Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
* Беа потврдени веќе применуваните техники за унапредување на наставата и зголемување на интересот кај учениците за истиот, во согласност со програмите пропишани од страна на БРО и МОН на Р. Македонија.
* Беа успешно реализирани часовите од проектите, посебно од ПМИО
*Особено се стави акцент на подготвувањето на додатната настава и мотивирањето на учениците да учествуваат на натпревари
* Беа разгледани и одобрени потребните наставни средства и материјали за настава
Одговорен наставник: Анита Костадиновска
Годишен извештај за реализирани активности на стручниот актив наприродно-математичка група на предмети за учебната 2015/2016г.
Во измината година стручниот актив на природно-математичка група предмети работеше и одржуваше состаноци согласно годишната програма на стручните активи за учебната 2015/2016 година донесена на состанокот кој се одржа на 27.06.2016 година и овој актив ги реализираше следниве активности:
1. На почетниот состанок се разгледа и усвои предлог програмата за работа на стручниот актив за учебната 2015-2016 година.
2. Се изврши распределба на задолженијата и активностите според предлог - програмата.
3. Беа посетени следниве отворени часови според утврдената распределба:
датум | реализатор | содржина |
19.10.2015 | Даниела Моневска наставник по математика | Задачи со примена на Питагорова теорема – додатна настава |
12.11. 2015 | Елизабета Јовановска наставник по хемија | Изработка на модели на атоми и молекули со помош на компјутерска апликација Ghemikal – додатна настава |
22.02.2016 | Славица Стефановска наставник по биологија | Систем за излачување |
25.05 2016 | Милена Маневска наставник по географија | Поларни области-повторување |
4. По реализацијата на секој од наведените часови беше развиена дискусија, присутните разменуваа мислења, искажуваа свои ставови и донесуваа заклучоци.
5. Беа разгледувани и тековни прашања и задолженија произлезени од самиот процес на реализирање на наставата.
6. На сите активности присуствуваа сите членови на стручниот актив на природно - математичка група на предмети, како и стручните соработници, психолог, педагог и директорот на училишето.
Одговорен наставник:
Даниела Моневска
Совет на родители
Во текот на оваа учебна година Советот на родители редовно се состануваше, дискутираше и активно учествуваше во целокупниот живот и работа на училиштето.
Од предвидените активности во годишната програма се реализираа следните:
- Запознавање со годишната програма за работа на училиштето во учебната 2015/16г.
-Беше запознат со приоритетите од годишната програма за работа на училиштето за подобрување на квалитетот на додатната настава и примена на современи приоди во наставата (методи, форми и техники);
-Формираше комисии за учество во работата на училиштето;
- спроведе избор на нови членови на Советот на родители и нови членови на Училишниот одбор од редот на родителите
-активно учество во изготвување правилници
-преку свои претставници во училишниот одбор активно учествува во донесување одлуки
-тековно беше информиран со проектните активности и програмите кои се спроведуваа во училиштето
-Беше запознат со програмата за изведување екскурзии и извештаите од изведените екскурзии;
-Беше запознат со извештајот и анализата за успехот и поведението на учениците на крајот на секој класификационен период
-Учествуваше во спроведувањето на заедничките активности со партнер училиштето ООУ “25 Мај“ во рамките на проектот “Меѓуетничка интеграција во образованието“ , како и во спроведените активности во рамките на проектите „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, “Интеграција на еколошката едукција во македонскиот образовен систем“ и
„Претприемничко учење“.
-Присуствуваше на едукативно предавање организирано од страна на општината Гази Баба а во реализација на МВР на тема „Превенција од злоупотреба на дрога и други наркотични средства“
- Присуствуваше на едукативно предавање во организација на Црвениот Крст на Општина Гази Баба на тема „Ретки болести“
Извештај за работата на Училишниот одбор
Согласно законските права и обврски Училишниот одбор ги реализираше следните активности:
-Разгледување и усвојување на Годишната програма за работа на
училиштето;
-Давање мислење до Директорот на училиштето за прием на кандидати за
наставници, технички персонал и други дејности во училиштето ;
-Разгледување на изборот за закуп на кујна, фискултурна сала и училници;
-Донесување одлука за формирање комисија за екскурзии;
-Давање на одобрение за реализирање на екскурзии;
-Одлука за патни налози;
-Усвојување на Деловникот и Програмата за работа на Училишниот одбор;
-Формирање на пописна комисија и отпочнување на попис;
-Усвојување на извештајот на пописната комисија за 2015 година, отпис и
Расходување на амортизиран инвентар;
-Усвојување на планот за јавни набавки за 2016година;
-Усвојување на извештај и анализа на успехот и поведението на учениците во првото тромесечие од учебната 2015/16 година;
-Разгледување на барање за именување на членови на комисијата за самоевалуација на училиштето во период од мај 2014- мај 2016 година;
-Усвојување на извештајот за работата на директорот;
-Усвојување на извештајот за реализираните екскурзии;
-Усвојување на полугодишниот извештај за работата на училиштетo од учебната 2015-16 година;
-Донесување Одлуки за касов лимит и лимит за телефон;
-Донесување Одлука за патни трошоци за вработените;
-Донесување Одлука за семинари;
-Донесување Одлука за распишување на оглас за избор на директор;
-Донесување Одлука за прераспределба на ВД директор во одд. наставник;
-Формирање на комисија за преглед на документите поднесени од кандидатите за избор на директор;
-Интервју на кандидатите на објавениот јавен оглас за избор на директор;
-Избор на кандидат за директор на училиштето-предлог до градоначалникот на Општина „Гази Баба“-Скопје;
-Запознавање на членовите на Училишниот одбор со известувањето и решението од страна на градоначалникот на Општина „Гази Баба“-Скопје за именување на директор на училиштето;
-Донесување Одлука за усвојување на завршна сметка на училиштето за период од 01.01.2015 год. До 31.12.2015 год.
-Донесување Одлука за користење на автобуски карти за потребите на училиштето за 2016 година,
-Донесување Одлука за тековни трошоци во врска со посетата на гостите од Хрватска(проект-SEECEL);
-Донесување Одлука за одвојување на средства за репрезентација за вработените по повод празникот 8-ми Март;
-Донесување Одлука за хонорарно ангажирање на две лица (преку авторска агенција) за одржување на спортското игралиште и одвојување на финансиски средства за истите;
-Донесување Одлука за промена на планот за јавни набавки;
-Донесување Одлука за издавање простор под закуп.
Извештај од изведени екскурзии во учебната 2015/16год.
Извештај за реализирана еднодневна екскурзија во месноста Дељадровци
Време на реализација: 24-09-.2015 година
Место на одржување: Дељадровце - Скопје
Постигнати се следните:
Наставни теми: Фудбал, Ракомет, Природни одлики
Воспитно образовни цели:
-Развивање на правилно движење на телото
-Рекреациа и развивање на спортски дух
-Развивање на другарство и социјализација на ученицците
-Развивање на позитивен однос кон културните, историските и естетските
вредности
-Развивање на другарство и социјализација помеѓу учениците
-Развивање интерес за спортски активности, рекреација и создавање навики за здраво живеење
Задачи:
-Развивање интерес за природата. градење еколошки навики
-Развивање навики за здраво живеење. интерес за спортски активности, рекреација и мегусебно почитување
-Јакнење на социјализација и колективна заштита
-Развивање на чувство за одговорност, свесна дисциплина, меѓусебно почитување и добри меѓусебни односи
Реализирани активности
Присутни ученици: 600 (од II – VIII)
Носители на активностите: Оделенските раководители
Одговорен наставник:Трајковски Тоше
Начин на реализација:
-Локацијата е избрана според интересот на учениците и родителите
-Во организација и реализација на екскурзијата посредува избрана туристичка агенција
Финансирање:
-Трошоците на патувањето ги сносат родителите
Техничка организација:
-За патувањето беа обезбедени висококвалитетни, климатизирани и безбедни меѓуградски автобуси
Начин на вреднување и користење на резултатите:
-На сите локации се следеше работата, однесувањето и спортските активности кои ги реализираа учениците, а по вракањето во училиштето за изведената екскурзија ке се превземат активности на редовните часови во вид на разговор и други форми како што се: есеи, писмени состави, описи или изработка на плакати за кои учениците ќе добијат усна повратна информација.
Одговорен наставник: Радулова Виолета
Извештај за реализираната тридневна екскурзија со ученици од деветто одделение
Време на реализација: 7, 8 и 9 октомври 2015 година
Место на одржување: Крушево, Битола, Ресен, Струга и Охрид
Наставни теми:
-Географски одлики на западна Македонија
-Културното и историското минато на нашата татковина
-Природни одлики и живиот свет во Охридското Езеро
Воспитно образовни цели:
-Непосредно нагледно запознавање на учениците со географските одлики
на Западна Македонија
-Непосредно нагледно запознавање на учениците со природните одлики на
Охридското Езеро
-Учениците непосредно да се запознаат со културното и историското
минато на својата татковина
-Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и
односите во општествениот живот
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


