Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто

  • 30% recurring commission
  • Выплаты в USDT
  • Вывод каждую неделю
  • Комиссия до 5 лет за каждого referral

Елизабета Каранфилова

Бојана Митевска

Годишен извештај за работата на ПЦК(Подмладок на црвениот крст) во учебната 2015-2016 година

1.Одбележување на неделата на ТБЦ од14 до21 Септември со предавања.

2.Од 16 Октомври до 16 Ноември по повод кампањата,,Денот на гладта”се спроведе парична хуманитарна акција од членовите на ПЦК. Од акцијата беа собрани 4 000ден.

3.Во месец Ноември се одржа предавање за борба против пушењето, алкохолот и наркоманијата.

4. На 26 Ноември 2015 год се одржа едукативна работилница на тема,,превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести за ученици од деветите одделенија.

5.Од 15-25 Декември во нашето училиште се спроведе хуманитарна парична акција за ученичката Лила Давчевска од 7-а одд. поради болест и беа собрани 35 000 денари

6.Во месец Декември се одржа предавање за заштита на забите.

7.На 10 февруари формиравме екипа од 6 члена што ќе земат учество на општинскиот натпревар по Прва Помош

8.На 22 Февруари се одржа предавање за превенција и заштита од заразната болест-ГРИП поради големиот број на заразени луѓе.

9. На ден 02,03,2015 год формираната екипа по Прва Помош при ООУ,,Стив Наумов″беа на предавање по Прва помош во ОО на Црвениот Крст –Гази Баба. Вакви средби ќе има во месец Март и Април.

10.На 17 Март се одбележа меѓународниот денот на крводарителството и 71 години од Црвениот Крст на Р. Македонија со предавање.

11. На Саемот за Мебел и градежништво што се одржа од 15.03. до 23.03.2016 год. на Скопскиот саем зедоа учество ученици од девето одделение членови на ПЦК.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

12.На 7-ми Мај 2016 год. екипа по Прва Помош при ООУ,,Стив Наумов″учествуваше на 39-от општински натпревар и го освои II-место.

13.На 9 Мај се одбележа денот на Црвениот Крст со предавање.

14.На 04.06.2016 год. екипата од ООУ,,Стив Наумов″учествуваше на градскиот натпревар за Прва Помош организирано од Црвениот Крст на Р. Македонија и го освои II-то место

15.На ден 08.06.2016 год. во ООУ,,Стив Наумов″ се одржа предавање-работилница на тема,,Да ги разбереме лугето со ретки болести″-за вработени и родители од ООУ,,Стив Наумов″.Предавач на работилницата е г-ѓа Весна Алексовска, претседател на Здружението на граѓани за ретки болести,,ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИК″-Битола.

Одговорен наставник: Милена Маневска

Годишен извештај за работата на Еколошкото друштво во учебната 2015-2016 година

Еколошкото друштво под раководство на наставникот Маја Питроповска се формираше на почетокот на учебната година со вкупно 20 членови при што веднаш беше избрано раководство на истото.

Во изминатава година друштвото работеше и одржуваше состаноци според содржините утврдени со програмата за работа на друштвото.

Членовите реализираа повеќе активности и активно се вклучија во повеќе акции. Членовите на друштвото континуирано се грижеа за одржување на зеленилото во училиштето преку дежурни еко патроли кои воедно и внимаваа на одржување на хигиената во училишниот двор. Членовите на друштвото се вклучија и во тековниот проект во училиштето „Садница плус“ за чии потреби постојано помагаа со соодветни активности.

Членовите на друштвото во соработка со Директорот на училиштето и локалната самоуправа на пригоден начин се потрудија да ги одбележат поважните денови поврзани со екологијата како што се:

·  26-ти септември – ден на чисти планини

    1-ви декември – ден на борба и заштита од сида
    21-ви март – ден на пролетта (екологија) 7-ми април – ден на здравјето 22-ри април – ден на планетата Земја 5-ти јуни – светски ден на екологијата

Покрај горенаведените активности членовите се вклучија и во други акции, манифестации, и проекти организирани од страна на училиштето и други структури и невладини организации:

·  Проект Македонија без отпад

·  Дрвјата се бели дробови на нашата планета

·  Е-Отпад, Е-можност

·  Светски ден на борба и заштита од СИДА

·  Меѓународен ден на биолошката разновидност

Еколошкото друштво во текот на целата учебна година имаше еко патроли кои се грижеа за одржување за зеленилото и хигиената во училиштето.

Одговорен наставник

Маја Питроповска

Годишен извештај за реализирани општествено-образовни активности

за учебната 2015/2016 год.

Според програмата за организирање разнoвидни општествено-образовни активности предвидени за учебната 2015/2016 год. беа реализирани следниве активности:

Реализирана општествено-образовна активност

дата

*Приредба по повод поаѓање на првачињатa на училиште;

01.09.2015

*Одбележување на 8 ми Септември-Ден на независноста на Р. М;

05.09.2015

*Одбележување на 12 Септември-Денот на смртта на Стив Наумов;

12.09.2015

*Одбележување на светскиот ден на учителите;

05.10.2015

*Одбележување на детската недела /Прием на првачињата во детската организација;

06-10.10.2015

*Одбележување на 11-Октомври;

10.10.2015

*Одбележување на 23-Октомври –Ден на македонската револуционерна борба;

22.10.2015

*Активности за одбележување на патрониот празник;

24-29.10.2015

*Одбележување на 2 ри Ноември-Денот на општината;

31.10.2015

*Одбележување на 13ти Ноември –Денот на ослободување на Скопје;

13.11.2015

*Одбележување на денот на донесувањето на Уставот на Р. М;

17.11.2015

*Одбележување на „Светскиот ден на детето“

*Одбележување на „Св. Климент Охридски“

05.12.2015

*Активности по повод Новогодишните празници;

30.12.2015

* Одбележување на Денот на раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2016

*Одбележување на „Денот на мартинките“

28.06 и 01.03.2016

*Одбележување на 8-ми Март

07.03.2016

* Одбележување на 17-ти Март –Ден на Црвен крст

17.03.2016

*Одбележување на Денот на пролетта

21.03.2016

*Одбележување на денот на екологија –активности од проектот „ Интегрирање на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“

21.03.2016

*Организирање маскембал по повод Денот на шегата-Први април

01.04.2016

*Одбележување на Светскиот ден на здравјето

07.04.2016

*Одбележување на Денот за заштита на работниците

04.05.2016

*Одбележување на 1-ви Мај - Ден на трудот

30.04.2016

*Одбележување на 4-ти Мај Годишнина од смртта на Гоце Делчев

03.05.2016

* Одбележување на 9-ти Мај –„Денот на Европа“, како и „Денот на победата против фашизмот“

09.05.2016

*Одбележување на 24-ти Мај –Денот на словенските просветители

23.05.2016

* Забава за одбележување на крајот на учебната година

10.06.2016

Одговрни наставници:

Олгa Добревска

ТањаГигова

Годишен извештај за работата на Ученичката заедница во учебната 2015-2016 година

Во текот учебната 2015/2016 година, Ученичката заедница активно работеше и нејзините активности беа од големо значење за воспитно-образовниот процес кај учениците. Активностите на УЗ се реализираа според годишниот план и програма. Состаноците на УЗ се одржуваa еднаш месечно и на тие состаноци се разгледуваа прашања во врска со успехот и поведението на учениците, прашања поврзани со воспитно-образовниот процес, културно-забавниот живот, естетскиот изглед и хигиенските навики во училиштето итн. Помеѓу учениците, наставниците, директорот и стручната служба во текот на целата учебна година постоеше голема соработка и комуникација, кои истовремено даваа и голема помош и поддршка на работата на Ученичката заедница на училиштето. На состаноците на Ученичката заедница во текот на целата учебна година се одржаа следните состаноци:

1.  Како се гради Ученичката заедница (формирање и функционирање на УЗ – ПМИО).

На учениците им беше се објаснето што е тоа Ученичка зедница, како се формира, а воедно беше разговарано и за начинот на кој функционира УЗ. Беше презентирана годишната програма, активностите и работилниците кои треба да се реализираат во текот на учебната година.

2. Потребата од формирањето на ученичките тела, информации за книжевната манифестација,,Есен во Гази Баба,, , информирање за активностите по повод патрониот празник на училиштето.

На учениците им се објасни потребата и важноста за формирање на ученички тела, така што беше истакнато на кој начин се споведува процедурата за избор на претседател и заменик преседател на паралелката, како и критериумите кои учениците треба да ги задоволуваат како и нивните обврски и задачи во текот на учебната година.

Беше презентирана презентација преку која на учениците им се објасни подетално за тоа што се тоа ученички тела, кои се тие и кои се нивните задачи и обврски. Беше разговарано за начинот на кој се избира претседателството на УЗ и нивниот претседавач.

Исто така учениците беа информирани за Конкурсот за основни училишта на тема,,Есеј во есен,,. по повод 3 Ноември - Денот на општината, на кој општината Гази Баба се појавува како генерален покровител во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Беше објаснето и самото учество на литературната манифестација,,Есен во Гази Баба,, за најдобрите учесници и нивно учество на поетскиот фестивал,,Детски лирски треперења,,.

Учениците исто така беа информирани и за Конкурсот за прослава на патрониот празник по мотото: Празнуваме со родината и училиштето. Беше истакнато дека на овој конкурс може да учествуваат сите ученици со: литературни творби, изразно читање, историско истражување, ликовни творби, детски изработки, свирење на инструменти и убаво пеење и спортски натпревари.

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11