Комуналната дејност на територијата на Општина Богданци за водоснабдување, отпадни води, прибирањето и одлагање на сметот и погребалните услуги ги обавува ЈП "Комунална чистота". Тоа е основано како јавно претпријатие со одлука на Советот на општина Богданци (бр.07-1573/5 од 21.10.2009 година), запишано во централен регистар со ЕМБС 6547389 на 24.12.2009 година.

Општина Богданци располага со опрема на приклучокот на ХС "Дојранско Езеро", со која водата која се користи во летниот период од технолошка ја приспособува во вода за пиење. Покрај тоа, на пумпната станица во Ѓавото е инсталирана постројка за гасно хлорирање за дезинфекција на водата за пиење. Со овие два зафати се заокружи процесот на производство и дистрибуција на чиста вода за пиење.

Јавната чистота се одржува во централното градско подрачје и пред јавните објекти.

Во општината Богданци егзистира и ЈПКД „Водовод “ кој со последните измени ги врши следните основни дејности:

·  изградба на хидроградежни објекти како главна претежна дејност, а покрај тоа и:

·  чистење на објекти

·  управување со гробишта

·  вршење на оџачарски услуги

·  ерадикација на животни скитници

·  дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Економија

Бруто домашниот производ на жител во Југоисточниот регион, според податоците на Државниот завод за статистика, изнесува 244.207[2] МКД во 2012 година и е поголем од БДП на жител на РМ кој изнесува 222 519 МКД. Југоисточниот регион генерира 36.457 милиони МКД додадена вредост во 2012 година, што претставува 9,2% од вкупната додадена вредност во 2012 година. Притоа, Југоисточниот регион е трет по големина регион во Република Македонија, врз основа на критериумот додадена вредбост: по Скопскиот и Пелагонискиот регион.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Табела 15: Бруто додадена вредност според секторот на дејност, 2012 (претходни податоци)

Сектор

Милиони МКД

%

Бруто додадена вредност

36.457

100,0%

Земјоделство, шумарство; рибарство

12.515

34,3%

Рударство и вадење на камен;
Преработувачка индустрија;
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, управување со отпад, санација на околината

5.923

16,2%

Градежништво

2.279

6,3%

Трговија на големо и на мало;
Поправка на моторни возила
и мотоцикли; Транспорт и
складирање; Објекти за сместување
и сервисни дејности со храна

6.441

17,7%

Информации и комуникации

97

0,3%

Финансиски дејности и дејности на осигурување

189

0,5%

Дејности во врска со недвижен имот; инпутирани ренти

3.213

8,8%

Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности

318

0,9%

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално
осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита

3.479

9,5%

Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности

2.004

5,5%

Извор: Државен завод за статистика: Регионите во Република Македонија, 2014 година

Потенцијали

Метални и неметални суровини

По својата местоположба, територијата на Општината припаѓа на вардарската геотекстонска зона и во овие рамки се среќаваат следните геолошки супстрати :

- дијабаз на мали површини што гравитираат кон граничниот премин Богородица,

- биотитски гнајсеви (во поголемиот дел на Пугана),

- кварц-кератопорфири (северно од р. Вардар),

- амфиболитски шкрилци ( северно од Богданци),

- гнајсеви од седиментно потекло (кај Стојаково и грчката граница),

- лиас (кон северозападните падини на планината Карабалија).

Потенцијали за развој на туризмот

Спортско стрелачкиот клуб Магнум од Богданци секоја година е организатор на Меѓународен Гран-При турнир во летачки мети (глинени гулаби). На овој турнир учествуваат стрелачи од соседните земји и тоа репрезентативци на Република Бугарија, Србија, Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина. Вообичаено, на овој турнир учествуваат 40-50 натпреварувачи. Стрелачките терени со кои располага овој клуб се единствени од ваков вид во Македонија и едни од ретките на Балканот.

Дивечот и богатата орнитофауна што се застапени во регионот по својот состав е мошне атрактивен и го привлекува вниманието на голем број ловци – туристи од поширокиот простор на Европа. Само во еко системот на Дојранското езеро се среќаваат над 80 видови на птици, а поголемиот број од нив се со статус на ретки и загрозени видови од прва, втора и трета категорија во Европа. Цел на Општината е со развојот на ловниот туризам да се овозможи продолжено и порационално искористување на другите туристички инфраструктурни објекти во регионот надвор од главната туристичка сезона.

Иако Општината Богданци има добри услови за туризам, според податоците на Државниот завод за статистика нема регистрирано ноќевања на домашни или странски гости во Општината во текот на последните 10 години.

Доминантни стопански гранки

Вработените на територијата на Општината Богданци се вработени во повеќе стопански области: преработувачка индустрија, земјоделство, трговија, финансиски услуги, јавни услуги, образование и здравство и администрација.

Постојат повеќе стопански субјекти. Има неколку текстилни фабрики кои спаѓаат во категоријата на лесна текстилна индустрија. Постои капацитет за преработка на млеко и производство на производи. Исто така има и погон за преработка и конзервирање на земјоделски производи. Постои и погон за производство на средства за лична хигиена.

Табела 16: Број на Активни деловни субјекти по сектори на дејност според НКД Рев.1, состојба 31 декември

Дејност / Година

Број на субјекти

2009

2010

2011

2012

2013

Вкупно

321

327

331

327

311

Земјоделство, шумарство и рибарство

24

21

25

21

21

Рударство и вадење на камен

1

2

2

2

1

Преработувачка индустрија

32

38

37

35

28

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

1

-

-

-

-

Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад; санација на околината

2

3

2

3

Градежништво

7

8

8

10

9

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли

143

145

143

149

138

Транспорт и складирање

44

42

46

45

35

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

35

29

29

26

29

Информации и комуникации

-

-

1

-

1

Финансиски дејности и дејности на осигурување

-

-

-

-

-

Дејности во врска со недвижен имот

7

-

1

1

2

Стручни, научни и технички дејности

-

4

5

7

9

Административни и помошни услужни дејности

-

2

1

1

1

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

-

1

-

1

1

Образование

3

4

4

4

5

Дејности на здравствена и социјална заштита

14

15

15

15

15

Уметност, забава и рекреација

10

6

5

4

5

Други услужни дејности

8

6

4

8

Дејности на домаќинствата како работодавачи

-

-

-

...

Дејности на екстратериторијални организации и тела

-

-

-

...

Извор: Државен завод за статистика

Табела 17: Активни деловни субјекти по големина, по години, состојба 31 декември

Вид / Број на субјекти по години

2009

2010

2011

2012

2013

Вкупно

321

327

331

327

311

Микро

183

186

211

230

213

Мали

133

136

115

93

91

Средни

5

5

5

3

5

Големи

-

-

-

1

2

Извор: Државен завод за статистика

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15