Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто

  • 30% recurring commission
  • Выплаты в USDT
  • Вывод каждую неделю
  • Комиссия до 5 лет за каждого referral

Годишен извештај за работата на ООУ “Стив Наумов“-Скопје

Годишен извештај

за работата на

ООУ “Стив Наумов“-Скопје

Учебна 2015/2016 год

Вовед

Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2015/2016 год. е усвоена на 26.08.2015год. согласно законските одредби. Годишните перспективни и тематските процесни планирања наставниците ги изработија и предадоа навреме, дневните подготовки ги изготвуваа редовно и според дадените упатства од советниците на БРО.

Учебната 2015/2016год. започна навреме, односно на 01.09. 2015 год. со свечениот прием на првачињата, а заврши на 10.06.2016 год. согласно календарот за организација на работата во учебната 2015/16 год.

Денот на училиштето беше свечено одбележан на 22.10.2015год. со организирана приредба во која активно учество земаа учениците, наставниците во соработка со стручните соработници и родителите. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Тони Трајковски, претставници од локалната самоуправа и пошироката локална заедница.

Во првото полугодие се реализирани 82 работни денови, а во второто 99 денови, односно вкупно 181 работни денови.

Годишната програма целосно е реализирана согласно законските одредби.

Со цел понатамошно подобрување на материјално-техничката екипираност

на училиштето и негова афирмација интензивирана е соработката со МОН

на РМ, БРО, ПЕ на МОН, Општина Гази Баба, со други училишта,

институции од интерес за дејноста, медиуми и фирми од непосредната

околина.

Во текот на годината одржувана е училишната зграда, извршена е реконструкција на дел од кровната конструкција, поставена е енергетски ефикасна фасада на дел од училишната зграда, а преостанатиот дел е обоен со фасадна боја.. Извршена е замена на дотраените сјалици со лед сјалици. Целосно е реконструирано фудбалското игралиште во дворот на училиштето и на истото е поставена вештачка трева и спортски реквизити, извршена е замена на паркетот во фискултурната сала и набавена е спортска опрема за наставниците по физичко образование. Старото ѕвонче е заменето со електронско, осигурани се прозорските стакла и компјутерите, поставени се безбедносни камери на дел од училишниот двор и истиот континуирано хортикултурно се уредува.

НЕ нашли? Не то? Что вы ищете?

Зголемен е библиотечниот фонд со лектирни изданија и стручна литература за наставниците, набавени се прирачници за наставните предмети кои се изучуваат по програмата Cambridge, како и придружни нагледни средства и манипулатива за потребите во наставата и воведен е електронски систем на водење на библиотеката.

Видно е зголемена соработката со Локалната самоуправа, Советот на родители и Училишниот одбор.

Во периодот од 11 до 14 Мај тим од државни просветни инспектори изврши интегрален увид во целокупната работа на училиштето, а во повеќе наврати беше направен увид во работењето на училиштето од страна на одговорните инспектори при МОН и советници од БРО, кои констатираа доследност во реализирањето на наставните програми и извршувањето на законските одредби на ниво на сите сегменти на работењето на училиштето.

Освоени награди на натпревари

Учениците од нашето училиште учествуваа на голем број натпревари кои беа организирани на општинско, регионално и државно ниво. За освоените награди директорот на училиштето на учениците свечено им додели признанија и награди(книги).

Име и презиме на ученикот

Наставен предмет

Ментор

Освоена награда на :

општински

регионален

државен

Државна олимпијада

Никола Јорданов VII в

Математика

Даниела Моневска

Трето место

Второ место

Трето место

Бронзен медал

Никола Јорданов VII в

Биологија

Славица Стефановска

Трето место

Јана Палиќ VII

Трето место

Трето место

Прво место

Јана Пејковиќ VII

Природни науки

Елизабета Јовановска

Прво место

Никола Радески VIII г

Математика

Менка Крстева

Прво место

Никола Радески VIII г

Физика

Билјана Ристовска

Трето место

Христијан Настовски VII

Математика

Менка Крстева

Прво место

Второ место

Кирил Шотаровски VIII

Физика

Билјана Ристовска

Трето место

Александра Брашнарска VIII

Биологија

Славица Стефановска

Второ место

Второ место

Бојана Андоновска VIII

Биологија

Славица Стефановска

Второ место

Второ место

Марија Димитровска VIII

Биологија

Славица Стефановска

Трето место

Трето место

Ева Трајковска IX

Биологија

Славица Стефановска

Трето место

Трето место

Стефанија Цековска VII

Биологија

Славица Стефановска

Второ место

Тамара Димитриевска VIII

Биологија

Славица Стефановска

Второ место

Ивана Гроздановска VIII

Биологија

Славица Стефановска

Трето место

Елена ТеовскаVI

Природни науки

Елизабета Јовановска

Трето место

Јана Пејковиќ VI

Природни науки

Елизабета Јовановска

Трето место

Деспина Тоневска VI

Природни науки

Елизабета Јовановска

Трето место

Невена НиколовскаVI

Природни науки

Елизабета Јовановска

Второ место

Марија Петковска Vа

Математика

Снежана Христовска

Прво место

Второ место

Михаил Јорданов VIа

Математика

Тања Бајрактарова

Второ место

Второ место

Михаил Петров IVа

Математика

Натали Вивкова

Второ место

Јаков Филиповски

Математика

Даниела Моневска

Трето место

Марија Гечева VIII

Хемија

Елизабета Јовановска

Второ место

Тамара Димитриевска VIII

Хемија

Елизабета Јовановска

Трето место

Екипно

Прва помош и заштита

Милена Маневска

Второ место - општински

Екипно

Ракомет девојчиња

Виолета Радулова

Прво место

Екипно

Штафетно трчање

Виолета Радулова

Второ место

Трчање-600м/машки

Виолета Радулова

Второ место

Трчање-300м/девојчиња

Виолета Радулова

Второ место

Трчање-60м/девојчиња

Виолета Радулова

Трето место

Харис Тефиловиќ

Пинг-понг

Петар Танев

Прво место

Михаил Јорданов VIб

Шах-предметна

Виолета Радулова

Прво место

Андреј Вељановски VIв

Шах-предметна

Виолета Радулова

Втора место

Ѓорѓи Цветковски II

Шах-одделенска

Прво место

Стефан Ќосев IV

Шах-одделенска

Второ место

Екипно

Ракомет-девојчиња

Виолета Радулова

Прво место

Екипно

Ракомет-девојчиња

Виолета Радулова

Прво место-регионален

Проекти кои се реализирани во училиштето

Во оваа учебна година во училиштето се спроведуваа следниве проекти и програмски активности:

Училиштето во рамките на Проектот за “Меѓуетничка интеграција во образованието“ континуирано ги реализираше активностите прeдвидени со програмата. Во рамките на редовните часови и часовите на одделенската заедница, наставниците одржаа часови и работилници со содржини преку кои учениците се запознаа со културата и традициите на другите етнички заедници и се придонесе за развивање мултикултурен сензибилитет кај учениците. Се организираа заеднички активности со партнер училиштето ОУ” 25 Мај” – Скопје, меѓу кои се:

Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11