Партнерка на США и Канаду по недвижимости, выплаты в крипто
- 30% recurring commission
- Выплаты в USDT
- Вывод каждую неделю
- Комиссия до 5 лет за каждого referral
Годишен извештај за работата на дефектологот во учебната 2015/2016год.
Согласно Годишната програма за работа на училиштето и програмата за работа на дефектологот, од предвидените содржини и активности за овој период реализирани се следните:
1.Планирање и програмирање на воспитно-образовната работа
- учество во изготвување на годишната програма за работа на училиштето во учебната 2015-16 г.
- изготвување на сопствена годишна програма
- изготвување на месечни оперативни програми за работа со конкретизирани активности
-консултации и поддршка на наставниците при планирањето на наставните содржини за учениците со посебни образовни потреби (ПОП)
2.Следење и унапредување на воспитно-образовната работа со учениците со ПОП
-утврдување на видот и степенот на дополнителна поддршка за учениците со ПОП
-утврдување на степенот на интегрираност на учениците со ПОП
-утврдување на дидактичката подготвеност на наставникот за работа со ученици со ПОП
-стручна помош на наставниците при изготвувањето на индивидуалните образовни планови за учениците со ПОП и конкретизирање на наставните содржини
-посета на часови во паралелките каде има ученици со ПОП
-учество при организацијата и спроведувањето на екстерното тестирање на знаењата на ученците како член на комисија за екстерно тестирање
-учество во комисијата за запишување на нови ученици и нивно распоредување во паралелки, изготвување извештаи и табели за запишаните деца во прво одд.
-учество во спроведување на одредени активности во самоевалуацијата на училиштето
3.Советодавнo-консултативна работа со учениците со посебни образовни потреби, наставниците и родителите
-индивидуална работа со учениците со ПОП-класичен дефектолошки третман
-дефектолошка ре-проценка на учениците со ПОП
-изготвување на индивидуални образовни планови(годишни и тематски)
-изготвување на насоки за реализирање на одредени наставни содржини од соодветни наставни предмети
-директна помош и поддршка на учениците со ПОП во текот на наставниот час
-придружба на учениците со ПОП при екстерното тестирање
-советодавно-консултативна работа со наставници (континуирана поддршка и следење при примена на изготвените насоки и индивидуалните образовни планови и следење на постигнатиот успех на учениците со ПОП)
-советодавно-консултативна работа со родители(давање стручни совети и насоки за работа во домашни услови и насоки за работа во текот на зимскиот и летниот распуст)
4. Соработка со стручни органи, локална заедница и стручно усовршување
-одржана презентација пред стручните активи на тема:„Инклузија на учениците со нарушување од аутистичниот спектар“
-посета на обука на тема:„Практични пристапи во работата со деца со АДХД и аутизам“
-учество на меѓународна стручно-научна конференција „Современи трендови во дефектолошката теорија и пракса“
-посета на обука на тема„Асертивната комуникација како фактор за подобрување на етосот на училиштата“
-посета на обука на тема:„Отрктивање и работа со надарените и талентирани ученици“
-учество на базична обука за меѓуетничка интеграција во образованието“
-завршена курсна настава за прва помош на работното место при Црвен Крст на град Скопје
-учество во работилница на тема:„Јакнење на мрежи и партнерства“
-присуство на едукативна работилница во рамките на проектот„ Без вина и срам! Побарај помош, пријави сексуално насилство“ во општина Гази Баба (17.12.2015г)
-редовно присуство на работните средби во Советодавниот центар за деца и родители на општина Гази Баба
-соработка со Заводот за ментално здравје”Младост” - испраќање на службени барања за мислење од стручниот тим на Заводот за ментално здравје
5.Грижа за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства
-евидентирање на учениците од социјално загрозени семејства, учениците-штитеници на СОС детското село и учениците од семејства под социјален ризик(вклучено е целото семејство на еден ученик во Проектот за превенција на Советодавниот Центар за родители и деца кој нуди финансиска и советодавна помош)
-континуирана поддршка и следење на емоционалната состојба на учениците од социјалната група
-следење на успехот на учениците од социјално загрозените групи( за прво тримесечие и прво полугодие, трето тримесечие и крај на учебна година)
6. Педагошка евиденција и документација
-редовно водење на сопствена евиденција и документација (хронолошки дневник за работа, изготвување оперативни програми за работа)
-водење на портфолио за учениците со ПОП
- евиденција од дефектолошко-инструктивна и советодавна работата со наставници, родители и ученици, соработка со локална средина
-изготвување на полугодишен и годишен извештај за сопствената работа
дефектолог: Билјана Теовска
Извештај за работата на стручниот соработник – библиотекар – медијатор за учебната 2015-2016г.
Според предвидената програма за работа на библиотекарот за учебната 2015-2016 год. во текот на месец август и септември беа примени и евидентирани нарачани учебници за сите ученици од Ι до ΙX одделение и дел во текот на целата учебна год. (последни примени во месец април) и се евидентирани во обрасци листи на примени и вратени учебници (образец 2 за вратени учебници од учебна 2015/2016год. и образец 1 за примени учебници за учебна 2016-2017 год.
· Во септември беше формирана и библиотекарската секција која според подготвената програма успешно ги реализираше предвидените задачи во континуитет преку целата учебна година (запишување, евидентирање во тетратка на донации, компјутерско евидентирање, печатирање, лепење, редење по сталажи по азбучен ред, средување и подредување, , средби со автори...)
· Во текот на септември и октомври интензивно се спремаше и координираше програмата за прослава на патронатот на училиштето...
· Во текот на целата учебна година учениците и наставниците се зачленуваа во училишната библиотека се евидентираа со отварање и задавање на членски број на картон на читател и во текот на годината се снабдуваа ,услужуваа и позајмуваа со задолжителни лектирни изданија, слободна литература по сопствен избор, потребни списанија, публикации, видео и DVD CD проекции, музички касети, како и информации за најновите наслови на издавачките куќи, информации каде би можеле да се набават интернет адреси итн...
· Во текот на месец октомври по повод месец на книгата со ученици беа посетени салоните на „Мисла“„Матица Македонска“„Три“ и „Просветно Дело“ со кои се оствари непосредна средба и соработка.
· Во октомври со Ивона Стефановска ученичка од деветто одделение се учествуваше на градскиот натпревар во „Млади библиотекари“ во организација на Библиотекарското здружение “ кое се одржа во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје
· Училишниот библиотекар учествуваше и соработуваше на сите состаноци на актив на одделенска настава како и другите активи, на одделенските совети за одделенска настава, наставнички советии непосредно секој ден според постојните ситуации и потреби соработуваше со наставниците и другите стручни соработници во училиштето на кои состаноци даваше информации од новитетите на следењето на педагошко дидактичка литература како и на стручни предавања, средби на библиотекари преку „Друштво на библиотекари на РМ“
· Во текот на месец февруари по добиеното одобрение од МОН е целосно организирана претплатата, дистрибуцијата и наплатата на Детски списанија со книгоиздавателската куќа „ Просветно дело-Детска радост“ ..
· Во прво одделение „Росица “
· Во второ и трето одделение „Другарче“
· Во четврто и петто одделение„Развигор“
· За учениците од шесто, седмо, осмо и деветто одд. „Наш Свет“ кои редовно се примаа, поделуваа на читателите и во текот на целата учебна година се следеше одговорноста кон издавачката куќа во однос на редовност на плаќањето.
· Во текот на учебната 2015-2016 год. библиотекарот ги следеше конкурсите соработуваше со други библиотеки, друштва, организации и со детски ученички поетски, прозни и ликовни творби учествуваше на натпревари кои беа организирани во училиштето, на ниво на општина, град, како и на државни и меѓународни конкурси, а дел од нив беа пратени и објавени во детски списанија.
· Преку целата учебна година имаше остварено соработка со лекарите стоматолозите од амбулантата во „Автокоманда “за систематски прегледи, вакцинации, стручни предавања на едукативно превентивни теми од здравствена култура и работилници кои ги водеа лекари, стоматолози но и родители кои се вклучени со својата работа непосредно во таа област.
· На 06.05.2015 год. беше посетен Саемот на книгата.
Учениците и наставниците до крај на учебната година се снабдуваа со лектири, слободна литература и потребни прирачници за успешно планирање на работата за наредната учебна година.
· Во текот на месец април е направена нова нарачка за учебници кои ќе се користат во учебната 2016-2017 год, а по завршувањето на екстерното тестирање беа вратени и генерациски изротирани учебниците со што секој ученик беше снабден со комплет книги за наредната учебна година. Според евиденцијата која се води се наплатија изгубените учебници, а оштетените се бројчано евидентирани со цел да може да се изврши нарачка за обнова до МОН.
· При поделба на сведителствата на учениците кои континуирано покажуваат одличен успех и го завршуваат основното образование им беа доделени книги кои соодејствуваат на нивниот интерес и возраст. Библиотеката со книги ги награди и учениците и нивните ментори кои освоија награди на општински, државни и меѓународни натпревари и конкурси...
Библиотекар-медијатор:
Басотова Слободанка
Наставнички совет
Во текот на учебната 2015/16 год. се одржаа повеќе седници на кои се разгледуваа, усвојуваа и решаваа одредени аспекти од воспитно обрзовната работа:
- Разгледување и усвојување на Годишната програма за работата на училиштето за учебната 2015/2016 год.
-Избор на нови членови во Училишен Одбор
|
Из за большого объема этот материал размещен на нескольких страницах:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 |


