Општина Богданци

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

2015-2020

Септември 2015

Содржина

ВОВЕД.. 1

Тим за изработка на стратегијата за развој на општина богданци. 4

ПРОФИЛ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ.. 5

Основни информации за Општината Богданци. 5

Кратка историја на општината Богданци. 5

Географска положба. 6

Природни ресурси. 6

Клима. 6

Обработливи површини. 7

Шуми. 7

Водни ресурси. 8

Население. 9

Општинска власт. 14

Финансирање на Општината. 15

Комунална дејност. 17

Економија. 18

Потенцијали. 19

Метални и неметални суровини. 19

Потенцијали за развој на туризмот. 19

Доминантни стопански гранки. 20

Инфраструктура. 31

Невладини организации. 32

Образование. 34

Здравство. 36

Култура и спорт. 37

Основни стратегиски вредности на Општина Богданци. 39

Стратегиска работилница. 39

Достигнувања и очекувања. 40

Визија на Општината Богданци. 41

Мисија на Оштината Богданци. 41

Цел на Оштината Богданци. 42

Вредности на Општината Богданци. 42

Заинтересирани страни на Општината Богданци. 42

ПЕСТЛЕ Анализа. 43

Анализа на силните и слабите страни, можностите и заканите. 44

Што ќе се смета за успех во периодот 2015-2020 година. 46

ПРАВЦИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ.. 47

ПРЕГЛЕД НА СТРАТЕГИСКИТЕ ПРАВЦИ.. 48

АКЦИСКИ ПЛАН.. 50

1. Стратегиска област: Подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од Општината Богданци и обезбедување инклузивен раст од социјален и територијален аспект. 50

1.2. Стратегиска цел: Подобрување на физичката инфраструктура во Општината. 52

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

1.3. Стратегиска цел: Подобро управување во Општината. 54

2. Стратегиска област: Развој на конкурентна економија во општината. 56

2.1 Создавање добра деловна клима и конкурентни деловни субјекти. 56

2.2 Стратегиска цел: Развој на земјоделството. 59

2.3 Стратегиска цел: Поттикнување на претприемништво, МСП.. 61

3. Стратегиска област: Одржлив развој и зачувување на животната средина и одржливо управување со природните ресурси. 64

Модел на раст на Општина Богданци согласно предложените мерки, проекти и активности 66

Имплементација на стратегијата. 67

АНЕКС. 69

Програма за Првата стратегиска работилница за Стратегија за локален развој и за Стратегија за рурален развој на Општина Богданци. 69

Програма за Втората стратегиска работилница за Стратегија за локален развој и за Стратегија за рурален развој на Општина Богданци. 70

Список на присутни на работилниците. 71

Предлог конкретни проекти од стратегиските работилници. 71

Индекс на табели

Табела 1: Население во одделните населени места во Општината Богданци. 9

Табела 2: Број на домаќинства, станови и земјоделски стопанства. 10

Табела 3: Етнички состав на населението во Општина Богданци. 10

Табела 4: Старосна и полова структура на населението во Општина Богданци, согласно проекциите за 31.12.2013 година. 10

Табела 5: Состав на населението над 10 години, по пол и писменост, број на лица, согласно пописот од 2002 година 11

Табела 6: Образовната структура на населението на возраст над 15 години, број на лица, согласно пописот од 2002 година. 11

Табела 7: Работна сила, економски активни, неактивни, вработени и невработени лица, според пописот од 2002 година. 12

Табела 8: Структура на вработените лица во Општина Богданци според дејноста. 12

Табела 9: Невработени во Општина Богданци на 28.02.2015 година, по населени места. 12

Табела 10: Структура на активните баратели на работа на 28.02.2015 година, по возрасни групи 13

Табела 11: Структура на активните баратели на работа на 28.02.2015 година, според време на чекање 13

Табела 12: Структура на активните баратели на работа на 28.02.2015 година, според образование 13

Табела 13: Вкупен број на вработени и активни деловни субјекти, состојба 07.04.2015. 14

Табела 14: Приходи и расходи на буџетот во периодот 2012-2014 година, како и буџетот за 2015 година 16

Табела 15: Бруто додадена вредност според секторот на дејност, 2012 (претходни податоци) 18

Табела 16: Број на Активни деловни субјекти по сектори на дејност според НКД Рев.1, состојба 31 декември 20

Табела 17: Активни деловни субјекти по големина, по години, состојба 31 декември. 21

Табела 18: Земјоделски површини по категории на користење по општини според НТЕС 2005, во хектари 22

Табела 19: Засеани површини на ораниците и бавчите, со одделни посеви, во хектари. 22

Табела 20: Вкупно производство и принос на одделни култури во Богданци, во соседни општини и на ниво на Република Македонија, во 2014 година. 23

Табела 21: Број на овошни стебла и производство на овошје. 24

Табела 22: Производство на овошје во Република Македонија, Богданци, Гевгелија и Струмица, во 2014 година 26

Табела 23: Површини и производство на лозја за 2014 година. 28

Табела 24: Вработени по пол и по возраст, по општини, според Пописот на продажните капацитети во трговијата на мало во Република Македонија, 2008 година. 28

Табела 25: Вредност на извршените градежни работи во Богданци и Гевгелија, 000 МКД.. 29

Табела 26: Завршени станови според бројот на соби, по години. 30

Табела 27: Локална патна мрежа. 32

Табела 28: НВО во Општината Богданци во 2015 година. 32

Табела 29: Број на ученици и наставници во основното образование во Општината Богданци 34

Табела 30: Број на ученици и наставници во средното образование во Општината Богданци. 35

Табела 31: Број на деца згрижени во установи за згрижување и воспитување (детски градинки) и број на вработени 35

Табела 32: Заинтересирани страни на Општината БОгданци. 42

Индекс на слики

Слика 1: Старо Богданци. 5

Слика 2: Општини во Југоисточниот плански регион. 6

Слика 3: Паљурци. 8

Слика 4: Старосна и полова структура на населението во Општина Богданци, согласно проекциите за 31.12.2013 година. 11

Слика 5: Основна организациска структура на Општината Богданци. 15

Слика 6: Достигнувања, стремежи и очекувања. 40

Слика 7: Активности и достигнувања со кои Општината се гордеела во минатото и би се гордеела и во иднина 41

Слика 8: Преглед на Стратегијата 2015-2020. 48

ВОВЕД

Согласно Законот за Локална самоуправа, член 22, став 1, точка 3 („Сл. Весник на Р. М.“ бр.5/2002) една од надлежности на општините е и Локалниот економски развој:

Општината е надлежна за локалниот економски развој на подрачјето на својата територија, што подразбира планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локалната економска политика; подршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерство.

Општината Богданци спроведе активност за стратегиско планирање и за изработка на Стратегија за локален развој на Општина Богданци 2015-2020 година.

Стратегискиот план за одржлив развој на општина Богданци се базира на веќе реализираните стратегиски определби и стекнатото искуство од досегашниот и тековниот процес на планирање и спроведување на претходниот стратешки план. Овој документ ги почува насоките за идниот развој на општината и претставува рамка за останатите и идни секторски и акциски планирања. Методологија за изработка на Стратегијата за локален развој 2015-2020 година

Процесот на стратешко планирање е процес во кој се определуваат приоритетите и целите кои се сметаат за најважни, се дефинираат програми, проекти и активности преку кои се остваруваат дефинираните приоритети и се утврдуваат потребните средства за реализација на приоритетите преку буџетскиот процес. Стратешкото планирање се спроведува партиципативно, инклузивно и кооперативно, остварувајќи го притоа следново:

·  Дефинирање на долгорочната визија на Општина Богданци и мисијата на Општината;

·  Дефинирање на стратешките правци, областите, и конкретните цели во согласност со визијата и достапноста на ресурсите во одредена временска рамка;

·  Комуникацирање на целите, изградени и одобрени на партиципативен начин, развивајќи го на тој начин чувството на учество во креирањето и сопственост на понудените идеи со заинтересираните страни во општината;

·  Најефективна употреба на расположливите ресурси со нивно фокусирање во клучните приоритети;

·  Креирање на систем за евалуација, надзор и контрола на реализацијата на планираните активности.

Во изработката на стратегијата 2015-2020 година се тргна од претходната стратегија, анализата на статистичките податоци, анализата на предностите и слабостите на Општината и потребите на граѓаните и заинтересираните страни. Беа анализирани и стратегиските документи на ниво на Република Македонија, првенствено Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година, а и Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 година. Осебно внимание се обрна на документите донесени од Европската Комисија, како на пример „Европа 2020. Стратегија за мудар, одржлив и инклузивен раст“, Брисел 2010 година, или проекти финансирани од Европската Унија а кои се однесуваат на развојот на регионот: „Југоисточна Европа 2020. Работни места и просперитет во европска перспектива“, од Советот на регионална соработка, 2013 година. Во оваа смисла во Стратегијата се прави напор да се постават цели кои означуваат и овозможуваат мудар, одржлив и инклузивен раст, секаде каде што тоа е можно.

Модерирањето на процесот на стратегиското планирање и компилирањето на Стратегијата го спроведуваше консултантската куќа ААГ – Анализис енд Адвајзори Груп од Скопје.

Заложба на Општината е да ја креира Стратегијата за развој на Општината на партиципативен начин, во разговор со заинтересираните страни. Со цел да се обезбеди разбирање на потребите, очекувањата и стремежите на граѓаните и заинтересираните страни во Општината, а и за да се обезбеди инклузивност и вклученост на заинтересираните во процесот на креирањето на Стратегијата, се одржаа две стратегиски работилници во организација на претставници од Општината, од одделението за Локален економски развој. Присутни беа претставници на деловните субјекти во Општината, на населените места, граѓанските здруженија, јавните претпријатија, земјоделците, пензионерите, младинците, вработените во Општината. Стратегиските работилници се водеа согласно претходно дефиниран дневен ред и распоред на активности во кои заинтересираните страни имаа можност да ги изразат своите видувања и очекувања за идниот развој. Стратегиските работилници се одвиваа во траење од 4-6 часа. Списокот на учесниците на првата и втората стратегиска работилница, како и дневниот редн на работилниците е даден во анекс на оваа стратегија.

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15