Стратегиски цели | Намалување на загадувањето и учество во глобалната борба против климатските промени | Подобрување на енергетската ефикасност | |
Конкретни цели | Зачувување на животната средина | Учество во глобалната борба против климатските промени | Зголемување на користењето на обновливата енергија |
Мерки, активности и иниција-тиви | · Соработка со регионална депонија кога таа ќе се формира · Брошура за добро управување со отпадот од страна на граѓаните и правните лица во општината и промовирање на нејзината содржина. · | · Други мерки за заштита на животната средина во општината (самостојно или во соработка со регионот): o Обезбедување добра статистичка основа, o Изработка на студии за заштита на животната средина, o Обезбедување имплементација на стандардите при испуштањето на хемиски и други загадувачи во површинските и подземните води, o Обезбедување имплементација на стандардите за дозволено количество на издувни гасови во патничкиот сообраќај, o Заштита на шумите o Градење/осовременување на системите за пречистување на отпадните гасови, комуналните и индустриските води, · Обезбедување висок степен на контрола при примената на стари технологии, · · Пошумување на површини во општината, · Обезбедување механизми за контрола на влијанието на инвестициите врз животната средина, · · Заштита на биодиверзитетот. | · Вклучување во мерките на Југоисточниот плански регион за енергетската ефикасност: o Воведување и изработка на подземен катастар за постоечка енергетска инфраструктура o Изработка на техничка документација за гасификација на ЈИ регион o Изработка техничка документација и изведба на системи од обновливи извори на енергија (сончевата енергија, ветерот како енергетски потенцијал, биомасата како енергетски потенцијал) o Изработка техничка документација и приклучување на примарни и секундарни енергетски водови · Информирање на населението и бизнисите за поволни услови за искористување на сончевата енергија и ветрот и користење на погодностите за нивно инсталирање · Анализи на можноста за создавање на нова економска вредност низ мерки за искористување на топлите и ладните подземни води: Студија за Ѓавото |
Индикатори за имплементацијата | · Изготвени брошури · · Соработка со регионалната депонија | · Пошумени површини · Обезбедена статистичка основа за следење на влијанието на климатските промени | · Спроведени трибини, брошури за погодностите на обновливите извори на енергија · Изработени анализи за топлите и ладните подземни води |
Буџетирани финансиски средства[12] | · 5.000.000 МКД | · 5.000.000 МКД | · 2.000.000 МКД |
Одговорни за имплементација | · Локална Самоуправа · Локален Економско Социјален Совет · Комунално Претпријатие · Министерство за животна средина | · Локална Самоуправа · Локален Економско Социјален Совет · Комунално Претпријатие · Министерство за животна средина | · Локална Самоуправа · Локален Економско Социјален Совет · Комунално Претпријатие · Министерство за животна средина · ЕЛЕМ |
Модел на раст на Општина Богданци согласно предложените мерки, проекти и активности
Предложените стратегиски области, конкретни цели, мерки, иницијативи и проекти го дефинираат саканиот модел на раст на Општина Богданци за периодот 2015-2020 година. Во Стратегијата е направен напор да се следи моделот на раст дефиниран со основниот развоен документ на ЕУ: Европа 2020. Општината се стреми да остварува:
· паметен раст, со ангажирање на економија на знаење, со стимулирање на квалитетот на образованието, анализите, истражувањата, со следење на активностите на државно ниво за иновации, дигитализација и претприемништво;
· одржлив раст, со промовирање на поефикасно и поодржливо користење на ресурсите, вклопување во глобалната борба против климатските промени и креирање на конкурентска економија која ќе ги зема „зелените“ аспекти во фокусот на своето внимание;
· инклузивен раст, со стимулирање на поголема вработеност, и создавање економија која ќе создава економска, социјална и територијална кохезија, со добри здравствени услуги и услуги на социјална заштита за оние кои можат помалку.
Од аспект на дејностите кои се промовираат за Општината и на кои таа сака да посвети поголемо внимание, тоа се првенствено:
· земјоделството, заради тоа што Општината овде има изразена компаративна предност и треба неа да ја преточи во јасна конкурентсна предност, особено на неколкуте култури кои се специфика на Општината,
· туризмот, базиран на културни манифестации, рурален и алтернативен тризам. Туризмот во Општината во моментот е практично непостоечки, односно статистички нерегистриран. Можностите се извонредни и општинската администрација, во координирана активност со другите заинтересирани страни треба да направи напор да ги утврди точките на кои може направи посебно привлечна приказна;
· преработувачките дејности кои овде се лоцираат и кои можат и понатаму да се лоцираат, со определена поактивна поддршка од Општината и кои би биле амбасадорите за привлекување на нови инвестиции;
· обновливата енергија, нудејќи демонстрациски ефект за ефикасноста, моќноста и привлечноста на одржливите, обновливи извори на енергија, со кои, за среќа Општината располага.
Имплементација на стратегијата
На државно ниво носители на политиката за регионален развој, а со тоа и поддршка за имплементацијата на Стратегијата за локален развој 2015-2020 година се следниве институции: Владата на Република Македонија, Советот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој. На ниво на Југоисточен регион тоа е Советот за развој на планскиот регион и Центарот за развој на Југоисточниот регион. На ниво на Општината одговорноста за развој на стратегијата и за нејзина имплементација ја има Советот на Општината и Градоначалникот, а адмиистративна поддршка во развојот и имплементацијата ја обезбедува Одделението за Локален економски развој. Општинската администрација треба да обезбеди непречена координација и следење на имплементацијата на Општинско ниво, заедно со заинтересираните страни, но и координација со институциите на државно и на регионално ниво. Исто така, за определени прашања, потребна е соработка и со Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанство и рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Министерстсвото за култура, Министерството за здравство и други министерства и државни агенции и институции, ако за тоа се појави потреба. Покрај овие, потребно е постојано да се одржува комуникација, информирање и креирање консензус со заинтересираните страни во Општината, како што се различните агенти на јавниот сектор, приватниот сектор, невладиниот сектор и граѓаните. Потребно е постојано да се следат политиките и можностите што ги нудат потенцијалните донатори и да се прави напор да се учествува во проектите кои тие ги обмислуваат и имплементираат. Од значење е и соработката со соседните и други сродни општини за да можат да се спроведуваат заеднички проекти кои со соработка межу повеќе општини полесно би се оствариле.
Стратегијата за локален развој 2015-2020 година ќе се финансира од буџетот на Општината, од буџетот на Република Македонија, од фондовите на ЕУ, од други меѓународни извори, од донации, спонзорства и од други средства утврдени со закон. Конкретните проекти предвидени во Стратегијата треба да се операционализираат и да се предвидат во соодветните годишни буџети на Општината. Општината мора да прави напор, да предлага проекти за конкретните идеи, за кои се верува дека може да има интерес и на државно ниво, односно да бидат интересни за конкурирање за меѓународен проект.
Имплементацијата бна Стратегијата за локален развој 2015-2020 година ќе се следи преку годишните извештаи за спроведување на Акцискиот план на Стратегијата. За целите на имплементацијата се формира Координативен одбор за следење и мониторинг на Стратегијата за локален развој на Општината Богданци 2015-2020 година, составен од следниве институции и претставници: Градоначалник на Општината, три претставници од Советот на Општината, три претставници од Локалниот Економски совет, а административно ќе ги води и поддржува Одделението за локален економски развој. Извештајот за спроведувањето на Програмата го подготвува Координативен одбор за следење и мониторинг, а административно му помага Одделението за локален развој најдоцна до крајот на првото тромесечие во следната годината. Извештајот го усвојува Советот на Општината. Извештајот треба да го следи остварувањето на Стратегијата на годишно ниво и да понуди определени измени таму каде што ќе има потреба. Со тековното оценување на Стратегијата ќе се оцени напредокот во остварувањето на стратегиските цели, и ќе се оценат ефектите од спроведените мерки предвидени во Стратегијата. Ќе се оценува и степенот на искористувањето на финансиските средства, ефикасноста на процедурите за управување со средствата и самиот процес на следење на Стратегијата. Информација за остварувањето на Стратегијата, откако ќе биде усвоена од Советот на Општината, би требало да се доставува и до Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија.
АНЕКС
Програма за Првата стратегиска работилница за Стратегија за локален развој и за Стратегија за рурален развој на Општина Богданци
Богданци, 21 мај 2014 година
Дневен ред на работилницата
„Креираме стратегија, креираме подобра иднина“
10:45 Регистрација на учесниците
11:00 – 11:30
Вовед. Претставување. Очекувања од работилницата.
11:30 – 13:00
СВОТ и ПЕСТЕЛ анализа.
· 11:30 – 12:00: ПЕСТЕЛ анализа – Пленарен состав.
· 12:00 – 12:40: СВОТ анализа за Стратегија за локален развој. Прва работна група.
· 12:00 – 12:40: СВОТ анализа за Стратегија за рурален развој. Втора работна група.
· 12:40 – 13:00: СВОТ анализа за Стратегија за локален развој. Втора работна група.
· 12:40 – 13:00: СВОТ анализа за Стратегија за рурален развој. Прва работна група.
13:00 – 13:30 Пауза
13:30 – 15:00
Визија, Мисија, Вредности и Заинтересирани страни за развојот на Општината Богданци. Пленарен состав.
15:00 – 15:30
Стратегиски приоритети (области) за локален развој и за рурален развој. Пленарен состав.
· Затворање на работилницата: Заклучок
Програма за Втората стратегиска работилница за Стратегија за локален развој и за Стратегија за рурален развој на Општина Богданци
Богданци, 16 јуни 2014 година
Дневен ред на работилницата
„Креираме стратегија, креираме подобра иднина“
10:45 – 11:00 Регистрација на учесниците
11:00 – 11:30 Вовед. Заклучоци од првата работилница. Очекувања од втората работилницата
11:30 – 12:30 Стратегиски приоритети (области) за локален развој и за рурален развој (Пленарен состав).
12:30 – 13:45 Работа во групи
· 12:30 - 13:45: Стратегиски цели и конкретни цели на Стратегијата за локален развој. Прва работна група.
· 12:30 - 13:45: Стратегиски цели и конкретни цели на Стратегија за рурален развој. Втора работна група.
13:45 – 14:00 Пауза
14:00 – 15:00 Работа во групи
· 14:00 - 15:00: Стратегиски цели и конкретни цели на Стратегијата за локален развој. Втора работна група.
· 14:00 - 15:00: Стратегиски цели и конкретни цели на Стратегија за рурален развој. Прва работна група.
15:00 - 15:30 Затворање на работилницата: Заклучок
Список на присутни на работилниците
Предлог конкретни проекти од стратегиските работилници
1. Овозможување наводнување на земјоделските површини во Општината од проектот Спас за Дојранското Езеро
1. Воспоставување Брза Помош во Општината
2. Воспоставување Противпожарна единица
3. Вработување
1. Реновирање на зградата на ООУ “ П. Мусев ” Богданци
2. Воведување станица за брза помош
3. Воведување противпожарна служба
1. Вработување
2. Воведување на институции што недостасуваат во Општината
3. Инфраструктура
1. Воспоставување Брза помош
2. Интернистички амбуланти
3. Гинеколог
1. Генерален урбанистички план за Богданци
2. Детален урбанистички план за Богданци
3. Асфалтирање на улици и тротоари во Богданци
1. Искористување на обновливи извори на енергија
2. Реконструкција (економски (ефикасни мерки)) на сите јавни објекти
3. Подобрување (воведување нови) на јавни услуги
1. Завршување на културните проекти
2. Зголемување на услугите во медицината со отварање на специјалистичка амбуланта
3. Искористување на индустријата за зголемување на вработеноста
1. Подобрување на патна инфраструктура
2. Изградба на автобуска станица или постојка
3. Подобрување на санитарниот чвор на подрачјето на општината (пазарот)
1. Здруженија на земјоделски производители
2. Оспособување на брза помош
3. Отварање на соодветни струки (здравствена, земјоделска)
1. Изградба на расадник за саден материјал
2. Изградба и обнова на патната инфраструктура
3. Подршка за земјоделски здруженија
1. Подршка за развој и набавка механизација во преработувачката индустрија
2. Стимулација за сточари
3. Здружување на земјоделци со преработувачи – Ропро центар
1. Сертификацијата за ПДО
2. Воспоставување инфраструктура за индустриски зони
[1] Државен завод за статистика
[2] Државен завод за статистика: Регионите во Република Македонија, 2014 година
[3] ДЗС: http://makstat. stat. gov. mk/pxweb2007bazi/Dialog/Saveshow. asp
[4] Без заедници на сопственици на станбени згради
[5] Досега многу малку е искористено од поволната местоположба освен донекаде за развојот на земјоделството
[6] Средствата се за целиот период 2015-2020
[7] Средствата се за целиот период 2015-2020
[8] Средствата се за целиот период 2015-2020
[9] Средствата се за целиот период 2015-2020
[10] Средствата се за целиот период 2015-2020
[11] Средствата се за целиот период 2015-2020
[12] Средствата се за целиот период 2015-2020
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 |


