Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
- Усвојување на Годишната програма за изведување екскурзии;
-Разгледани се и усвоени извештаите од изведените екскурзии;
-Разгледуваше извештаи за успехот и поведението на учениците на секој
класификационен период и изречените педагошки мерки
- Споредбена анализа за успехот на учениците по наставни предмети, по паралелки и по пол на крајот за трите последни учебни години
-Презентација на тема “Идентификација на надарени деца“ од страна на психологот на училиштето;
-Презентација на тема “Тимови и тимска и работа“-од страна на педагогот на училиштето
-Презентација на тема:„Следење на трендот на постигањата на завршниот успех кај учениците при премин од одделенска во предметна настава“- педагог/психолог
-Стручно предавање на тема:„ Инклузија на учениците со нарушување од аутистичниот спектар“-дефектолог
-Беше разгледана анализата и извештајот од посетените часови и евалуацијата на дневните подготовки со констатации и дадени насоки;
-Разгледан е извештајот за работата на директорот;
-Организација на воспитно-образовниот процес ( распределба на часови, одделенски раководства, организација на просторот во училиштето, распоред за дополнителна и додатна настава, дадени се мислења од менторите за наставниците –приправници кои го завршија приправничкиот стаж и назначени се ментори за работа со наставници-приправници );
-Информирање на наставниците со планираните активности во рамките на проектот “Меѓуетничка интеграција во образованието“ , можностите и процедурата за сертификација, како и со планираните и реализираните заеднички активности со партнер училиштето - ООУ “ 25 Мај“;
-Континуирано се информираше Наставничкиот совет за планираните и реализираните активности во рамките на проектот “ Еколошка едукација во македонскиот образовен систем“;
-Формирање на комисии ( за преглед на водење на педагошка евиденција и документација, комисија за екстерно и интерно тестирање, за изведување на екскурзии, за спроведување самоевалуација на работата на училиштето...);
-Се расправаше по презентираните анализи од посетата на часови и увид
во дневните планирања на наставниците
-Донесување одлука за учебници кои ќе се користат во учебната 2016/17год.
Одделенски совети
Во текот на учебната 2015/16 год. одделенските совети делуваа на следните подрачја:
-Изготвување програми согласно новите наставни планови и програми за
деветгодишно образование добиени од страна на МОН и БРО
(се разменуваа мислења за новите програми по математика, физика, биологија и хемија) од VII до IX одделение според Cambridge International Examinations програмата ;
-Избор на учебници според укажувањата на МОН
-Изготвување на програми за дополнителна и додатна настава;
-Изготвување на распоред за изведување на дополнителна и додатна
настава
-Уредување на просторот (училиници, кабинети, холови...)
-Реализација и анализа на наставните програми;
-Анализа на успехот, редовноста и поведението на учениците;
-Реализација на наставниот материјал;
-Надминување на проблемите на учениците со тешкотии во следењето на
наставата, како и дидактичко и методичко прилагодување на наставата за
учениците со посебни образовни потреби;
-Унапредување на соработката со родителите.
Стручни активи
Стручните активи (актив на одделенска настава, актив на хуманитарно-јазична група на предмети и актив на природно-математичата група на предмети) ги реализираа предвидените активности од програмите преку тимска работа и размена на стручни знаења и искуства со што влијаеа на подобрување на училишната клима и стручното усовршување на наставниците и како крајна цел на повисоките постигања на учениците. Тргнувајќи од приоритетот во годишната програма за работа на училиштето за подобрување на квалитетот на додатната настава, беа одржани нагледни часови, а наставниците во текот на годината редовно ги следеа постигањата на учениците што придонесе за поголема мотивираност на учениците за учество на натпревари.
Годишен извештај за реализирани активности на стручниот актив на одделенска настава за учебната 2015/2016г.
Во текот на учебната 2015/2016год. активот на одделенска настава одржа повеќе состаноци кои се записнички евидентирани. Според предвидената програма тековно се одржаа нагледни часови и стручни предавања, состаноци на кои беа проследени сите информации, новини, укажувања барања, напатствија, насоки од МОН, БРО...
-На ден 03.07.2015год. одржан е состанок на актив на одделенска настава со следниот ДНЕВЕН РЕД:
· Предлог приоритети кои би биле поставени како приоритетни цели за новата учебна 2015/2016 година
-На 18.08.2015 год. одржан е состанок на актив на одделенска настава со следниот ДНЕВЕН РЕД:
- Информации, задачи и напатствија за годишните програми за учебната 2015/2016 година Распоред за дежурства Тековни прашања
-На 27.10.2015 одржан е час на стручен актив во IV б одделение кој го реализираше наставникот Ана Ристовска
- - Обработка на лектирата „ Двојната Лота“ од Ерних Кестнер преку примена на техники на активна настава
-На 30.10.2015 год. одржан е состанок на актив на одделенска настава со следниот ДНЕВЕН РЕД:
- Информации за активностите за унапредување на интегрираното образование, предвидени со стратешкиот документ “Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем на Р. Македонија” Запознавање со процедурата за сертификација во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието Тековни прашања
-На 02.12.2015год. одржан е час на стручен актив во III а одделение кој го реализираше наставникот Анета Младеновска
- - Обработка на текст„ Последниот лист“ од Горјан Петрески преку примена на техники на активна настава
-На 08.01.2016 год. е одржано стучно предавање од педагогот на училиштето Биљана Василева на тема : „ Тимови и тимска работа “.
-На 24.02.2016год. одржан е час на стручен актив во III б одделение кој го реализираше наставникот Тања Гигова како додатна настава – по математика.
-На 29.03.2016год. е одржан час на стручен актив во IIа одделение кој го реализираше наставникот Благица Илијевска – „Национални детски музички фестивали“ – ПМИО
-На 06.04.2016год. е одржано стручно предавање од училишниот дефектолог – Билјана Теова на тема – „Инклузија на учениците со нарушување од аутистичниот спектар“.
-На 08.04.2016год. одржан е состанок на актив на одделенска настава со
Дневен ред:
-Избор на автори на учебници од прво до петто одделение за учебната 2016/2017год.
-На 25.05.2016год. е одржан час на стручен актив во IIв одделение кој го реализираше наставникот Јулијана Печевска – „Ритам и колорит –изработка на украсни предмети со користење на нефункционални предмети
На 21.06.2016год. одржан е состанок на актив на одделенска настава со
Дневен ред:
-Насоки за изготвување годишна програма
-Насоки за интерно-екстерно вреднување
-Распоред на училници во учебната 2016/2017год.
-Разно
Одговоренски наставник:
Розета Фиљкова
Годишен извештај за реализирани активности на стручниот актив на општествено-јазична група на предмети за учебната 2015/2016г.
Согласно програмата за работа на Активот на општествено-јазичната група на предмети донесена на состанокот кој се одржа на 27.06.2016година, овој актив ги реализирашеследниве активности:
1)На почетниот состанок ја разгледа и усвои предлог програмата за работа на стручниот актив за учебната 2015-2016година.
2) Се изврши распределба на задолженијата и активностите според предлог-програмата.
3)Беа посетени следниве отворени часови според утврдената распределба:
Содржина | Цели | Реализатор | Време на реализа-ција | Ресурси | Очекувани резултати |
Усвојување на програмата и поделба на задолженија за нејзина реализација | Членовите на стручниот актив | Подобрување на стручната усовршеност и стручните познавања на наставниците членови на активот | Август | Годишни програми, стручна литература, интернет | Надградување на свесност за значењето на стручните знаења и нивна практична примена |
Велика Британија-презентирање култоролошка содржина | Стекнување историско-географски информации за Обединетото кралство Велика Британија | Елизабета Ѓореска наставник по англиски јазик | септември | Интернет, флеш карти, постер | Стекнување односно збогатување на знаењата за историското минато и сегашност, како и географските обележја на Обединетото кралство Велика Британија |
Алтернативен ритам-орнамент | Со примена на современата техника грозд да се долови значењето на ликовните дела од македонскиот фолклор и да се поттикне негувањето на нашето културно наследство | Емилија Божиновска наставник по ликовна уметност | октомври | Ликовни материјали за изработка | Се почеста примена на современите техники во наставата и усвојување на техниката грозд |
Поим за наратор (раскажувач) | Проширување на знаењата за поимот наратор со користење на современи техники за работа | Олга Добревска наставник по македонски јазик | ноември | Стручна литература, ЛЦД проектор | Проширување на знаењата за наратор со почесто користење на новите техники во реализација на наставните содржини |
Тимови и тимска работа | Запознавање со принципите на тимска работа и улогите во тимот | Василевска Биљана педагог | Јануари | Стручна литература | Подобрување на училишната клима и квалитетот на воспитно образовниот процес преку примена на принципите на тимско работење |
Мултинационалнидржави и моделинасоживот | Развивањепочит и свестконкултуритесоприменанатехники | ТатјанаАрсовска | Март | Интернет | Развиенапочит и свестконсвојата и другитекултури |
Инклузија на учениците со пореметување од аутистичниот спектар | Запознавање со карактеристиките во развојот на децата со пореметување од аутистичниот спектар | Теовска Билјана дефектолог | Април | Стручна литература | Успешно спроведување на инклузивниот процес со цел поттикнување на социо-емоционалниот и личниот развој на децата со пореметување од аутистичен спектар |
*По реализацијата на секој од наведените часови беше развиена дискусија, врз основа на што беа донесени соодветни ставови и заклучоци.
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


