Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
3. Пoполнување програма за член на Претседателството на УЗ, Избор на членови и Претседавач на Претседателството на УЗ.
На учениците им беа поделени програми за кандидат за член на Претседателството на УЗ со задача истите да се пополнат. Пополнетите програми беа разгледани и беше дискутирано во врска со предлозите на ученииците за подобрување на одредени работи во нашето училиште. На овој состанок беше формирано Претседателството на УЗ.
4. Новогодишна магија во училиштето - украсување на училиштето.
На овој состанок беше разговарано за украсувањето на училиштето по повод Нова година. Учениците се договорија секоја паралелка заедно со одделенскиот наставник да организира работилница на која ќе се изработуваат новогодишни украси со кои ќе бидат украсени училниците и ходниците на училиштето.
5. Претставување на новоизбраниот директор, анализа на постигнатиот полугодишен успех и запознавање со педагошките мерки, литературно и ликовно изразување на тема ,,Првото кокиче,,.
На почетокот на овој состанок најпрво се претстави и обрати новоизбраниот директоро на училиштето - Александар Каровски, кој воедно даде голема поддршка на работата на УЗ.
Беше разговарано за постигнатиот полугодишен успех, а воедно учениците беа потсетени и за начинот на оценување на постигнувањата на учениците, како и за реализирањето на дополнителна и додатна настава за ученици за кои е потребно истата да се реализира. Учениците беа запознати со педагошките мерки и причините поради кои тие се изрекуваат.
На крајот на состанокот учениците беа поттикнаати за литературно и ликовно изразување на тема,,Првото кокиче,, и изложување на творбите на паноата во ходниците на училиштето.
6.Изработка на мартинки.
На овој состанок на учениците им беше соопштено дека како и претходните така и оваа година учениците ќе имаат можност да изработат мартинки. Беше истакната и целта на оваа активност, а тоа е враќање на традицијата која во минатото била присутна на нашите простори и воедно претставува најавување на пристигнувањето на пролетта.
7.Одбележување на 22 Април – Денот на планетата Земја и 23 Април - Светски ден на книгата;
Беше разговарано за начинот на одбележувањето на Денот на планетата Земја, така што учениците беа повикани да дадат свој придонес во однос на одбележувањето на овој ден, а тое е изработка на ликовни творби и составување литературни творби и нивно изложување на паноата во ходниците, а сето тоа да придонесе за зголемување на значењето на овој ден, како и поттикнување и развивање на свеста, одговорноста и работните навики кај учениците.
На учениците им беше соопштено времето на одржување на 28-миот по ред САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Учениците беа поттикнати да го посетат Саемот на книгата, со што ќе се придонесе за зголемување на интересот за читање на книги.
8. Давање предлози за еднодневна екскурзија и предлози за промени во училиштето;
На учениците им беше соопштено дека на нивните одделенски часови заедно со нивните одделенски раководители потребно е да поразговараат за местото на кое би сакале да бидат изведени еднодневните екскурзии за следната учебна година, како и за одредени промени кои би сакале да бидат направени во училиштето.
По проследувањето на доставените записници од сите паралелки беше направен записник во кој беа наведени предлозите на учениците за еднодневните екскурзии, како и за промените во училиштето.
Одговорни наставници:
Благица Илијевска
Виолета Радулова
Констатации и насоки за натамошна работа
Извештајот за работата на ОOУ,,Стив Наумов,,- Скопје од учебната 2015/2016 година врз основа на добиените податоци, ги дава следниве констатации и насоки за работа во идната учебна година:
1.Условите во кои работи училиштето се во согласност со Законот за основно образование на РМ. Потребни се заложби од МОН на РМ, Локалната самоуправа, Советот на родители и Училишниот одбор при ООУ “Стив Наумов” за понатамошно подобрување на материјално-техничката екипираност на училиштето.
2.Стекнатите сознанија од посетените семинари наставниците ги инплементираа во наставата со цел активно вклучување на учениците во воспитно образовниот процес и постигање повисоки резултати.
3.Во идната учебна година ќе се продолжи со спроведување на активности од проектите:“Интегрирање на еколошката едукација во образовниот систем на Р. Македонија“, “Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието“, ”Со читање до лидерство” и “Проектот за претпримништво во образованието (SEECEL - ISCED 1)”. Редовно ќе се имплементираат и содржини од следните проекти: Математика со размислување, Јазична писменост во почетните одделенија, Подобрување на употребата на ИКТ во наставата, како и реализација на наставата согласно новите програми по математика, природни науки, биологија, физика и хемија изработени според програмите на Cambridge.
4.Формативното оценување, континуираното давање на ППИ, изготвувањето објективни тестови на знаења и планирањето и задавањето домашни задачи ќе стане редовна практика за што пообјективно следење на напредокот и мотивираноста на учениците за повисоки постигања.
5.Средниот успех на учениците со оцените добиени од екстерното проверување изнесува 4, 43 и се должи на :
-доследното почитување на критериумите и стандардите за оценување;
-планирање и задавање објективни тестови за проверување на постигањата на учениците
-добиените оценки од екстерното тестирање
-интензивна тимска работа на релација У-Р-Н и стручни соработници
Пет ученици се неоценети поради неоправдано отсуство од настава над 30 наставни денови, за што е постапено согласно процедурата за неоправдано отсуство од настава над 30 дена, односно известен е општинскиот просветен инспектор
6.Наставниците доследно се раководеа по дадените и интерните стандарди и критериуми за оценување на постигањата на учениците.
7.Советувањето на родителите и учениците придонесе за намалување на нередовното присуство на настава од страна на учениците и подобрување на нивниот успех.
8.Се подобри организацијата, планирањето и одржувањето на часовите за додатна настава , редовно се следеа постигањата на учениците кои ја посетуваа, а сето тоа придонесе за поголема мотивираност на учениците за учество на општински, регионални и државни натпревари и за освојување на бројни награди и пофалници
9.Примената на современи техники на учење и поучување, како и современи методи и форми во наставата придонесе за развивање на критичко мислење и поголема креативност кај учениците.
10.Се почитуваа индивидуалните можности и способности на учениците за што се задаваа задачи со различно ниво на сложеност, примена на диференциран пристап во наставата и се изготвуваа индивидуални образовни планови за децата со посебни образовни потреби.
11.Од страна на наставниците редовно се водеше Е - дневникот кој што е достапен за родителите, кои преку редовно добивање на СМС пораки се информираа за редовноста и постигањата на своите деца.
12.На учениците им се даде можност преку часовите на одделенската заедница и состаноците на Ученичката заедница на училиштето да учествуваат во донесување на одлуки кои се однесуваат на животот и работата во училиштето, а се од нивен интерес.
13.Преку имплементација на содржини и активности во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието учениците се запознаа со културата и традициите на другите етнички заедници и се развиваше мултикултурен сензибилитет кај учениците. Спроведувањето на Проектот за претприемничко образование придонесе за развивање на претприемнички вештини кај учениците. Проектот за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем придонесе за развивање еколошка свест кај учениците, а спроведените активности во рамките на Проектот “Со читање до лидерство” придонесе за подобрување на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, а наставниците преку заедницата за учење имаа можност за споделување на искуства и примери на добра практика кои придонесоа за нивниот професионален развој.
14. Во иднина да се продолжи со планирање активности кои ќе придонесат за поголема интеракција на релација наставник-ученик и ученик-ученик.
15. Спроведената самоевалуација на работата на училиштето овозможи согледување на силните и слаби страни, кои во иднина ќе придонесат за подобрување на квалитетот на целокупното работење на училиштето.
16. Од страна на Државниот просветен инспекторат беше извршена интегрална евалуација на нашето училиште, за што очекуваме извештај со насоки за понатамошната работа и подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и постигањата на учениците.
Општинско основно училиште “Стив Наумов“- Скопје
Податоци за училиштата, паралелките, учениците, успехот и наставниот кадар на крајот на учебната 2015/16год.
П р е г л ед
на учениците на крајот на
учебната 2015/16год. по наставни јазици
Одделение | Македонски јазик | Албански јазик | Турски јазик | Српски јазик | Вкупно | |||||
се | ж | се | ж | се | ж | се | ж | се | ж | |
I | 88 | 43 | 88 | 43 | ||||||
II | 100 | 50 | 100 | 50 | ||||||
III | 103 | 40 | 103 | 40 | ||||||
IV. | 92 | 50 | 92 | 50 | ||||||
V | 115 | 63 | 115 | 63 | ||||||
I-V | 498 | 246 | 498 | 246 | ||||||
VI | 77 | 31 | 77 | 31 | ||||||
VII | 113 | 52 | 113 | 52 | ||||||
VIII | 113 | 58 | 113 | 58 | ||||||
IX | 65 | 32 | 65 | 32 | ||||||
VI-IX | 368 | 173 | 368 | 173 | ||||||
I-IX | 866 | 419 | 866 | 419 |
Табела бр.1
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


