1. Стратегиска област: Подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од Општината Богданци и обезбедување инклузивен раст од социјален и територијален аспект
Стратегиски цели | Подобрување на квалитетот на јавните услуги | |||
Конкретни цели | · Подобрување на воспитно образовниот процес | · Подобрување на здравствената состојба на населението | · Збогатување на културните и спортските содржини | · Подобрување на социјалната заштита |
Мерки, иницијативи и активности | · Подобрување на стандардот на образованието во основните и средните училишта, согласно програмите во државата и согласно локалните иницијативи · Реновирање на кровови, подови, фасади, спортски сали и други потреби на објектите во основните и средните училишта · Дополнување со потребната опрема во училиштата, таму каде што е потребно · Обезбедување на сите стандарди за безбедност за децата и вработените во училиштата · Поврзување и соработка на образовните институции, бизнис секторот и јавните институции | · Доопремување на објектите за примарната здравствена заштита на територија на општината · Демографска ревитализација согласно Популационата политика на Р. Македонија · унапредување на примарната здравствена заштита за репродуктивното здравје, мајчинството, доенчињата и малите деца, · подобрување на здравствената заштита на постарите лилца, · анализа за тоа дали некои служби можат да се организираат во Општината (на пр. брза помош) а доколку не можат да се подобри функционалноста на нивното обезбедување од соседните општини · Сензитација и заштита на населението од елементарни непогоди, штетници и инсекти | · Реконструкција на домовите на култура во населените места · Модернизација на библиотеките · Поддршка на постојните КУД · Анализа на потребата и можностите за отварање на општински музеј · Поддршка на млади таленти од областа на културата · Воспоставување процедура за иницирање и оцена на предлози за организирање културни манифестации · Изградба на спортски, ракометни сали во ОУ · Воведување на програми за масовно вклучување на населението во активни спортски настани: спортски денови, денови на трчање, денови на пешачење исл. · Поддршка и развој на спортските клубови, друштва и здруженија · Подобрување на условите за спортување за младите · Воспоставување систем на натпреварување, систем на наградување базиран на резултати (групни и индивидуални спортови) во основните и средните училишта · Поддршка на млади спортски таленти | · Реновирање на градинки · Анализа за изградба на старски дом, вклучитено преку ЈПП · Активности за учество на проекти за справување со сиромаштијата и различни видови социјална инклузија на проекти достапни на ниво на држава или со користење на ЕУ фондови · Вклучување во активностите на Југоисточниот плански регион: o Институционална поддршка на маргинализираните и ранливи категории (вклучувајќи лица со посебни потреби) и правните субјекти за остварување на загарантираните права o Обезбедување услови за квалификација, доквалификација и вработување на лица корисници на социјална помош, маргинализирани категории граѓани и ранливи групи o Подигнување на јавната свест за прифаќање на маргинализираните групи граѓани и лицата со посебни потреби o Анализа и креирање база на податоци за моменталната состојба и воспоставување дополнителни услуги за стари и изнемоштени лица |
Индикатори за имплемен-тацијата | · Задоволување на стандардите за современо одвивање на настава · Освојување награди за одделни дисциплини на општинско, регионално ниво и пошироко. · Број на реновирани објекти · Долгорочна заштеда на финансиски средства (огрев и одржување) · Зголемување на безбедноста на учениците · Дефинирани заеднички проекти и модус на заедничка соработка во рамките на Локалниот економски совет или некој друг форум на соработка меѓу бизнисот и образовните институции | · Добар здравствен статус на населението во Општината што се согледува во годишните извештаи од здравствениот сектор кои се разгледуваат од страна на Локалниот економски совет · Добар здравствен статус на социјално почувствителните групи: постарите лице, мајки, доенчиња, мали деца | · Развој на нови културни програми · Број на нови ченови на КУД · Број на реновирани објекти | · Број на реновирани објекти · Број на новоотворени установи · Број на проекти на кои субјекти од Општината учествуваат за социјална инклузија и справување со сиромаштијата |
Буџетирани финансиски средства[6] | · 10.000.000 МКД | · 3.000.000 МКД | · 55.000.000 МКД | · 4.000.000 МКД |
Одговорни за имплемента-ција | · Наставници · Локална самоуправа · Министерство за образование и наука · Наставниците во основните и средните училишта ќе преземаат активности за да обезбедат одлична настава во училиштата, да ги откриваат, промовираат и мотивираат талентите и да обезбедуваат повеќе внимание за учениците кои имаат потреба од тоа. · Локален Економско Социјален Совет | · Здравствени организации, · Локална самоуправа, · Југоисточен плански регион, · Министерство за здравство | · Локална самоуправа, · Локален Економско Социјален Совет, · граѓански сектор, · донации · Министерство за култура · Спортски клубови · | · Социјални работници · Локална самоуправа · Министерство за труд и социјални работи · Локален Економско Социјален Совет · Детска градинка |
1.2. Стратегиска цел: Подобрување на физичката инфраструктура во Општината
Стратегиски цели | Подобрување на инфраструктурата | ||
Конкретни цели | · Целосно справување со фекалните и атмосферските води | · Подобрување на патната инфраструктура | · Подобрување на останатата физичка инфраструктура |
Мерки, активности и иницијативи | · Довршување и реновирање на постојната канализациска мрежа каде што таа не е реновирана · Изградба на пречистителна станица во сите населени места каде што нема · Изградба на атмосферска канализација каде што таква не постои · изградба на нови мелиоративни системи и надградба на постојните · Анализа за можноста за спроведување ЈПП за некоја инвестиција | · Реновирање на постојните улици и патишта каде што ќе се појави потреба за тоа · Изградба на нови улици и патишта, каде што постои потреба · Осовремену-вање на магистралниот пат Р111 Гевгелија – Богданци – Фурка · Анализа за можноста за спроведување ЈПП за некоја инвестиција · Воведување и изработка на подземен катастар за постоечка патна инфраструктура (подземни инсталации) · Осовременување на постоечката и изградба на нова локална, регионална и магистрална патна инфраструктура · Подобрување на постоечката и нова хоризонтална и вертикална сигнализација · Подобрување на осветлувањето на патна инфраструктура (раскрсници, значајни објекти, опасни делници и сл.) · Мерки за заштита на пешаците како учесници во сообраќајот и ранлива категорија | · Реновирање на водоводната мрежа каде што има потреба · Замена на азбестните водоводни цевки · Вклучување во мерките на Југоисточниот плански регион: o Воведување и изработка на подземен катастар за постоечка комунална инфраструктура o Подобрување на постоечките и изградба на нови водоснабдителни системи o Подобрување на постоечките и изградба на нови системи за отпадни води o Подобрување на постоечките и изградба на нови системи за наводнување o Подообрување на постоечка и изградба на нова комунална инфраструктура за индустриски и туристички зони o Подобрување на постоечките и изградба на нови системи за техничка вода (перење на улици, наводнување на паркови и зеленила и други намени · Анализа за можноста за спроведување ЈПП за некоја инвестиција |
Индикатори за имплементацијата | · Подигање на здравствено/хигиенската состојба на граѓаните на општина Богданци · Извештаи за изведена состојба на објектите што се во градба · Број на нови приклучоци на канализациската мрежа · Склучени договори за ЈПП | · Извештаи за изведена состојба · Должина на реновирани улици · Должина на новоизградени локални патишта · Зголемување на безбедноста на патиштата и општиот сообраќај · Склучени договори за ЈПП | · Извештаи за изведена состојба · Склучени договори за ЈПП |
Буџетирани финансиски средства[7] | · 40.000.000 МКД | · 240.000.000 МКД | · 50.000.000 МКД |
Одговорни за имплементација | · Локална самоуправа · Министерство за транспорт и врски · Локален Економско Социјален Совет | · Локална самоуправа · Фонд за патишта · Министерство за транспорт и врски · Локален Економско Социјален Совет | · Локална самоуправа · Министерство за транспорт и врски · Локален Економско Социјален Совет |
1.3. Стратегиска цел: Подобро управување во Општината
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 |


