Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
-Развивање на позитивен однос кон културните, историските и естетските
вредности
-Развивање на другарство и социјализација помеѓу учениците
Задачи:
-Да се развие позитивен однос кон националното богатство
-Да се развие позитивен однос кон животната средина и природните убавини во неа
-Јакнење на чувство за зачувување на националните богатства
-Развивање на чувство за одговорност, свесна дисциплина, меѓусебно почитување и добри меѓусебни односи
Присутни ученици: 48
Изведени тродневни активности:
Екскурзијата започна во раните утрински часови кога учениците беа земени од пред училиштето со патнички автобуси. Со кратки попатни одмори се пристигна во Крушево. Во овој град беше посетен музејот Спомен куќата на Тоше Проевски идол на младите генерации. По оваа посета патувањето продолжи во Битола. Беше посетен музејот посветен на Кемал Ататурк, па следеше прошетка по познатата битолска улица Широк сокак. Преку Ресен и грнчарската колонија, во попладневните часови учениците пристигнаа во Охрид во хотелот Монегрин ин каде следеше нивно сместување и вечера.
Вториот ден започна со посета на музејот на вода односно Наколната населба на Охридското Езеро која е една од најстарите од таков вид во Европа и датира од времето на мезолитот некаде од околу 5500 години пред нашата ера. По оваа посета учениците имаа прилика да ги посетат изворите на реката Црн Дрим и на манастирот Свети Наум. Учениците беа импресионирани и овие посети допринесоа за зацврстување на патриотските чуства и љубовта кон својата татковина. Во попладневните часови истиот ден беше посетен и Плаошник и Канео со што се заокружија планираните активности за овој ден.
Третиот ден беа посетени Вевчанските извори а по ручекот се тргна назад за Скопје, каде што се пристигна во попладневните часови.
За времетраење на екскурзијата не се случи ниту еден инцидент.
Начин на реализација:
Маршрутата на патување е Скопје – Охрид – Скопје и истата е одредена според интересот на учениците и родителите
Во организација и реализација на екскурзијата посредува избрана туристичка агенција
Финансирање:
Трошоците на патувањето ги сносат родителите
Техничка организација:
За патувањето беа обезбедени висококвалитетни, климатизирани и безбедни меѓуградски автобуси
Начин на вреднување и користење на резултатите:
Посетите на културно историските споменици кои ги остврија учениците ќе бидат искористени за проширување на знаењата на програмските содржини по предметите Историја, Географија и Нашата татковина преку различни форми (усни дискусии, писмени задачи, извештаи, есеи и др). Со ова сметам дека целите на екскурзијата во потполност се постигнати и истата ја сметам за успешно изведена.
Носители на активностите: Добревска Олга
Јовановска Елизабета
Арсова Татјана
Одговорен наставник: Арсова Татјана
Извештај за реализираната настава во природа во V (петто) одделение
Време на реализација: 09-13.05.2016 год. – Дојран
Во периодот од 09 до 13 мај 2016 год. за учениците од V (петто) одделение беше организирана и реализирана настава во природа.
Наставата во природа ја следеа вкупно 92 ученика од паралелките V-а, V-б, V-в, V-г и V-д, а истите беа под водство на одделенските наставнички Елизабета Каранфилова, Благица Илијевска, Анета Младеновска и Радица Стоилковска. Сместувањето и престојот беа во хотел „Полин“ во Дојран.
Од Скопје на 09.05.2016 (понеделник) тргнаа 2 автобуса, во кои беа распоредени учениците со своите одделенски наставнички, во предвиденото време – 07:30 часот. Попатно беа посетени опсерваторијата Кокино, Лесновскиот манастир, црквата „Св. Троица“ и Тутунскиот комбинат во Радовиш, Колешинските водопади во Струмица.
Пристигнавме во хотел „Полин“ во Дојран во вечерните часови и се сместивме. Во деновите што следеа беа реализирани низа наставни и воннаставни активности, предвидени според Програмата за настава во природа, а меѓу другото беа направени и факултативни излети до границата со Грција, археолошкиот локалитет Вардарски рид и градот Гевгелија. Враќањето во Скопје се одвиваше на 13.05.2016 (петок) со попатни посети на ТЕЦ Неготино и археолошкиот локалитет Стоби. Пристигнавме безбедно во попладневните часови.
Целите на наставата во природа беа учениците да се запознаат со природните карактеристики на својата татковина, растителниот и животинскиот свет, подалечното и поблиското минато на својот народ, развивање на другарство и социјализација, спортски дух и рекреација.
Наставата во природа и предвидените и реализирани активности поминаа во најдобар ред.
мај 2016, Скопје Одговорен наставник:
Елизабета Каранфилова
Извештај за реализираната еднодневна екскурзија во месноста Марков манастир
Време на реализација: 27.05.2016 година
Место на одржување: Марков манастир - Скопје
Постигнати се следните:
Наставни теми: Фудбал, Ракомет, Природни одлики
Воспитно образовни цели:
-Развивање на правилно движење на телото
-Рекреациа и развивање на спортски дух
-Развивање на другарство и социјализација на ученицците
-Развивање на позитивен однос кон културните, историските и естетските
вредности
-Развивање на другарство и социјализација помеѓу учениците
-Развивање интерес за спортски активности, рекреација и создавање навики за здраво живеење
Задачи:
-Развивање интерес за природата. градење еколошки навики
-Развивање навики за здраво живеење, интерес за спортски активности, рекреација и меѓусебно почитување
-Јакнење на социјализација и колективна заштита
-Развивање на чувство за одговорност, свесна дисциплина, меѓусебно почитување и добри меѓусебни односи
Реализирани активности
Присутни ученици: 700 (од I одд. до IX одд.)
Носители на активностите: Оделенските раководители
Начин на реализација:
-Локацијата е избрана според интересот на учениците и родителите
-Во организација и реализација на екскурзијата посредува избрана туристичка агенција
Финансирање:
-Трошоците на патувањето ги сносат родителите
Техничка организација:
-За патувањето беа обезбедени висококвалитетни, климатизирани и безбедни меѓуградски автобуси
Начин на вреднување и користење на резултатите:
-На сите локации се следеше работата, однесувањето и спортските активности кои ги реализираа учениците, а по вракањето во училиштето за изведената екскурзија ке се превземат активности на редовните часови во вид на разговор и други форми како што се: есеи, писмени состави, описи или изработка на плакати за кои учениците ќе добијат усна повратна информација.
Одговорен наставник:Трајковски Тоше
Годишен извештај за работата на Детска организација во учебната 2015-2016 година
Според наставниот план и програма и предвидените активности за учебната 2015-2016 година, во рамките на Детската организација во нашето училиште беа реализирани следните активности :
Содржина | Цел | Датум |
Свечен прием на првачиња | Срдечен прием на првачињата во нивниот втор дом | 01.09.2015 |
Денот на независноста - 8 Септември | Развивање на патриотски чувства кај учениците кон својата татковина | 07.09.2015 |
Свечен прием на првачињата во Детската организација | Добредојде на најмладите членови и нивно запознавање со целите на Детската организација | 09.10.2015 |
Денот на народното востание - 11 Октомври | Градење почит и благодарност кон нашите борци и македонската држава | 09.10.2015 |
Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври | Запознавање со жртвувањето на македонските револуционери и нивната национална мисла | 22.10.2015 |
Патронен празник на училиштето | Искажување почит кон ликот и делото на нашиот патрон Стив Наумов | 22.10.2015 |
Ден на ослободување на градот Скопје - 13 Ноември | Нашиот колективен дом Скопје, да ја проследиме неговата историја | 13.11.2015 |
Детски фестивал „Златно славејче “ | Да ја продолжиме традицијата во следењето на ова музичко обележје на нашиот град | 19.11.2015 |
Предновогодишна забава | Рекреација и забава за учениците, поттикнување на весело расположение | 30.12.2015 |
Украсување на училиштето со уметнички цртежи, хамери и изработки од училишните секции | Да се развијат креативноста и уметничкиот порив кај учениците, да се разубави училишниот ентериер | 25.01.2016 |
Одбележување на денот на жената - 8 Март | Да се спознае еднаквоста на жената со мажот и изразување почит кон жената | 08.03.2016 |
Ден на екологијата | Заштита на природата за подобро здравје | 21.03.2016 |
Одбележување на денот на пролетта | Чување и збогатување на зеленилото во училишниот двор и хигиена на истото | 21.03.2016 |
Априлијада – ден на шегата ( маскембал ) | Да се развие чувството за хумор | 01.04.2016 |
Децата во сообраќајот | Да научиме како да се однесуваме во сообраќајот | 13.04.2016 |
Уредување на училишниот двор, работни акции | Учество во работни акции и подигнување на еколошката свест кај учениците | 29.04.2016 |
Одбележан денот за Гоце Делчев | Стекнување навики кај учениците за почитување на македонските револуционери | 04.05.2016 |
Заштита и безбедност при повреда на работа | Да научиме како најдобро да се заштитиме од повреда кога нешто работиме | 05.05.2016 |
Приредба по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители | Да ги осознаеме величината и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј | 23.05.2016 |
Самоевалуација | Споредба на постигнатите со поставените цели | 09.06.2016 |
Одговорни наставници:
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


