услуги во Ројал Медика која е првата поликлиника во јужниот дел на Македонија која успешно работи од 2008 година. Поликлиниката се простира на 1330 m2 простор за работа опремен со нова и модерна апаратура со што се зголемени можностите за високостручни и квалитетни здраствени услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита т. е. дијагностика и амбулантско-поликлинички третман на заболувањата.
Генерално гледано здравствената состојба на населението е добра, до сега некои поконкретни податоци за поврзаноста на нарушувањето ( загаденоста ) на животната средина со здравствената состојба на населението во одредени населби или на подрачјето на целата Општина нема. Меѓутоа се чувствува потреба од една поиздржана анализа за поврзаноста на здравјето на луѓето со состојбата на животната средина со што би се добила пореална слика за најчести заболувања, професионални заболувања, најчести заразни болести, морталитет и друго. Добрата здравствена состојба на населението е резултат на добра здравствена заштита, начинот на живеење и релативно незагадената животна средина. За да се задржи оваа поволна здравствена состојба на населението треба да се преземат мерки за отстранување на потенцијалните загадувачи и на животната средина и на човекот: депониите и отпадните води.
Загадувањето доаѓа од градската депонија која не ги задоволува санитарно техничките услови, нејзината локација, постоењето на диви депонии и нивното палење. Состојбата со цврстиот отпад може да се оцени како исклучително штетна и епидемиолошки опасна за човековото здравје. Опасноста започнува уште од домовите на граѓаните поради непостоење на соодветни канти и контејнери за отпадоци, возилата и начинот на кој се транспортира сметот до депонијата.
Сериозен ризик по здравјето на граѓаните се и отпадните води од домаќинствата и индустријата која се испушта во реципиентите без соодветен третман.
Водата за пиење во изворот ги задоволува хигиенско санитарните стандарди, но до нејзиното загадување може да дојде во мрежата поради чести дефекти поради застареност.
Според податоците кои ги дава Заводот за Здравствена заштита кој ја следи и состојбата на прехранбените производи кои се продаваат и консумираат на подрачјето на Општината, смета дека се продаваат голем број на производи без проверен квалитет, се транспортираат на неадекватен начин и се чуваат и продаваат на сонце.
Индиректно здравјето на населението зависи и од здравјето на добитокот. Кај добитокот најчесто заболување, но не во големи размери е бруцелозата. За заштита на животните од заразни болести, се превземаат превентивни мерки според препораките од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Култура и спорт
Веќе 60 години за празникот 1-ви Мај во Стојаково се одржуваат традиционални и единствени на овие простори трки на коњи и магариња. Влечење на јаже, скокање со вреќа, велосипедска и атлетски трки се исто така дел од дисциплините на првомајските трки.
Богданското културно лето е традиционална културно-уметничка манисфестација која се одржува од средината на месец јули до почетокот на месец септември секоја година, како наследник на Богданските средби. Во оваа манифестација земаат учество реномирани уметници од земјата и странство изведувајки арии, театарски и балетски претстави како и концерти на популарни инструментални композиции. „Богданското културно лето“ го одржува исклучителниот епитет на традиционално зближување на граѓаните од Општина Богданци со спој на музика, театар и игри.
Графичката работилница,,Софија’’ се оддржува во август и се вбројува како единствена во земјава. Прецизираната главна сесија продолжува да живее во текот на целата година. Ангажирани се класични графички техники и тоа висок печат, длабок печат, рамен печат и попустлив печат. Изложбените дела се од меѓународен карактер, а активностите се случуваат во печатницата,,Софија’’ – Богданци.
Од другите поважни настани ќе ги споменеме:
· Коледарскиот Хепенинг традиционално се одржува на 5 јануари во Богданци и на 6 јануари во Стојаково
· Априлијада – Маскарада во Април на Денот на шегата
· Св. Трифун, на 14 Февруари, и други
Во општина Богданци постојат повеќе спортски сали и спортски терени. Од спортските клубови кои оставиле виден белег на територијата на општината ќе ги споменеме:
• ФК Вардарски
• РК Младост
• ЖРК Млаз, и
• ФК Пролетер
Од актуелните спортски клубови и здруженија ќе ги споменеме:
· Здружение на граѓани Ракометен клуб МЛАДОСТ 09 Богданци
· Здружение на граѓани Спортски клуб ЦИКО с. Стојаково Богданци
· Спортски стрелачки клуб МАГНУМ Богданци
Основни стратегиски вредности на Општина Богданци
Стратегиска работилница
Во изработката на стратегијата 2015-2020 година се тргна од претходната стратегија, анализата на статистичките податоци, анализата на предностите и слабостите на Општината и потребите на граѓаните и заинтересираните страни. Беа анализирани и стратегиските документи на ниво на Република Македонија, првенствено Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година. Осебно внимание се обрна на документите донесени од Европската Комисија, како на пример „Европа 2020. Стратегија за мудар, одржлив и инклузивен раст“, Брисел 2010 година, или проекти финансирани од Европската Унија а кои се однесуваат на развојот на регионот: „Југоисточна Европа 2020. Работни места и просперитет во европска перспектива“, од Советот на регионална соработка, 2013 година. Во оваа смисла во Стратегијата се прави напор да се постават цели кои означуваат и овозможуваат мудар, одржлив и инклузивен раст, секаде каде што тоа е можно.
Заложба на Општината е да ја креира Стратегијата за развој на Општината на партиципативен начин, во разговор со заинтересираните страни. Со цел да се обезбеди разбирање на потребите, очекувањата и стремежите на граѓаните и заинтересираните страни во Општината, а и за да се обезбеди инклузивност и вклученост на заинтересираните во процесот на креирањето на Стратегијата, се одржаа две стратегиски работилници во организација на претставници од Општината, од одделението за Локален економски развој. Присутни беа претставници на деловните субјекти во Општината, на населените места, граѓанските здруженија, јавните претпријатија, земјоделците, пензионерите, младинците. Стратегиските работилници се водеа согласно претходно дефиниран дневен ред и распоред на активности во кои заинтересираните страни имаа можност да ги изразат своите видувања и очекувања за идниот развој. Стратегиските работилници се одвиваа во траење од 4-6 часа. Списокот на учесниците на првата и втората стратегиска работилница, како и дневниот редн на работилниците е даден во анекс на оваа стратегија.
Повеќето учесници на стратегиската работилница го изразуваат своето основно очекување за подобрување на условите за вработување во Општината, бидејќи голема е невработеноста во Општината. Многу млади ја напуштаат Општината што е видливо првенствено во опаѓањето на бројот на деца во основното образование во Општината.
Очекувањата се исто така дека договореното за тоа во кој правец да се движи Општината треба да се следи постојано во текот на имплементацијата на Стратегијата за развој на Општината 2015-2020 година. Тоа значи дека ќе се формира тим кој постојано ќе проверува како се остваруваат договорените цели. Тоа ќе се следи на редовно ниво од Советот на Општината, но и од другите заинтересирани страни, првенствено организирани во рамките на Локалниот Економски Совет.
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 |


