Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
“Штафетни игри“ и “Посета на планетариум - Вселена, Сончев систем, ѕвезди и соѕвездие“. Ученичката заедница одржа состанок за избор на претседателство согласно Прирачникот за демократско учество на учениците во училиштето. Членовите на тимот за училишна интеграција редовно присуствуваа на менторските средби во рамките на проектот и транспарентно ги информираа наставниците за новините кои треба да се имплементираат, со процедурата за сертификација а имаа можност да разменат искуства и споделат примери на добри практики во рамките на проектот. Оваа учебна година членовите на СИТ – от се стекнаа со сертификат за базична обука организирана за членови на тимот за училишна интеграција од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, а наставниците со сертификат за базична обука за меѓуетничка интеграција организирана на училишно ниво.
Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието во нашето училиште a согласно стратешкиот документ,,Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем на Република Македонија“ беа реализирани активности за унапредување на интегрираното образование: квиз,,Заедно учиме“ (за учениците од II до VII одд.) и дебата “Образованието – врата кон успехот” (за учениците од VIII и IXодд.). Во реализацијата на овие активности беа вклучени: училишниот тим за меѓуетничка интеграција во образованието, наставници и ученици од второ до седмо одделение од ООУ,,Стив Наумов“ и ООУ,,25 Мај“.
Целта на овие активности беше учениците да ги продлабочат своите компетенции кои им се потребни за живот во интегрирано мултиетничко општество, почитување на другите, зголемување на соработката помеѓу ученици од различни националности, прифаќање на разликите и право на еднаквост на сите.
Училиштето е дел од проектот на УСАИД “Со читање до лидерство” спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија во кој партиципираме уште од самиот почеток. Оваа учебна година стручните соработници вршеа проценка на јазичната и математичката писменост во почетните одделенија, преку задавање на ЕГРА и ЕГМА инструментите. Наставниците и родителите беа вклучени во работилници за изработка на сликовници, користење алатки за симнување дигитални содржини и работилници за креативни техники за подучување математика. Наставниците во рамките на Заедницата за учење континуирано ги надградуваа своите знаење и умеења преку споделување искуствата и примери на добра практика. Во рамки на компонентата Заедници за учење беше реализиран првиот мрежен настан помеѓу основните училишта кои беа вклучени во првата и втората фаза на овој проект. Мрежниот настан имаше цел споделување на искуствата, постигнувањата и предизвиците од работата на развојните активности на членовите на заедниците за учење. Активностите во рамките на проектот покрај тоа што влијаат на професионалниот развој на наставниците, придонесуваат и за подобрување на постигањата на учениците и унапредување на целокупниот воспитно образовен процес.
Проектот SEECEL - ISCED 1 продолжи со активностите преку соработка и посета на основното училиште “Браќа Бобетко” во Сисак – Хрватска. Училиштето “Браќа Бобетко” ја возврати посетата на нашето училиште со цел размена на искуства од реализираниот Проект „Претприемништво во одделенска настава“.
Во рамките на Проектот “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се реализираа следниве активности:
Како дел од проектот на Владата на РМ „Засади дрво-засади ја својата иднина“ се спроведе акција за засадување дрвја под мотото „Садница плус“.
Преку еко катчињата учениците континуирано беа информирани за сите тековни активности поврзани со проектот, а се спроведуваше и акцијата за собирање пластичен материјал во соработка со Пакомак. Училиштето е вклучено во проектот „Електронскиот отпад создава можности“ кој го реализира ЗГ Центар за климатски промени-Скопје под покровителство на Американската амбасада во Скопје. За таа цел во училиштето се постави контејнер за електричен отпад. Во текот на учебната година во училиштето се собра вкупно 1152 кг. Е - отпад со што нашето училиште освои второ место и се здоби со награда-мултифункционален печатач во вредност од 300 $.
Посетени обуки, семинари и работилници
-присуство на обука за одделенски наставници „ Читаме, учиме и се забавуваме“ во рамките на проектот „Со читање до лидерство“ во организација на УСАИД
-посета на семинар на Факултетот за физичка култура на тема:
„ Континуирано усовршување на наставници по физичко образование, основа за професионално напредување IV фаза“
-посета на обука за одделенски наставници „Креирање на дигитални содржини(приказни, анимации, огласни табли и стрипови)“ организирана до страна на УСАИД во рамките на проектот „Со читање до лидерство“
-посета на обука за одделенски наставници „Креирање на средина за учење за 21 век“ организирана до страна на УСАИД во рамките на проектот „Со читање до лидерство“
- посета на обука за одделенски наставници „ Математика +“организирана до страна на УСАИД во рамките на проектот „Со читање до лидерство
-посета на обука за „Примена и интерпретација на тестовите и скалите за препознавање и идентификација на надарените и талентираните ученици“ (педагог и психолог)
-присуство на обука на тема „Акционо истражување во воспитно-образовната практика“ (педагог)
- присуство на интерна обука на тема„Откривање и работа со надарените и талентирани ученици“(наставници, стручни соработници и директор)
- присуство на интерна обука на тема „Асертивната комуникација како фактор за подобрување на етосот на училиштето“(наставници, стручни соработници и директор)
-учество на семинар за наставници „Дислексија, пристап, форми и методи“
-посета на обука на тема „Улогата на стручните работници во менаџирањето со човечките ресурси во училиште“ (педагог и психолог)
-учество на меѓународна стручна конференција„ Наставник на иднината“
( директор)
- учество на меѓународна стручна конференција„Знаење без граници“
( директор)
-присуство на обука „ Практични пристапи во работата со ученици со АДХД и аутизам“ (дефектолог)
-учество на меѓународна стручна конференција „Современи трендови во дефектолошката теорија и пракса “ (дефектолог)
-учество на работилница на тема „Јакнење на мрежи и партнерства“ (дефектолог)
-посетен семинар од наставниците по математика и природни науки кои ќе
работат по наставните програми Cambridge International Examinations во VI
одд.
-учество на менторски средби во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
Споредба на средниот успех со предходните две учебни години
Учебна година | 2013/14год | 2014/15год. | 2015/16год. | 2007/2008год. | |
Успех | 4, 34 | 4,38 | 4.43 | 4,47 |
Следење на воспитно-образовната работа
1. Следење на реализацијата на наставните планови и програми
На почетокот на учебната година извршен е увид во годишните и
тематските планирања на наставниците;
Следена е реализацијата на наставните планови и програми преку посета
на наставни часови;
Вршена е анализа и изготвувани се извештаи по посетените часови, како
и евалуација на дневните подготовки на наставниците согласно
изготвените инструменти.
2.Примена на современи наставни методи и форми на работа
Посетени се отворени и нагледни наставни часови и водени се стручни
разговори и консултации со наставниците за наставните содржини од посетените часови, односно за користените методи, форми и стратегии и техники на учење и поучување. Посебно внимание се обрна на користењето Е-содржини во наставата, на методите на формативно оценување, рефлексијата на крајот на часот, користените инструменти за оценување на постигањата на учениците, како и на планирањето и задавањето домашни задачи за учениците.
3.Увид во работата на стручните активи
Извршен е увид во програмите на стручните активи, посетени се состаноци,
отворени и нагледни часови и разгледани изготвени стручни предавања. По завршување на истите се дискутираше, се даваа предлози и забелешки, како и насоки за унапредување на воспитно образовниот процес.
4.Увид во педагошката документација и евиденција
Редовно се прегледувани дневниците на паралелките и главните книги.
По извршените увиди од страна на комисијата и директорот, констатираната состојба се евидентира во однапред изготвени формулари. Преку водењето на педагошкиот картон од страна на стручните соработници е следена и другата педагошка евиденција и документација (годишни, тематски и дневни планирања, планирање и реализација на дополнителна, додатна н-ва, часовите на одделенската заедница, родителските средби, планирање и изготвување на тестови... )
Работа на стручни органи и тела во училиштето
Извештаите за работата на директорот, стручните соработници, Наставничкиот совет, одделенски совет, стручните активи, Советот на родители, Училишниот одбор, ученичките организации на училиштето и екскурзии покажуваат висок степен на реализација на предвидените содржини и активности од годишната програма за работа.
Годишен извештај за работата на директорот за учебната 2015/2016 година
Согласно Годишната програма за работа на училиштето и програмата за работа на директорот, од предвидените активности реализирани се следните :
I подрачје :Водство
- Изготвување на годишната програма за работа на училиштето
- Распределба на наставни предмети, претседатели на стручни комисии, одговорни наставници на ученички организации и други стручни подрачја
- Координирање при изготвување на распоред за часови, слободни ученички активности, додатна и дополнителна настава
- Изготвување на сопствена програма за работа
- Учевство во самоевалуацијата на училиштето
- Изработка на идејна скица на перспективна програма за развој на училиштето
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


