Достигнувања и очекувања
Граѓаните на Општината истакнуваат повеќе активности и достигнувања во текот на последните 10-тина години како успех на Општината Богданци. Истовремено, ги изразуваат и своите стремежи за потреби активности за иднина.
Слика 6: Достигнувања, стремежи и очекувања

Некои од постигнатите работи и активности ги прави посебно горди. А воедно тие ја изразуваат својата перцепција за тоа како ја гледаат Општината Бпгданци во иднина и што би ги правело жителите на општината горди во иднина:
Слика 7: Активности и достигнувања со кои Општината се гордеела во минатото и би се гордеела и во иднина

Визија на Општината Богданци
Општина Богданци до 2020 година ќе биде посакувано место за живеење, атрактивна туристичка дестинација и дестинација привлечна за инвеститорите, со развиено-современо земјоделско производство и еколошки чиста средина, носител на сопствениот економски и културен развој, рамномерно на територијата на целата Општина, со современо живеење, со висок квалитет на јавни услуги и модерна инфраструктура.
Мисија на Оштината Богданци
Како оштина со големи потенцијали се залагаме за развој и искористување на природните и човечки ресурси со цел подобрување на животните услови на локалното население, преку имплементирање на современи мерки во земјоделството, туризмот и другите дејности, спздавајќи услови за вработување на населението, водејќи сметка за заштитата и унапредувањето на животната средина, како и зашувување и промовирање на културно-историското наследство.
Цел на Оштината Богданци
Зголемување на благосостојбата и подобрување на животните услови на локалното население, на корпоративните граѓани и на посетителите во Општината.
Вредности на Општината Богданци
Развој на социо – економските и културно – историските вредности, вработување и одржливо искористување на природните ресурси.
Посветеност
Во заложбите за одржлив развој посветени сме на воспоставување и одржување административни и финансиски добри пракси за ефикасно и ефективно испорачување на услугите кои жителите на нашата Општина.
Одговорност
Одговорни сме и ги почитуваме отчетноста и транспрентноста. Ги развиваме човечките ресурси и на барањата за испорачување услуги од нашите жители се обидуваме навремено да одговараме.
Гостопримност
Партиципативност и дијалог
Постои слога во Општината.
Заинтересирани страни на Општината Богданци
Табела 32: Заинтересирани страни на Општината БОгданци
Заинтересирани страни | Интерес | Влијание |
Граѓаните | Голем | Средно |
Бизнис сектор | Голем | Мало-Средно |
НВО | Голем | Средно |
Земјоделство | Голем | Големо |
Невработени | Голем | Мало |
Осигурителни компании | Мал | Средно |
Институции јавни | Мало | Големо |
Пензионери | Голем | Мало |
ПЕСТЛЕ Анализа
• Политички
• Политичка состојба
• ЕУ Директиви
• Економија
• Рецесија
• Намалена куповна моќ
• Недостапни кредити
• Зголемување на невработеност
• Социо-културна
• Демографски промени
• Животниот стил
• Традиција
• Мешовит етнички состав
• Технолошка
• Намалено вложување во иновацијата
• Застарена механизација
• Комуникациска поврзаност(добра)
• Правна
• Законска регулатива
• Меѓународни/европски договори/закони
• Категорија на животната средина
• Еколошки чиста средина
• Поволна географска положба
• Еколошка свест ниска
• Постоење на законска регулатива (екологија)
Анализа на силните и слабите страни, можностите и заканите
Силни страни на Општината Богданци
· Поволна географска положба.[5].
· Поволна медитеранска и континентална клима
· Гостопримливо население
· Квалитетна и етичка работна сила
· Во општината постојано се јавуваат таленти и постои систем за нивно развивање во основното и средното образование
· Добар образовен систем
· Квалитетно земјоделско производство
· Постојат објекти од лесна индустрија
· Функционална инфраструктура
· Колекторски систем
· Постоечки систем на наводнување
· Подземни води
· Традиција и услови за спорт
· Ловни терени со дивеч, особено прелетен дивеч
· Традиција и услови за културни активности
· Релативно добри здравствени услуги
· Ниска стапка на криминал
Слаби страни на Општината Богданци
· Недоволно пласирање на земјоделските производи
· Немање на водни ресурси
· Голем број невработени
· Неадекватно инфраструктурно поврзување со граничните премини
· Недоволна посветеност на Општинската администрација
· Непостоење на дијалог меѓу Општината и заинтересираните страни во Општината
· Непостоење на урбанистички планови
· Условите во образовните установи и културните центри
· Немање на локални медиуми
· Непостоење на туристичка понуда
· Немање на центри за рехабилитација и згрижување
· Ниска еколошка свест
· Непостоење на пречистителна станица во општината
· Лош квалитет на водата за пиење во Стојаково
· Диви депонии
· Недостаток на на синергија, волја, оптимизам, оперативност
· Непостоење здравствена станица во Општината
· Нема брза помош
· Нема противпожарно возило и служба
Можности
· Соработка со ЕУ преку Грција
· Користење на развојни фондови
· Прекуграични проекти со Грција и Бугарија
· Јавно приватни партнерства
· Брендирање на клучните производи (калинка, смоква, кромид)
· Близина до мегународни патишта
· Услови за развој на нови производи, на пример цвеќарството
· Алтернативни извори на енергија
· Богатство со подземни води
· Развој на туризам
· Подобрување на понудата на спортско рекреативни објекти
· Наоѓање промотори на Општината
Закани
· Намалување на наталитетот
· Намалување на водните ресурси
· Одлевање на млади образовани кадри
· Високи каматни стапки и неповолна политика на финансирање
· Неактивен бизнис сектор и мала иницијатива за дијалог
· Немање доверба и ентузијазам кај главните носители на развојот во Општината
· Геополитички случувања
· Регионална безбедност
· Загадување на околината
· Влошување на климатските услови
Што ќе се смета за успех во периодот 2015-2020 година
· Во Богданци да ги има повеќето административни услуги што ги имаат останатите општини во Република Македонија, а за останатите да има организирано функционална можност за нивно обезбедување преку соседните општини.
· Во општината Богданци да има повеќе инвестиции, и тоа преку реставрирање на фабриките и со отоврање на нови фабрики.
· Развиена инфраструктура, а особено градба на улици и патишта,
· Поголема стапка на вработување,
· Рамномерен развој на сите насечени места во општината,
· Урбанистички план за Богданци, Стојаково и за останатите населени места,
· Реновирање на зградите на основно училиште,
· Развој на култура, особено преку организирање на фестивали
· Развој на туризмот.
ПРАВЦИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ
По сеопфатно извршените анализи на податоците добиени од Профилот на општината, резултатите од СВОТ анализата, а посебно имајќи ги во предвид и природните ресурси со кои располага општина Богданци, членовите на работната група се согласија дека стратегиските области дефинирани со Стратешкиот план за локален развој на општина Богданци за периодот од 2015 до 2020 година идентификуваа дека приоритетни области за развој од минатиот период остануваат сé уште да бидат важечки и значајни. Постојните стратегиски области се вклопуваат во основните стратешки цели дефинирани во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година (развој на конкурентни плански региони што се одликуваат со динамичен и одржлив развој и поголема демографска, економска, социјална и просторна кохезија меѓу и во рамките на планските региони во Република Македонија).
Стратегиска област 1: Подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Богдаци и обезбедување инклузивен раст од социјален и територијален аспект
Стратегиска област 2: Развој на конкурентна економија во општината
Стратегиска област 3: Одржлив развој преку зачувување на животната средина и одржливо управување со природните ресурси
ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИСКИТЕ ПРАВЦИ
Слика 8: Преглед на Стратегијата 2015-2020
Стратеги-ски правци | Подобрување на квалитет на живот на граѓаните на Општина Богданци и обезбедување инклузивен раст од социјален и територијален аспект | Развој на конкурентна економија во општината | Одржлив развој преку зачувување на животната средина и одржливо управување со природните ресурси | |||||
Стратегиски цели | Подобрување на квалитетот на јавните услуги | Подобрување на инфраструктурата | Подобро управување во Општината | Создавање добра деловна клима | Развој на земјодел-ство | Поттикну-вање на претприем-ништво, МСП | Намалување на загадувањето | Зголемување на користењето на обновливата енергија |
Конкретни цели | · Подобрување на воспитно образовниот процес · Подобрување на здравствената состојба на населението · Збогатување на културните и спортските содржини · Подобрување на социјалната заштита | · Целосно справување со фекалните и атмосферските води · Подобрување на патната инфра-структура · Подобрување на останатата физичка инфраструктура | · Подобро функционирање на Општината и обезбедување подобри услови на граѓаните и деловните субјекти · Усвојување на урбанизтички планови во сите населени места | · Обуки · Информирање · Промовирање · Вклучување во државни, регионал-ни и ЕУ проекти и иницијативи · Развој на човечкиот капитал · ЈПП | · Општински центар · Обуки · Информира-ње · Промоција · Поддршка за соработка | · Обуки · Информира-ње · Промоција · Развој на туризмот | · Зачуву-вање на животна-та средина · Учество во гло-балната борба против климат-ските промени | · Зголему-вање на користе-њето на обнов-ливата енергија |
АКЦИСКИ ПЛАН
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 |


