Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто

  • 30% recurring commission
  • Выплаты в USDT
  • Вывод каждую неделю
  • Комиссия до 5 лет за каждого referral

Повеќето учесници на стратегиската работилница го изразуваат своето основно очекување за подобрување на условите за вработување во Општината, бидејќи голема е невработеноста во Општината. Многу млади ја напуштаат Општината што е видливо првенствено во опаѓањето на бројот на деца во основното образование во Општината.

Очекувањата се исто така дека договореното за тоа во кој правец да се движи Општината треба да се следи постојано во текот на имплементацијата на Стратегијата за развој на Општината 2015-2020 година. Тоа значи дека ќе се формира тим, односно специјализирано Координативен одбор за следење на спроведувањето на Стратегијата за развој на Општината 2015-2020 година, кој постојано ќе проверува како се остваруваат договорените цели. Тоа ќе се следи на редовно ниво од Советот на Општината, но и од другите заинтересирани страни, првенствено организирани во рамките на Локалниот Економски Совет.

Во рамките на процесот на планирање се зема предвид и анализата на надлежностите на општината, и тоа преку детална анализа на состојбите, дефинирање на приоритетите во тие области, креирање на политики и програми преку кои се остваруваат приоритетите и целите, но и анализа на постојната состојба во општината како организација.

Советот на општината е постојано вклучен во процесот на стратешкото планирање, и преку работилниците, но и преку формалниот процес на усвојување и конечно дефинирање на Стратегијата а и подоцна, во процесот на остварувањето на Стратегија, преку редовниот мониторинг на степенот на нејзиното стварување.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Во елаборацијата на стратегискиот план се претставува профилот на општината, со основната анализа на нејзината економијата, и се елаборирани одделните делови од стратешкиот план. Основните стратегиски области и цели на стратегијата се ставени на дискусија во Општинската администрација и во јавноста. Во планот се презентирани и активностите и процесот на следење на резултатите и нивна евалуација.

Стратегијата за локален развој на Општина Богданци 2015-2020 година се заснова на одржлив развој на општината во насока на создавање на услови за локален социо-економски развој, подобрување на стандардот на живеење на населението, зачувување на природата и промоција на културната традиција. Општината ќе се погрижи за јавна расправа на предлог стратегискиот план. Покрај првата стратегиска работилница, спроведена е и втора стратегиска работилница за стратегиско планирање со заинтересираните страни со цел да се дискутираат стратегиските правци и да се соберат идеи за мерки, проекти и активности.

Следните чекори се следниве:

·  Подготовка на годишен Акциски план со конкретни мерки и проекти.

·  Подготовка на План за евалуација и мониторинг на стратешките цели и индикатори;

·  Поднесување прва нацрт верзија до Општина Богданци

·  Финална ревизија по преглед на Советот на општина Богданци.

Тим за изработка на стратегијата за развој на општина богданци

Р. бр.

Име на членот

Компанија/Институција/Организација

1

Димитар Франгов

ДООЕЛ Франи Пласт

2

Зоран Атанасов

Мил Зоран ДООЕЛ

3

Игор Динов

ПЗУ Ројал Медика

4

Сава Шапкарова

Баџо ДООЕЛ

5

Верица Станчева

Интерглобус Лебопекара ММ

6

Верица Шапкарова

Таурус Фармс

7

Пандорка Шапкарова

ЗТД Сточарство Богданци

8

Слободан Негџекчев

Ники ДООЕЛ

9

Никола Шелдаров

ДООЕЛ Монета

10

Сандра Прочкова

Печатница Софија

11

Филип Атанасов

Центар за развој на југоисточниот плански регион

12

Даринка Бојкова

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

13

Валентина Кошелни

АВРМ, Центар за вработување, Гевгелија

14

Драгица Ѓавочанова

СОУ Богданци

15

Неве Петрушева

ООУ Петар Мусев

16

Андигона Чавдарова

ООУ Кирил и Методиј

17

Марјан Карастојанов

Дом на културата

18

Катерина Бојаџиева

ЈОУДГ Коста Поп Ристов Делчев

19

Глигорчо Џаков

Претставник на млади (невработени)

20

Вања Петрушева

Претставник на млади (СОУ Богданци)

21

Елена Минева

Претставник на млади (СОУ Богданци)

22

Дафина Миџирова

ОЗС Богданци

23

Горан Лисичков

РК Младост 09

24

Петар Стојчевски

ФА Мегдан

25

Иван Вангелов

ЗЗ Агробогданци

26

Димитар Стамнов

ЗЗ Агробогданци

27

Виктор Семенпеев

ЗГ Графичка работилница Софија

28

Сашо Ивановски

ЗКУД Бранд Петрушев

29

Глигор Каракабаков

Регистриран индивидуален земјоделец

30

Перо Каракабаков

ЗГ 25-мина Стојаково

31

Зоран Пеев

МЗ Стојаково

32

Марјан Пеев

ЕЛС Богданци – Администрација

33

Митко Влахов

ЕЛС Богданци – Администрација

ПРОФИЛ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Основни информации за Општината Богданци

Седиште на општината: ГРАД БОГДАНЦИ

Број на жи

Површина: 114,54 km2

Густина на населението: 76,02 жители/km2

Број на населени места: 4

Населени места: градот Богданци и селата: Ѓавото, Селемли и Стојаково

Градоначалник: Анастасија Олумчева

Членови на Советот на Општината: 11 лица

Адреса: Општина Богданци, Маршал Тито 62, Богданци 1484

Кратка историја на општината Богданци

Слика 1: Старо Богданци

Општината Богданци се формирала како општина во 1955 година и во неа, освен Богданци како седиште, влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавото, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.

Со новото територијално распоредување на општините во 1965 година, Општината Богданци била присоединета кон Општина Гевгелија. Таа повторно се формирала како самостојна единица на локална самоуправа во 1996 година.

Со последното уредување на општинските граници со Законот за територијална организација на Република Македонија од 2004 година, Општина Богданци остана во рамките на својата постојна територија и се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли.

Географска положба

Слика 2: Општини во Југоисточниот плански регион

Оштината Богданци спаѓа во југоисточниот регион на Република Македонија и зафаќа површина од 11.438 ха. Општината ги содржи следниве населби: Богданци, Ѓавото, Селемли и Стојаково. Од западната страна се граничи со општина Гевгелија, северно со општината Валандово, а на исток со општината Дојран. Јужната граница на општината се поклопува со државната граница со Р. Грција.

Општина Богданци е рамничарско место со благо изразени брда. Повисоките брда ја обиколуваат Општината, почнувајки од Мамино со висина од 426 м. н.в. северозападно од Богданци, границата северно од Богданци се движи преку Ранавец и Кучелот со 436 м. н.в., потоа минува преку Пунтот со 453 м. н.в. Источната граница минува низ планината Карабалија чија висина се движи од 532 до 697 м. н.в. Од Карабалија, каде што границата на Општината ја сече државната граница со Грција, теренот се спушта во рамничарскиот дел.

Природни ресурси

Клима

Богданското Поле е под влијание на медитеранско и континентално климатско влијание. Тоа влијание се одликува со посебна локална клима со изменети медитерански и ублажени умерено континентални обележја, која се манифестира преку доста топли лета и релативно студени зими. Ова подрачје со просечна годишна температура од 14,2оС спаѓа меѓу најтоплите во Р. Македонија. Летата се карактеризираат со високи вредности на максималните температури. Најтопол месец е јули со просечна месечна температура од 25оС. Летната топлина продолжува и во месец септември. Средната вредност на температурата во трите зимски месеци е 4,7оС. Режимот на врнежите е под медитеранско климатско влијание. Летните месеци се со мала количина на врнежи, а максимумот паѓа во доцните есенски месеци. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 711 мм. Врнежите се главно од дожд, додека врнежите од снег се мали, снежниот покривач е со просечно годишно траење од 6 дена.

Ваквите климатски карактеристики се сметаат за поволни, особено за развој на земјоделството и туризмот.

Обработливи површини

Почвено-климатските карактеристики на Општината даваат поволни услови за развој на градинарски култури и за подигање на лозови насади. Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од тоа 3.305[1] ха се категоризирани како земјоделска површина во 2013 година, од кои 2.650 ха се обработлива површина. Во рамките на обработливите површини, 2.650 ха се ораници и бавчи, 70 ха се овоштарници, 453 ха се лозја, и 132 ха се ливади. Тие се простираат во рамничарскиот терен, а на падините на планините и ридовите се простираат пасишта на 97 ха во 2013 година. Од обработливите површини вкупно 1.100 ха се под системи за наводнување, но од тоа само 220 ха се наводнуваат.

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15